СТАТУТ
На Здружение на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по
дентална медицина
(Пречистен текст)
ЧЛЕН 1
(1) Здружението има Статут
(2) Со Статутот на здружението се уредуваат:
— Името и седиштето на здружението,
— Целите на здружението,
— Дејностите со кои се остваруваат целите,
— Начинот на зачленување, престанок на членување и исклучување од здружението,
— Правата, обврските и одговорноста на членовите,
— Видот на органите и нивниот состав, начинот на избор и разрешување, траење на
мандатот на членовите на органите и начинот на одлучување,
— Застапувањето по закон,
— Начинот на стекнување и располагање со средствата,
— Начинот на донесување на финансиски и други извештаи,
— Начинот на остварување на јавност и отчетност во работата,
— Начинот на донесување, изменување и дополнување на Статутот,
— Начинот на одлучување за статусни промени и престанок на здружението,
— Начинот на донесување на планови и програми,
— Постапување со средствата или со имотот во случај на престанок на здружението,
— Други прашања утврдени со Закон.
(3) Со Статутот на здружението може да се уредат и:
— Знакот и симболот на здружението,
— Внатрешните организациони форми ако ги има,
— Начинот на донесување на други акти,
— Судир на интереси,
— Начин на разрешување на спорни прашања и
— Други прашања од значење за работата на здружението.
ЧЛЕН 2
— Полното име на здружението е:
Здружение на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по
дентална медицина – Кавадарци
1
— Скратеното име на здружението е:
ЗПЗСУ ПДДМ – Кавадарци
— Седиштето на здружението е во Кавадарци на ул. Мито Хаџивасилев – Јасмин бр. 2
1/1.
— Седиштето може да се менува во зависност од постојаното место на живеење на
избраниот претседател на здружението.
ЧЛЕН 3
— Да ја унапредува стручната стоматолошка работа на своите членови,
— Да ги информира своите членови за сите новини во дијагностика и терапија
воведени во установите од членовите на здружението,
— Да презема мерки и активности за најповолен начин на набавка потребна опрема и
инструменти за своите членови,
— Мерки и активности за организирање на ефикасна сервисна поддршка на
стоматолошката опрема,
— Усогласување на работата на стоматолошките установи со стандарди и нормативни
прописи со закон за здравствена заштита и други прописи од областа на здравството,
— Информирање на Министерството за здравство и инспекциските органи за
практичните проблеми кои се јавуваат при спроведување на нормативите, стандарди и
прописи,
— Покренување на иницијативи до Министерството за здравство и други надлежни
органи, за промена на постојни одредби од Закони и други прописи,
— Согледување на здружените функционирања на приватните стоматолошки установи
во мрежата и надвор од мрежата и информирање на надлежните државни органи и на
стоматолошката Комора за своето согледување,
— Учество во изготвување на цени на стоматолошките услуги кои пациентите ги
плаќаат со лични средства, а кои не смеат да бидат пониски од цените кои ги
определило Собранието на стоматолошката Комора,
— Редовна комуникација и градење на став по постојниот модел на финансирање на
приватните стоматолошки установи и покренување на иницијатива за подобрување на
моделот за финансирање,
— Градење на ставови и предлози при изготвување на Договорите со Фондот за
здравствено осигурување,
— Редовно воспоставување редовна комуникација со инспекциските органи во
здравството, со цел давање предлози,
— Организациона функција над казнената,
— Едукација, Конгреси, Симпозиуми, Курсеви, Семинари, во функција на континуирана
стоматолошка едукација,
2
— Обезбедување на правна заштита на своите членови пред државните органи
судовите,
— Обезбедување на солидарна помош на своите членови во случај на масовни штети
по установите настанати од разни причини,
— Подеднакви услови при специјализација на докторите од приватните стоматолошки
установи со докторите од јавните здравствени установи,
— Вклучување на стручните ингеренции на ПЗСУ од примарна стоматолошка заштита и
на специјалист стоматолог.
ЧЛЕН 4
ДЕЈНОСТ СО КОЈА СЕ ОСТВАРУВААТ ЦЕЛИТЕ
— Стоматолошка дејност на примарно ниво преку матичните стоматолози во мрежа на
здравствени установи.
— Стоматолошка дејност од специјалистичка дејност во мрежата на здравствени
установи.
— Стоматолошка дејност на примарно ниво надвор од мрежата на здравствени
установи.
— Стоматолошка дејност од специјалистичка дејност надвор од мрежата на
здравствени установи.
ЧЛЕН 5
(1.) ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО
— Членувањето во здружението е доброволно.
— Членови на здружението можат да бидат сите приватни стоматолошки здравствени
установи во мрежата и надвор од мрежата и имаат издадено дозвола за работа од
Министерството за здравство, согласно член 95 од ЗЗЗ.
— Приватните стоматолошки здравствени установи членуваат во здружението како
правни лица.
Во органите на здружението делегатите своите претставници ги бираат по редот на
своите вработени.
— Застапниците на приватните здравствени стоматолошки установи кои се доктори по
дентална медицина и имаат валидна лиценца за работа, членуваат во здружението
како доктори по дентална медицина.
— Во здружението може да членува и секој доктор по дентална медицина кој има
важечка лиценца за работа, независно од тоа дали е вработен во установа или не.
3
— Членовите на здружението при зачленување потпишуваат пристапница. Формата и
содржината на пристапницата ја утврдува Собранието.
ЧЛЕН 6
(1.) ПРАВА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ
— Членовите на здружението имаат суверено право да ги користат придобивките од
остварување на целите на здружението.
— Имаат право и обврска да учествуваат во работата на органите и телата на
здружението, преку свои претставници.
— Имаат право да покренуваат иницијативи и предлози пред органите на здружението
и да бираат за истите да се расправа и да се градат ставови и да се донесуваат одлуки.
— Имаат право да предлагаат измени и дополнувања на Статутот и на другите акти на
здружението.
— Должни се да ги почитуваат актите на здружението како и одлуките, заклучоците и
ставовите што ги донесуваат органите на здружението.
— Имаат право да предлагаат кандидати за раководни функции на органите и телата
на здружението.
ЧЛЕН 7
(1.) РЕГИСТАР НА ЧЛЕНОВИ
— Здружението води регистар на членки и евиденција на членови на органите.
— Податоците од став (1) на овој член се архивираат најмалку еднаш на две години.
— Здружението ја гарантира приватноста на личните податоци на членките и нивните
претставници.
— Податоците од став (1) на овој член се заштитени со прописите за заштита на
личните податоци и класифицирани податоци.
ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
ЧЛЕН 8
(1.) Органи на здружението се:
4
— Собрание на здружението
— Управен одбор
— Надзорен одбор
СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
ЧЛЕН 9
— Собранието е највисок орган на управување на здружението.
— До 50 членови сите членови го сочинуваат Собранието на здружението.
— Над 50 членови Собранието го сочинуваат избрани претставници на членовите.
— Бројот на избрани претставници за состав на Собранието може да се менува зависно
од бројот на членовите со статутарна одлука на Собранието.
— При изборот на претставници во Собранието треба да се води сметка за етничката,
половата и територијалната застапеност.
НАДЛЕЖНОСТ НА СОБРАНИЕТО
ЧЛЕН 10
Собранието:
— Донесува Статут, програма и други акти.
— Усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештаи и го објавува на својата
веб страница.
— Доставува финансиски извештаи до надлежните органи на државната управа, до
органот на општината, општините во градот Скопје (освен во случаите кога користи
средства од Буџетот на Република Северна Македонија), односно буџетите на
единиците на локалната самоуправа.
— Одлучува за промена на целите на здружението.
— Одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на
здружението.
— Избира и разрешува членови на органите.
— Одлучува за статусни измени на здружението.
— Донесува годишна програма за работа.
— Врши и други работи во согласност со Статут и другите Акты на здружението.
РАБОТА НА СОБРАНИЕТО
ЧЛЕН 11
5
— Собранието работи на седници.
— Собранието по правило одржува седница најмалку еднаш годишно.
— Вонредна седница на Собранието може да се свика со писмено барање од една
третина на членовите на здружението.
— Вонредна седница се одржува најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесување
на барањето.
— Собранието одлучува и донесува со мнозинство на гласови од присутните
претставници, освен ако со Статутот е предвидено двотретинско мнозинство.
— Начинот на свикување, начинот на водење, текот на седниците и начинот на
донесување на одлуките поблиску се уредува со деловникот за работа на Собранието.
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО
ЧЛЕН 12
— Со работата на Собранието раководи претседателот на Собранието.
— Претседателот на Собранието се бира од редот на претставниците на Собранието на
членките на здружението.
— Гласањето за претседател по правило е јавно, освен ако Собранието не одлучи да
биде тајно.
— За претседател на Собранието е избран кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови
од присутните, а при тоа не смее да има помалку од една третина од вкупниот број на
застапници во Собранието.
— Мандатот на претседателот трае 4 години, и тој може повторно да биде избран на
истата функција.
— Претседателот може да биде разрешен или да му престане функцијата и пред
истекот на мандатот.
— Собранието избира и двајца заменици на претседателот.
— Точната постапка за кандидирање, утврдување, избор и разрешување на
претседателот и двајцата заменици се уредува со посебен акт.
Заменик на претседателот, се уредуваат со деловникот за работа на Собранието.
ПРАВО И ДОЛЖНОСТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
ЧЛЕН 13
— Ги свикува седниците на Собранието и раководи со работата на Собранието.
— Овозможува демократска расправа по секоја точка од дневниот ред, кој се усвојува
пред почетокот на седницата.
— Предлог одлуките, ставовите, заклучоците, констатациите, пред да ги стави на
гласање јасно ги дефинира и јавно го утврдува резултатот од гласањето.
— Се грижи за реализација на донесените одлуки од Собранието.
6
— Ги потпишува сите акти кои ги донесува Собранието.
— Презема активности и иницијативи и предлозите на членовите на здружението да
бидат предмет на расправа на Собранието.
— Предлага кандидат за претседател на Собранието.
— Предлага кандидати за членови на Управниот одбор.
— Одговара за законито трошење на средствата на здружението.
— Го претставува здружението пред државните органи, судовите и другите правни и
физички лица со кои здружението има некаков правен однос.
— Да потпишува завршна сметка на здружението.
— Се грижи за остварување на целите и програмата на здружението.
— Претседателот може да го сопре од извршување на било која одлука за која ќе
оцени дека е спротивна на Закон или други прописи и за тоа известува Собранието.
— Претседателот е по функција член на Управниот одбор.
— Во отсуство на претседателот сите овие функции ги врши еден од замениците кој
што ќе биде овластен од претседателот.
УПРАВЕН ОДБОР
ЧЛЕН 14
— Управниот одбор брои 5 – 11 членови, од кои тројца, односно претседателот и
двајцата заменици се по функција членови на Управниот одбор. Останатите членови ги
бира Собранието.
— Со Управниот одбор раководи и седниците ги свикува претседателот на Собранието,
а во негово отсуство еден од замениците на претседателот.
— Управниот одбор е извршен орган на Собранието и има обврска да ги подготвува
седниците на Собранието, да ги подготвува предлог одлуките што ги носи Собранието
и непосредно да ги извршува донесените одлуки.
— Управниот одбор е оперативен орган и под итно постапка ги разгледува и носи
одлуки за актуелните проблеми и проблеми кои не трпат време за свикување на
седница на Собранието.
— Ги предлага членовите на комисиите и стручните тела на Собранието.
— Предлага финансиски план на здружението на Собранието.
— Предлага завршна сметка на здружението.
— Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години, со можност пак да бидат
избрани.
— Со работата на Управниот одбор раководи претседателот на Собранието.
— Начинот на работа, начинот на донесување на одлуките, подетално се уредуваат со
Деловник за работа на Управниот одбор.
7
НАДЗОРЕН ОДБОР
ЧЛЕН 15
— Надзорниот одбор брои 3 членa и се бира од редот на претставниците на членките.
— Во Надзорниот одбор не можат да членуваат претседателот и замениците на
претседателот и членовите на Управниот одбор.
— Надзорниот одбор врши надзор над работата на органите, согласно со Статутот на
здружението.
— Надзор над финансиски – материјалното работење.
— За своите наоди и заклучоци го известува претседателот на Собранието и може да
побара отстранување на констатираните пропусти и недостатоци, а за спорни работи
може да бара одржување на расправа пред Собранието.
— Надзорниот одбор одлучува со мнозинство гласови од своите членови.
— Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години.
— Надзорниот одбор има претседател кој што од редот на членовите на Надзорниот
одбор го бира Собранието на здружението.
ЗАСТАПНИК НА ЗДРУЖЕНИЕТО
ЧЛЕН 16
— Здружението го застапува претседателот на здружението, за време за кое е избран
од страна на Собранието на здружението.
— Правата и обврските на застапникот на здружението ги врши согласно Закон, Статут
и другите акти на здружението.
ЧЛЕН 17
— Собранието на здружението може да формира одбори и комисии како свои
помошни тела кои ќе ја олеснат работата на Собранието. Статутот на Собранието не го
ограничува бројот на одборите и комисиите, со тоа што секој од нив се формира по
потреба од Статутот.
— Собранието може да формира и повремени комисии и работни групи за анализа
или повикување на одредени прашања за кои органите на здружението носат одлуки и
ставови.
КОМИСИИ НА СОБРАНИЕТО
8
ЧЛЕН 18
— Поради потреба некои прашања да бидат претходно проучени или анализирани или
се бара посебно познавање од одредена област, Собранието формира Комисии.
— Комисиите можат да бидат стални и повремени.
— Сталните комисии се регулираат со Статутот, а повремените за поединечни прашања
ги формира Собранието или Управниот одбор.
— Со завршување на работата за која е формирана, привремената комисија престанува
да постои со констатација на органот кој што ја донел.
КОМИСИЈА ЗА СТРУЧНИ ПРАШАЊА
ЧЛЕН 19
— Комисијата за стручни прашања ги проучува случаите со кои проблеми се соочуваат
членовите на здружението при извршување на приватната стоматолошка пракса.
— Ги следи иницијативите донесени од медицинската и терапевтската стоматолошка
наука и ги информира членовите на здружението.
— Организира стручни Конгреси, семинари, симпозиуми, курсеви и предавања.
— Обезбедува верзии на понови светски сознанија од областа на стоматологијата.
— Може да врши интерн стручен надзор над своите членови, при што за резултатите
од надзорот известува само установата врз која е вршен надзорот врз која е вршен
надзорот, со упатство за отстранување на недостатоците, без да се исклучуваат органи
или да се предлагаат било какви санкции.
— Внатрешниот надзор од страна на комисијата се врши по истите методи и
критериуми на надзорот од страна на Стоматолошката Комора или инспекциските
органи и претставува превентивен надзор пред органите на Министерството за
здравство и на стоматолошката Комора како и другите стручни органи.
— Здружението покренува иницијатива за усовршување на дијагностички и
терапевтски протоколи.
— Да организира стручни Конгреси, Семинари, Симпозиуми, Курсеви и предавања по
одредени региони со формирање организациони одбори.
— За членовите на стручната комисија се бираат стручни афирмирани и истакнати
доктори по дентална медицина, лично и доктори со научно-наставно звање.
— Членовите на стручната комисија не мора да бидат вработени во ПЗУ кои се членки
на здружението.
— Претседателот на членовите на стручната комисија ги избира Собранието на предлог
на претседателот на здружението и бројот 3 – 7 членa.
9
КОМИСИЈА ЗА ЕТИЧКО – ПРАВНИ ПРАШАЊА
ЧЛЕН 20
— Комисијата е составена од 3 – 5 членa.
— Надлежна е за етичко-правните прашања при работата на своите членови.
— За заклучоците и Одлуките кои ги носи Комисијата се информира Управниот одбор
на здружението.
— Со констатација утврдена или констатирани, Управниот одбор ја информира
надлежната стручна Комора.
— Претседателот и членовите на оваа комисија се избираат од редот на членовите на
здружението и ги бира Собранието на предлог на претседателот на здружението.
— Комисијата посредува за решавање на одредени спорови помеѓу своите членки.
— Комисијата посредува за решавање на одредени спорови помеѓу пациентите и
лекарите на членките на здружението.
— Комисијата постапува и се грижи за остварување на законитоста во работата на
своите членки и за спроведување на Одлуките на стоматолошката Комора, односно
нејзините органи.
— Комисијата преку правниот застапник на здружението обезбедува правна заштита и
застапување пред надлежните државни органи и инспекциски органи, како и пред
судовите и честа на стоматолошката Комора.
КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
ЧЛЕН 21
— Комисијата се грижи за обезбедување на средства за работа на здружението.
— Изработува нацрт финансиски план и го предлага на Управниот одбор.
— Изработува нацрт на завршна сметка и ја предлага на Управниот одбор.
— Комисијата за одредени прашања од финансиски прописи може да ангажира услуги
од одредени стручни лица или стручни бироа регистрирани за финансиски консалтинг.
— Комисијата брои 3 членa, а нивниот избор го прави Собранието. Собранието го бира
и претседателот на комисијата.
10
КОМИСИЈА ЗА СОРАБОТКА СО ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ, ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО,
СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА, МАКЕДОНСКОТО СТОМАТОЛОШКО ДРУШТВО И
ДРУГИТЕ СТРУЧНИ ЗДРУЖЕНИЈА.
ЧЛЕН 22
— Комисијата презема перманентни активности за блиска соработка помеѓу
здружението и Министерството за здравство во работи кои се од интерес на членките
на здружението, а во надлежност на Министерството.
— Комисијата воспоставува соработка со инспекциските служби и презема мерки за
превентивно дејствување со цел да бидат избегнати високи казни за одредени
неправилности предвидени со Закон.
— Комисијата соработува со Фондот за здравство во име на своите членки дава
предлози и поднесува иницијативи во врска со финансирањето на своите членки, како
и за перманентно усовршување на моделот на финансирање.
— Комисијата тесно соработува со Стоматолошката Комора и постојано ги известува
своите членки за Одлуките и заклучоците на органите на Комората.
— Комисијата блиско соработува со МСД и другите стручни здруженија и покренува
иницијативи за решавање на прашања кои се од заеднички интерес.
— Комисијата е составена од 3 члена, претседател на комисијата е претседателот на
здружението по функција, а членови се претседателот на стручната комисија и
претседателот на комисијата за етичко-правни прашања.
ЧЛЕН 23
КОМИСИЈА ЗА СТАТУТАРНИ ПРАШАЊА
— Покренува иницијативи и предлози за донесување, измени и дополнување на
Статутот и другите акти на здружението.
— Предлог на текстот кој го изготвува комисијата го доставува до Управниот одбор.
— Предлог на текстот на Статутот или неговите измени Управниот одбор најнапред го
утврдува како нацрт и го доставува до членките на здружението на јавна расправа. По
сумирањето на јавната расправа, забелешките и предлозите ги внесува и утврдува
предлог на Статут и го доставува до Собранието на усвојување.
— Статутот се смета за усвоен ако за предлогот гласале најмалку две третини од
членовите на Собранието.
— Статутарната комисија брои 3 члена и ја бира Собранието.
11
НАЧИН НА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЈАВНОСТ И ОТЧЕТНОСТ
ЧЛЕН 24
— Собранието се состанува најмалку еднаш годишно и поднесува извештај за работата
и работата на органите.
— Програмата за работа ја донесува Собранието по претходна расправа во членовите
на Собранието.
— Финансискиот план и финансиски извештај најнапред се разгледуваат и се бара
мислење од членките на здружението.
— Извршниот одбор ги информира редовно членките на здружението за одлуките и
другите акти кои ги донесува.
— На седниците на Собранието на здружението се покануваат и претставници на
Министерството, Стоматолошката Комора, стоматолошките факултети, Фондот за
здравство, МСД и други здруженија, како и средства за јавно информирање.
— Собранието може да формира и посебна комисија за односи со јавноста.
— Здружението може да издава и посебно гласило (информатор на здружението).
— Здружението може да има веб страна.
НАЧИН НА СТЕКНУВАЊЕ И РАСПОЛАГАЊЕ СО СРЕДСТВАТА
ЧЛЕН 25
(1.) Здружението стекнува средства за работа:
— Од членарина
— Донации и поклони
— Организација на симпозиуми, семинари и курсеви
— Реклами
(2.) Со средствата располагаат органите на здружението и се трошат согласно со
плановите за работа.
ВНАТРЕШНИ ОРГАНИЗАЦИОНИ ФОРМИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
ЧЛЕН 26
— Собранието на здружението може да одлучи за формирање на регионални клубови
на здружението.
12
— Во регионалните клубови може да се организираат најмалку 5 членови на
здружението од една општина или повеќе општини кои имаат еден регион кој граничи
определен со Собранието.
— Регионалните клубови имаат право да поднесуваат иницијативи и предлози до
Собранието и да иницираат прашања и проблеми кои ги согледуваат во својата работа.
— Стоматолозите имаат обврска активно да се борат и да пријавуваат нелегална
работа во стоматологијата.
— За организација на симпозиуми, семинари и курсеви формираат организациони
одбори за стручна работа.
— Регионалниот Одбор го сочинуваат членови на здружението од одреден регион и
тоа 10 членови избираат еден претседател, а над 10 членови секретаријат од 3 – 5
членови.
— Собранието на здружението може да го сопре организирањето на регионалните
клубови, но може да донесе Одлука за престанок со работа на регионалниот клуб ако
не ги почитува актите на здружението или предизвикува незаконити активности.
— Регионалните клубови може да имаат свои простории во кои одржуваат седници ако
има потреба за работа и со средствата кои сами ќе ги обезбедат располагаат самите.
— Финансиското работење на потсметката задолжително се внесува во завршната
сметка на здружението.
ПОСЕБНА СОРАБОТКА СО СТОМАТОЛОШКА КОМОРА
ЧЛЕН 27
— Со оглед на тоа дека сите доктори по дентална медицина вработени во членките на
здружението се и членови на стоматолошката комора, здружението воспоставува
посебна соработка со стоматолошката Комора, особено во делот на работите кои се од
јавни овластувања на Комората.
— Соработката се воспоставува преку советничките органи и комисии, а особено преку
соработка помеѓу претседателите на Комората и здружението и членовите на
советничките органи и комисии на Комората и здружението.
— Особено блиска соработка воспоставува стручната комисија на Комората и
Здружението заради што подетално се соработува на континуираната стоматолошка
едукација и на превентивните активности.
— Членките на здружението преку својата стручна комисија редовно соработуваат со
стручната комисија на стоматолошката Комора и се бараат информации за нештата што
13
треба да ги преземаат ПЗУ членки на здружението за стручниот надзор да биде со
позитивна оцена.
— Органите на здружението активно ќе работат за докторите кои се вработени во ПЗУ
доброволно да ги почитуваат актите на Комората и одлуките кои ги носат нејзините
органи.
— Органите на здружението активно ќе работат и ќе иницираат активности за
решавање на проблемите кои се јавуваат ПЗУ како правни лица и ќе предлагаат мерки
за нивно надминување.
— За работите од надлежност на Судот на честа во Комората, здружението соработува
преку етичко – правната комисија на здружението.
ПРАВЕН ЗАСТАПНИК НА ЗДРУЖЕНИЕТО
ЧЛЕН 28
— Здружението има свој правен застапник. Правниот застапник е лице адвокат или
адвокатско биро со кое здружението склучува Договор за застапување на своите
членови пред надлежните државни органи и Судовите.
ЧЛЕН 29
— Здружението има свое лого за кое одлучува Собранието на основачкото Собрание.
— Здружението има своја жиро сметка на која задолжително е потписник
претседателот на Собранието. Собранието може да определи и повеќе потписници на
сметката.
— Здружението има печат кој што е во округла форма а на средината е скратениот
назив на здружението, а на крајот на кругот испишано името на здружението,
здружение на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по
дентална медицина.
СУКОБ НА ИНТЕРЕСИ
(ЧЛЕН 30)
— Во здружението се избегнува судир на интереси со тоа што ни една финансиска
трансакција со пари на здружението не може да се направи со правни лица кои се
основачи на здружението или нивни роднини од прв ред, без да се има повеќе од две
понуди и да се бара мислење.
14
НАЧИН НА РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОРНИ ПРАШАЊА
(ЧЛЕН 31)
— Евентуални спорни прашања помеѓу членките на здружението се решаваат
договорно со посредување на Комисијата за етика и правни прашања.
— Во решавањето на стручните прашања може да се ангажира и правниот застапник
на здружението.
— Здружението до максимум се ангажира да не дојде до судски постапки помеѓу
неговите членови, а доколку дојде до таков случај тогаш органите на здружението
заземаат неутрална позиција и не се впуштаат во судската процедура.
ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО
ЧЛЕН 32
(1) Собранието на здружението може да исклучи од членство одреден член ако:
— Не плаќа членарина повеќе од 12 месеци.
— Не учествува во работата на Собранието повеќе од три седници на Собранието.
— Не го почитува Статутот на Здружението.
— Работи спротивно на начелните цели и донесените Одлуки на Органите на
здружението.
ПРЕСТАНУВАЊЕ СО РАБОТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО
ЧЛЕН 33
— Здружението се формира за неопределено време.
— Здружението може да престане со работа со Одлука на Собранието, ако за одлуката
гласале две третини од претставниците на членовите.
— Здружението може да престане со работа ако против него биде спроведена стечајна
постапка.
— Ако со Закон, Судот ја забрани неговата работа поради активности кои не се
дозволени за здружението.
РАСПОЛАГАЊЕ СО СРЕДСТВАТА ВО СЛУЧАЈ НА ПРЕСТАНОК СО РАБОТА
15
ЧЛЕН 34
— Во случај на престанок со работа средствата кои ќе бидат затекнати на сметката на
здружението да бидат пренесени во фондот за здравство и да бидат наменети и
употребени во буџетот за националната програма за превенција на кариесот кај
децата.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
ЧЛЕН 35
— Статутот и другите Акти на здружението почнуваат да имаат правно дејство после
регистрација на здружението.
— Жиро сметката на здружението ќе биде отворена во Банка за која ќе одлучи
Управниот Одбор на здружението.
— Под сметките на Регионалните клубови мора да бидат отворени во истата Банка,
односно нејзините експозитури.
— Статутот и другите Акти на здружението се менуваат по иста постапка како при
донесување.
— Се што не е регулирано во овој Статут, а е битно за работата на здружението, важат
одредбите од Законот за здруженија и фондации, Законот за здравство и Законот за
установи.
11.05.2019
Кавадарци
Пресуда УЖ-1 бр. 34/2024 на Вишиот Управен суд
Во името на граѓаните на Република Северна Македонија, Вишиот управен суд донесе пресуда која ја преиначува одлуката на Управниот суд во случајот на Милан Камчев, тужителот од село Б. Пресудата се однесува на изборот на Претседател на Стоматолошка комора на Македонија, кој е оспорен поради повреди на процедурите и неправилна