«У-4».бр.«306»/«2025»
ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: М-р.Снежана
Трповска – претседател на советот, Лулзим Салиу и Благородна
Аранѓелова – членови на советот, со записничарот
М. Г. – судски
соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот Д.Б. од П., поднесена
против Одлуката за верификација на мандати на избрани делегати во
Собрание на Комората бр.02-533/9 од 29.05.2023 година на . комора на
М., вредност на спорот 30.000,00 денари, основ – други основи од управно
право – статусен, на нејавна седницата на советот одржана на ден
03.09.2025 година, согласно член 60 став 3 в.в. со член 38 ст.1 т.4 и т.4 од
Законот за управните спорови, донесе:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот Д.Б. од П., СЕ УВАЖУВА.
Одлуката за верификација на мандати на избрани делегати во
Собрание на Комората, бр. 02-533/9 од 29.05.2023 година, на тужениот
орган . комора на М., СЕ ПОНИШТУВА.
Се задолжува тужениот орган .Комора на М. на тужителот Д.Б. од П.
да му ги надомести процесните трошоци сторени во текот на управно
судската постапка во вкупен износ од 8.280,00 денари +18% ДДВ во рок од
15 дена по правосилноста на одлуката.
Барањето на заинтересираните лица М. П. од Н., В. П. од К., Ќ. Ф.
од Т., М. Д. од К., A. А. од К., Г. К. од К. П., С. С. од К., А. О.од С., З. Н.од С.
Н., Б. С. од Р., К. Г. од Г.,Т. Н.од В., преку полномошникот Адвокатско
друштво Р. и В. од С., тужениот орган . комора на М., да им ги надомести
трошоците сторени во управно – судската постапка во вкупен износ од
97.850,00 денари, во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата, СЕ
ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.
О б р а з л о ж е н и е
Со оспорената Одлуката за верификација на мандати на избрани
делегати во Собрание на Комората бр.02-533/9 од 29.05.2023 година на
предлог на . комисија е извршена верификацијата на мандатите на сите
51 член на Собранието на Комората во целост истите наведени во
одлуката.
Тужителот Д.Б. од П. на ден 13.06.2023 година година до Управниот
Суд поднела тужба за поништување на Одлуката за верификација на
мандати на избрани делегати во Собрание на Комората, бр. 02-533/9 од
29.05.2023 година во целост согласно член 3 став 4 и 5 и член 26 од Закон
2
«У-4».бр.«306»/«2025»
за управни спорови и поради погрешна примена на материјалното право,
поради непостапување според правилата на постапката и поради
погрешна и нецелосно утврдена фактичка состојба во постапката која му
претходела на актот.
На одржаната јавна расправа на ден 17.11.2023 година,
полномошникот на тужениот орган – Адвокат С. В. од адвокатското
друштво Р. и В.го известила судот дека како заинтересирани лица на
страна тужениот орган ќе ги застапува лицата М. П. од Н., В. П. од К., Ќ. Ф.
од Т., М. Д. од К., A. А. од К., Г. К. од К. П., С. С. од К., А. О.од С., З. Н.од С.
Н., Б. С. од Р., К. Г. од Г.,Т. Н.од В. , при што приложи полномошно.
До Управниот со електронски дописи доставија изјави лицата
Круме Чесноски од П., Т. А. од Т., Ж. Ѓ. од К. М. к. од К., К. Ч. од П., Б.Г. од
П. и А. Ч.Т.од П., во кои е наведено дека се приклучуваат кон тужбата на
тужителката од причина што имале правен интерес истата да успее во
овој управен спор.
Постапувајќи по тужбата Управниот суд донел Пресуда У
4.бр.262/2023 од 24.11.2023 година ја одбил тужбата на тужителот како
неоснована. Незадоволен од вака донесената пресуда, тужителот изјавил
жалба до Вишиот Управен суд, кој донел Решение УЖ 1 бр. 174/2024 од
14.07.2025 година, со кое жалбата на тужителот Д. Б. од П. е уважена,
Пресудата на Управниот суд У4.бр.262/2023 од 24.11.2024 година ја
укинал и предметот го вратил на повторно постапување и одлучување.
Управниот суд, постапувајќи во повторна постапка спо тужбата на
тужителот, а согласно насоките дадени во Решението УЖ -1 бр.174/2024
од 14.07.2025 година на Вишиот Управен Суд, ја испита побиваната
одлука согласно член 35 од Законот за управните спорови, па по оцена на
наводите во тужбата и списите по предметот, најде дека:
Тужбата на тужителот е основана.
Видно од списите на предметот е дека Претседателот на . комора
на С.М., на ден 03.03.2023 година, донел Одлука за распишување Избори
за членови во регионалните одбори, делегати на Собранието и
претседател на.комора на С.М. бр.02-244/1 од 03.03.2023 година, и истата
била објавена и на web страна на Комората. По повод одлуката
Централната Изборна Комисија одржала состанок на ден 06.03.2023
година во врска со Одлуката за распишување на избори, потоа на седница
на ден 13.03.2023 година било донесено Упатство за одржување на собир
на доктори и подготовка на обрасци за избори и Избирачки список. На
седница одржана на ден 20.03.2023 година бил утврден Роковник за
Избори за членови во регионалните одбори, делегати на Собранието и
претседател на . комора на С.М. 2023 година. Записникот од 20.03.2023
3
«У-4».бр.«306»/«2025»
година е заведен под број 20-289/24 од 03.04.2023 година (кога е усвоен
на следната седница). Потоа, на ден 03.04.2023 година соглсно
записникот за одржана седница на Ц. И. К.(заведен под архивски број 20
374/4 од 13.04.2023 година кога бил усвоен на следна седница) и бил
утврден конечен избирачки список а согласно известувањата од
Претседателите на РО, и се утврдил распоред за одржување на собири на
доктори во сите регионални одбори во период од 05.04.2023 до 12.04.2023
година со цел членовите на секоја регионален одбор да може да даваат
предлози за кандидатури и да достават и изјави дека прифаќаат
кандидатура за членови на регионални одбори и тоа од по 7 кандидати за
секој регионален одбор поединечно утврдени согласно член 54 од
Статутот на . комора на М.. Потоа со Решенија од 18.04.2023 година биле
утврдени листите на предложени кандидати за ченови на Регионалните
одбори, по што ден 04.05.2023 година биле спроведени избори за членови
на регионалните одбори, вклучувајќи го и Регионалнито одбор П., а за што
биле составени соодветни Записници и бил составен Записник за
утврдување на резултатите од гласањењто за сите Региони бр.20-505/2 од
08.05.2023 година од страна на Централната изборна Комисија при .
Комора на М.. Потоа биле изготвени Решенија за утврдување на составот
на Регионалните одбори за секој регион одделно и доставени до сите
избрани членови на соодветниот регион и дополнително на ден
16.05.2023 гоидна се одржала изборно-конститутивна седница на
Собранието на СКМ за што бил составен Записник бр.02-533/6 од
16.05.2023 година. Врз основа на спроведената изборно-конститутивна
седница, Собранието на . Комора врз основа на член 8 Деловникот за
работа на Собранието ја донела сега оспорената Одлука бр.05-533/9 од
29.05.2023 година за верификација на мандати на членови на Собранието
на Комората со која биле избрани 51(педесет и еден член) на Собранието
на Комората.
Оценувајќи ја законитоста на оспореното решение, Судот најде дека
истото е незаконито поради погрешно утврдена фактичка состојба и
погрешна примена на материјалното право.
Согласно член 35 од Законот за управните спорови (Службен
весник на РСМ бр.96/19), Судот одлучува во границите на тужбеното
барање, но не е врзан со причините на тужбата.
Согласно член 38 став 1 точка 2 од истиот Закон, Судот по исклучок
од одредбите од член 37 од овој закон одлучува по управниот спор без да
одржи расправа само доколку тужителот ја оспорува примената на
материјалното право, а не утврдената фактичка состојба.
Согласно член 60 став 3 од истиот закон, по исклучок од ставот (1)
на овој член, судот ќе го поништи оспорениот поединечен управен акт и ќе
го врати на повторно одлучување на органот кој го донел, и тоа: 1) доколку
4
«У-4».бр.«306»/«2025»
тужениот орган решавал по слободна оценка или 2) доколку природата на
управната работа не дозволува одлучување во полна јурисдикција,
односно не може целосно да ги утврди фактите по суштинските прашања
и треба во управната постапка да се утврди вистинската фактичка
состојба.
Согласно член 17 став 1 од Статутот на Стоматолошка комора на
Македонија (Службен весник на Република Македонија број 43/12…20/19 и
Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19…150/2022)
постапката за избор, односно именување и начинот на разрешување,
односно отповикување на членовите на органите на Комората, како и
престанувањето на нивниот мандат се уредени со Закон, овој Статут и
акти на Комората.
Согласно член 33 од Правилникот за избор и отповикување на членови
во регионалните одбори, делегати на Собранието и претседател на.
комора на М., за својата работа РИК води записник во кој се внесува: број
на избирачките што гласале, број на неважечките гласачки ливчиња, име
и презиме на секој кандидат со назначување колку гласови добил секој од
нив и име и презиме на избраниот кандидат. Регионалната изборна
комисија го проверува целокупниот материјал доставен од Избирачките
одбори и констатира дали она што е наведено во записникот од
Избиракиот одбор соодветствува со доставениот избирачки материјал.
Кога ќе се утврдат резултатите од гласањето во записникот ќе се внесат.
Бројот на избирачите, бројот на избирачите кои гласале и колку вкупно
гласови добил секој кандидат за член на Регионален одбор, односно за
делегат во Собранието и број на неважечки гласачи ливчиња. Во
записникот се внесуваат сите околности и факти кои се од значење за
гласањето, како и забелешки и најави за поднесување на приговор поради
неправилност/и од присутните членови на Избирачките одбори и присутни
кандидати за делегати. Доколку во записникот има најава за поднесување
на приговор од член на Избирачки одбор или кандидат за делегат,
подносителот на приговорот има право на копија или слика на
оригиналниот записник. Секој член на Изборната комисија може да даде
свои забелешки коисе внесуваат во записникот. Записникот го
потпишуваат сите членови на Регионалната изборна комисија, како и
подносителот на приговорот /забелешката.
Согласно член 37 од истиот Правилник, 1) Приговор поради
неправилност во постапката за избор може да поднесе секој избирач за
својата изборна единица како и секој кандидат за член на Регионален
одбор односно делегат во Собранието на Комората. 2) Приговорот од став
1 на овој член се поднесува во рок од 24 часа по завршување на
гласањето, во електронска или писмена форма и особено содржи: име,
презиме, адреса, моб.тел.број, е-маил и својство на подносителот на
приговорот односно дали е тој избирач или кандидат во изборниот процес:
5
«У-4».бр.«306»/«2025»
опис на дејствијата со кои е повреден изборниот процес како и
посочување на одговорно лице или орган кој истото го сторил.
наведување на повредените одредби од овој Правилник со поврзување на
истите со конкретните сторени дејствија.-наведување на докази и нивно
приложување кон самиот текст на приговорот.-своерачно испишано име,
презиме и потпис на подносителот на приговорот и-копија од Записникот
од член 40, во кој се наведени дејствијата за повреда. 3) ЦИК е должна да
донесе решение по приговорот во рок од 48 часа од истекот на рокот од
став 2 на овој член. 4) ЦИК ќе го разгледува приговорот само доколку
истиот е најавен и е дел од официјалниот записник на РИК по завршените
избори и кој е навремено доставен до ЦИК.
Согласно член 38 од истиот Правилник ЦИК поднесениот приговор
од овластен подносител од член 37 став 1 на овој Правилник може со
решение: – да го усвои; – да го отфрли како ненавремен, нецелосен или
недозволен или- да го одбие приговорот како неоснован и да ги потврди
резултатите од изборите. Доколку ЦИК во решавњето на приговорот од
член 37 од овој Правилник утврди дека имало неправилности кои имаат
влијание на резултатите на изборите, со решени ќе го усвои приговорот и
ќе ги поништи дејствијата во псотапката за избор на членови на РО во
соодвениот регион и ќе закаже нов датум за одржување на избори за
изборот за членови во Регионалните одбори и делегати во Собранието од
соодвениот регион, во рок кој не е пократок од 10 (десет) и подолг од 21
(дваесет и еден) календарски ден од денот на донесување на решението
од страна на ЦИК. Приговорот е ненавремен доколку не е доставен во
рокот утврден во член 37 став 2 од овој Правилник. Приговорот е
недопуштен кога предметот на приговорот не се однесува на кат или
дејствие во врска со спроведување на изборите игласањето, или е
поднесен од страна на неовластено лице или подносителот на приговорот
не доставил акт против кој се поднесува приговорот. Приговорот ќе се
отфрли како нецелосен кога не ги содржи елементите од член 37 став 2 од
овој Правилник, или не е јасен и тоа откако ќе се утврди дека
подносителот не постапил согласно известувањето од ЦИК со кое бил
упатен во рок од 5 дена од денот на приемот на известувањето да го
дополни или појасни приговорот. Ако приговорот се однесува на прашања
за кои ЦИК не е надлежна да постапува, во решението со кое се отфрла
приговорот како недопуштен, странката се упатувана надлежен орган.
Доколку вкупниот број на гласачи во избирачкото место во однос на
вкупнито број излезени гласачи во изборната единица идобиените гласови
на секој од предложените кандидати не влијае врз конечниот исход од
изборите, повторување наизборите на соодветното избирачко место нема
да се спроведе.
Според наоѓање на Судот, во повторна постапка по Решение УЖ 1
бр. 174/2024 од 14.07.2025 година на Вишиот Управен суд, од утврдената
фактичка состојба пред тужениот орган, врз основа на целокупните списи
6
«У-4».бр.«306»/«2025»
по предметот, имајќи ги притоа во предвид цитираните законски одредби,
наводите истакнати во тужбата, се утврдува дека одлуката на тужениот
орган е неправилна и незаконита и дека истата е на штета на тужителот.
Имено Судот оцени дека тужениот орган при одлучувањето и при
спроведувањето на целокупната постапка не го земала во предвид фактот
дека во дел од Записниците за спроведување на избори за членови на
Регионалните одбори и делегати во Собранието на СКМ е наведена
забелешка дека има повеќе гласачки ливчиња од бројот на избирачи,
односно постоење на вишок на ливчиња, а кое нешто укажува на можна
недоследност во гласањето, односно дека со сигурност не бил утврден
бројот на избирачи, а ова во насока член 33 од Правилникот за избор и
отповикување на членови во регионалните одбори, делегати на
Собранието и претседател на . комора на М..Дотолку повеќе што во
списите на предметото не е приложен доказ од кој со сигурност ќе може
да се утврди дали е постапено по доставениот Приговор од 15.05.2023
година од страна на тужителот до Верификационата Комисија на . на СКМ,
односно дали најнапред се донело решение од страна на ЦИК по однос на
приговорот, за потоа и да се донесе сега оспорената Одлука со која се
извршила верификација на мандатите, а ова согласно член 37 и 38 од
Правилникот за избор и отповикување на членови во регионалните
одбори, делегати на Собранието и претседател на СКМ.
Оттаму по мислење на Судот, потребно е во повторната постапка
тужениот орган да ги има во превид укажувањата дадени во Решение УЖ
1 бр. 174/2024 од 14.07.2025 година на Вишиот Управен суд, како и во
оваа Пресуда во однос на забелешките наведени на Записниците за
спроведување на избори за членови на Регионалните одбори и делегати
во Собранието на СКМ, дека има повеќе гласачки ливчиња од бројот на
избирачи, односно постоење на вишок на ливчиња, а со оглед на тоа дека
истите биле основ за утврдување на резултатите од изборот, како и со
сигурност да го утврди фактот дали Приговорот бил проследен до ЦИК
како орган кој е надлежен за одлучување по приговорот и за истиот била
донесена одлука пред да се донесен конечната Одлука за избор бр. 02
533/9 од 29.05.2023 година.
По однос на барањето на лицата К. Ч.од П., Т. А.од Т., Ж. Ѓ. од К.
М. к. од К., К. Ч. од П., Б. Г. од П. и А. Ч.Т. од П., да се приклучат кон
тужбата на тужителката имале правен интерес истата да успее во спорот
Судот најде дека не ги исполнуваат условите да бидат странки
предвидени во членот 4, алинеја 8 од Законот за Општа управна постапка.
Имено, истите не се лица по чие барање е поведена постапката или
против кое се води постапка или кое поради заштита на своите права и
интереси има право да учествуваат во постапката и не е исполнет условот
од член 23 од Законот за управните спорови, односно поништувањето,
укинувањето или изменувањето на оспорениот акт или дејствие да им
штети на некое нивно право или правен интерес.
7
«У-4».бр.«306»/«2025»
Од овие причини Судот согласно член 60 став 3 и став 5 од Законот
за управните спорови ја уважи тужбата на тужителот и го поништи
оспорениот управен акт, и предметот го врати на повторно постапување
пред тужениот орган, потребно е тужениот орган да ги има во предвид
правното сфаќање и забелешките на овој Суд дадени во оваа пресуда и
при повторно постапување да донесе јасна, правилна и законита одлука
со правилна примена на материјалното право.
Одлучувајќи по барањето на тужителот Д.Б. од П. за надомест на
трошоците во постапката, Судот, согласно член 148 став 1 и член 149 од
ЗПП, во врска со член 86 од Законот за управните спорови и согласно
успехот во спорот, одлучи да го задолжи тужениот орган да му ги
надомести на тужителот трошоците во постапката во вкупен износ од
8.280,00 денари, и тоа: за состав на тужба 7.000,00 денари и за судска
такса за тужба и одлука вкупен износ од 1.280,00 денари. Барањето на
тужителот за надомест на трошоците во постапката за разликата од
досудениот во вкупен износ од 46.540,00 денари, се одбива како
неосновано, бидејќи такви трошоци не му следуваат согласно Законот за
судски такси и важечката АТ, по управните спорови што се водат пред
Управниот суд.
По однос на барањето на заинтересираните лице М. П. од Н., В. П.
од К., Ќ. Ф. од Т., М. Д. од К., A. А. од К., Г. К. од К. П., С. С. од К., А. О.од
С., З. Н.од С. Н., Б. С. од Р., К. Г. од Г.,Т. Н.од В. , преку полномошникот
Смиљана Вујиќ адвокат од С., тужениот орган .комора на М., да им ги
надомести трошоците сторени во управно – судската постапка во вкупен
износ од 97.850,00, го одби како неосновано согласно член 86 став 2 од
Законот за управните спорови.
Предвид наведеното, следуваше Судот согласно член 60 став 3 в.в.
со член 38 ст.1 т.4 од Законот за управните спорови, да одлучи како во
изреката на пресудата.
Пресудено во Управниот суд 03.09.2025 година, под У
4.бр.306/2025.
Записничар – судски соработник
Мартина Грнчаревска
Претседател на совет – Судија
М-р. Снежана Трповска
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Пресуда не е дозволена жалба согласно
член 69 став 4 од Законот за управните спорови.
НАЛОГ ЗА ТАКСА: Се задолжуваат тужителот да плати судска такса за
тужба во износ од 400,00 денари и за одлука во износ од 800,00 денари,
8
«У-4».бр.«306»/«2025»
во рок од 15 дена од приемот на одлуката и тоа како примач Буџет на Р.
С. Македонија, банка на примач НБРСМ, судски такси од физички лица
сметка број 1000-000-000-630-95, Уплатна сметка: 840-182-03359
Приходна шифра: 72-22-13, Програма:00, Начин:2, односно судски такси
од правни лица банка на примач НБРСМ сметка број 1000- 000-000-630
95, Уплатна сметка: 840-182-03338, Приходна шифра: 72-22-1,
Програма:00, Начин:2.
Пресудата да се достави на: – тужителот Д.Б. од П., и
други лица на страна на тужителката: К. Ч. од
П., Т. А. од Т., Ж.Ѓ. од К.М. к. од К., К. Ч.од П.,
Б. Г. од П. и А.Ч. Т.од П., – тужениот орган, преку полномошник
Адвокатско друштво Ристовска и Вујиќ од С. – заинтересираните лица на страна на
тужениот, преку полномошник Адвокатско
друштво Ристовска и Вујиќ од С.
Статут на здружението на приватни здравствени установи и приватни доктори по дентална медицина
Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина – Кавадарци, има за цел да ја унапреди стручната работа на своите членови и да ги информира за новините во дијагностиката и терапијата. Со активностите за организирање на ефикасна сервисна поддршка и усогласување со законските стандарди, здружението се