«У-4».бр.«262»/«2023»
«У-4».бр.«262»/«2023»
ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
УПРАВНИОТ СУД преку судијата доц. д-р Едита Насковска, со
записничар Биљана Димовска – помлад судски соработник, решавајќи по
тужбата на тужителот Д.Б. од П., член на С. к.. на Македонија, со
живеалиште П. изјавена против Одлуката за верификација на мандати на
избрани делегати во Собрание на С. к..на Македонија донесена на
16.05.2023 година, архивирана под бр. 02-533/2 од 29.05.2023 година со
вредност на спорот 30.000,00 денари, по одржувањето на јавна расправа
на ден 17.11.2023 година, во присутво на тужителот, полномошник на
тужителот Слободанка Огњаноска
Здравеска адвокат од П.,
полномошникот на тужен орган С. В. адвокат од С. и заинтересирани
лица М. П. од Н., В. П. од К. Ќ. Ф. од Т., М. Д.од К. A. А.од К., Г. К. од К.П.,
С. С. од К., А. О.од С., З. Н.од С. Н., Б. С.од Р. ,К. Г.од Г.,Т. Н. од В. во
својство на избрани делегати во Собранието на С. К. на Македонија
застапувани од полномошник Смиљана Вујиќ адвокат од С. и
заинтересирани лице К. Ч. од П., Т. А. од Т., Ж.Ѓ. од К., М. К.од с.Б.-К.., К.
Ч. од П., Б. Г. од П., А. Ч. Т. од П., во својство на членови на С. К.на
Македонија уредно известени, согласно членовите 58, 59, 62 63 од
Законот за управните спорови, на ден 24.11.2023 гоина ја донесе и објави
следната:
I
П Р Е С У Д А
Тужбеното барање на тужителот Д.Б. од П., Судот да ја преиначи
Одлуката за верификација на мандати на избрани делегати во Собрание
на С. к.на Македонија донесена на 16.05.2023 година, архивирана под бр.
02-533/2 од 29.05.2023 година на начин што ги поништи издадените
уверенија од страна на Централна Изборна Комисија при С. к. на РСМ на
избрани делегати во Собрание и тоа Уверение на М. П. бр. 20-517/15 од
10.05.2023 година, Уверение на В. П. бр. 20-517/27 од 09.05.2023,
Уверение на А. О.бр. 20-517/29 од 09.05.2023 година, Уверение на Ќ. Ф.
бр. 20-543/3 од 12.05.2023 година, Уверение на М. Д. бр. 20-517/19 од
09.05.2023 година, Уверение на А. А.бр.20-517/22 од 09.05.2023 година,
Уверение на Г. К. бр. 20-517/21 од 09.05.2023, Уверение на С. С. бр.20
517/20 од 09.05.2023, Уверение на З. Н. бр.20-517/52 од 09.05.2023
година, Уверение на Б. С. бр. 20-517/40 од 09.05.2023 година, Уверение
на К. Г. бр. 20-517/9 од 09.05.2023 година и Уверение на Т. Н. бр.20-517/8
од 09.05.2023 година и да го задолжи тужениот орган С. к. на Македонија –
Собрание на С. к.на Македонија да издаде нови управни акти на
избраните делегати согласно изборните резултати, СЕ ОДБИВА КАКО
2
«У-4».бр.«262»/«2023»
НЕОСНОВАНО.
II
Р Е Ш Е Н И Е
Барањето на тужителот Д.Б. од П. застапуван преку полномошникот
Слободанка Огњаноска Здравеска адвокат од П., за надомест на
трошоците во управен спор во вкупен износ од 45.640,00 денари, СЕ
ОДБИВА.
Барањето на заинтересираните лица М.П. од Н. В.П. од К., Ќ.Ф. од
Т. М. Д. од К. A. А. од К., Г. К. од К.П. С. С. од К., А.О.од С., З. Н.од С. Н.
Б.С. од Р. ,К.Г. од Г.,Трајан Н. од В., во својство на делегати во
Собранието на С.К.на Македонија чии мандати се оспорени а се
застапувани преку полномошникот Смиљана Вујиќ адвокат од С. за
надомест на трошоците во управен спор во вкупен износ од 97.850,00
денари, СЕ ОДБИВА.
Секоја странка ги сноси своите трошоци во постапката.
О б р а з л о ж е н и е
Тужителката, поднесе тужба пред овој Суд заведена под број У-4
бр.262/2023 од 13.06.2023 година и ја насочи кон сега оспорената
Одлуката за верификација на мандати на членови на Собрание на С.к. на
Македонија донесена на ден 16.05.2023 година, заверена под архивски
број 02-533/2 од 29.05.2023 година и побара нејзино поништување во
целост. Кон тужбата е истакнато и посебното барање по член 28 став 2 од
Закон за управни спорови, за кое тужителката предлoжи оспорената
одлука да се одложи од извршување до донесување на пресуда по
тужбено барање и истото е заведено под У4 бр.261/2023 од 13.06.2023
година. Тужителката одлуката целосно ја оспорува согласно член 3 став 4
и 5 и член 26 од Закон за управни спорови и поради погрешна примена на
материјалното право, поради непостапување според правилата на
постапката и поради погрешна и нецелосно утврдена фактичка состојба во
постапката која му претходела на актот. Во тужбата наведува дека не се
постапувало според правилата на постапката поради тоа што пред да се
донесе оспорената Одлука, Централната Изборна Комисија погрешно го
применил материјалното право и наместо согласно член 255 став 2, 3 и 4
од Законот за здравствена заштита и член 40 од Правилникот да издаде
3
«У-4».бр.«262»/«2023»
Уверение за избраните кандидати Комисијата издала уверение за
неизбрани делегати спротивно на членовите 19 став 2 од Статутот на
Стоматолошка комора, на член 22 став 2 од Уставот и на членовите 7, 8, 9
и член 10 од Деловникот за работа на Собранието при СКМ. Поради тоа,
тужителката во продолжение на тужбата навела да врз основа на овие
одредби од Уставот јасно можело да се види дека некои колеги кои
освоиле гласови на изборите за делегати при Собранието на СКМ не биле
еднакви пред Закон и Устав и се обесправени и дискриминирани во однос
на нивното законско право да учествуваат во изборите и да бидат избрани
и покрај фактот што истите освоиле гласови и биле избрани согласно
изборните резултати. Делегатите кои добиле Уверение од ЦИК и кои
присуствувале на првата изборно конститутивна седница на Собранието
на 16.05.2023 година воопшто не добиле информација на кои делегати
ЦИК издала уверенија за делегати, а да доказ за тоа е пратениот запис од
ЦИК кој е и објавен како конечен на веб страната на СКМ а истите немале
информација поради што можеле да поднесат приговор до
верификационата комисија согласно член 7, 8, 9, и 10 од Законот за
здравствена заштита и спротивно на правилата на постапката пропишана
со Деловникот за работа на Собрание гласале и донеле противзаконска
одлука за верификација на мандати, без да бидат свесни за кого гласаат и
дека извршиле верификација на мандат на делегати кои не биле избрани
на изборите на 04.05.2023 година. Потоа, наведува во тужбата да
доставила приговор на ден 15.05.2023 година до Верификациона комисија
при СКМ и Записник од изборно конститутивна седница при СКМ од
16.05.2023 година со кои биле оспорени мандати на некој делегати, а
продолжиле со верификација спротивно на правилата на постапката и
спротивно на изборните резултати. Во прилог тужителката наведува дека
побарала доказ за сите Уверенија на избрани делегати и изборните
резултати, како и сите приговори поднесени до Верификационата
комисија и Записник од изборно конститутивна седница при СКМ од
16.05.2023 година. Во продолжение, наведува дека е повреден член 36 од
Правилник за избори и отповикување на членовите на Регионалните
Одбори, Собрание, Претседателот на комората и други органи на
комората со тоа што изготвила записник за утврдување на резултати од
гласањето за избор на членови на РО и делегати во Собранието на СКМ.
Во сите РО бр. 20-505/2 од 08.05.2023 година кој не ги исполнувал
условите пропишани во член 36 од Правилник за избор и отповикување на
членови на регионалните одбори, собранието, претседател на комората и
другите органи на комората бр.02-302/6 од 28.03.2022 година, односно
недостасува делот предвиден во член 36 став 4 точка 5 од истиот
Правилник, па поради тоа смета дека никако не можеле да утврдат на кој
е издадено Уверение за да може да се направи соодветна верификација
на мандати или да оспорат некој од мандатите доколку не се во
согласност со изборните резултати, па со недостаток на таа информација
истиот морал да биде објавен на веб страната на СКМ во форма
пропишана согласно член 36 од Правилникот, оштетени биле сите
4
«У-4».бр.«262»/«2023»
заинтересирани страни и членови кои имале право да поднесат приговори
по однос на делегатите кои добиле уверенија а истите не се во согласност
со изборните резултати до верификациона комисија до СКМ согласно
член 7, 8, 9 и 10 од Деловникот за работа на Собранието на СКМ. Поради
сето наведено, тужителката побарала да направи пристап до информации
од јавен карактер со цел да изврши увид во записникот од ЦИК, како и
сите издадени уверенија на делегати со верификуван мандат согласно
член 36 од Правилник за избор и отповикување на членови на
регионалните одбори, собранието, претседател на комората и другите
органи на комората бр.02-302/6 од 28.03.2022 година но пристапот не и
бил овозможен, па поднела жалба до Агенција за .. Тужителката со
тужбата бара од Судот да ги побара издадените уверенија и да изврши
споредба на истите со изборните резултати, па доколку утврди дека
несоодветствуваат со изборните резултати да наложи поништување на
истите и на Одлуката за верификација на истите, а собранието да направи
верификација на избраните согласно изборните резултати, за илустрација,
тужителката навела да во РО К.. да за М. Д. каде број на избирачи кои
гласале е 48, а според записникот донел 55 гласа па судот да го обезбеди
записникот од РИК за РО К., да А. А. добил уверение со 23 гласа, и Г.
К.добил уверение со 23 гласа наместо Е. С. Ц. со 42 гласа, а да во РО К.
М. П. добил уверение за делегат со 13 гласа, наместо М. В. Б. која имала
добиено 16 гласа. Во РО П. В. П. добил уверение за делегат со 10 гласа
наместо К. Б.. Ц.. која има освоено 22 гласа. ВО РО Т.. Ќ.. Ф.. добил
уверение за делегат со освоени 21 глас, наместо Т.А. кој има освоено 35
гласа исто колку и Л. Е. која имала 35 гласа и си поднела оставка. На
крајот од тужбата наведува да актите на тужениот треба да бидат во
согласност со Уставот, Законот за здравствена заштита и Статутот на
СКМ и никако не може да предвидуваат дополнителни услови и
ограничувања при изборот на делегати при СКМ на Македонија спротивно
на Законот и Уставот. Со тужбениот петитум бара тужителката покрај
поништување на оспорената одлука во целост да се поништат сите против
законски уверенија на неизбрани делегати, да се наложи на ЦИК да
издаде уверенија на избраните делегати согласно изборните резултати,
да се поништат сите одлуки донесени од противзаконски формирано
Собрание на СКМ враќање во претходна состојба, а Собранието да одржи
наново изборно конститутивна седница со пописно избрани делегати и
сите претходни одлуки донесени со непрописно составено собрание да се
прогласат за ништовни и целата изборно конститутивна седница да се
повтори со враќање во претходна состојба.
Одговор на тужба достави до Судот, тужениот орган преку
полномошник Адвокатско Друштво Ристовска и Вујиќ С. на ден 19.06.2023
година, ги оспори тужбените наводи и предлогот за времена мерка,
предложи тужбата и предлогот за времена мерка да се одбијат како
неосновани и ги приложи предметните списи. Судот утврди дека
тужителката го примила уредно одговорот на тужба заедно со поканата за
5
«У-4».бр.«262»/«2023»
јавна расправа за барањето за времена мерка У-4 бр 261/23
Овој Суд, одржа јавна расправа на ден 28.06.2023 година и покрај
приговорот од тужен орган за aктивна легитимација на тужителката, Судот
оцени дека тужителката има активна легитимација како член на С. Ко. на
Македонија. По одржаната јавна расправа, Судот донесе Решение У4 бр
261/2023 од 28.06.2023 година,со кое барањето за издавање на времена
мерка на тужителката Д.Б. од П., да се одложи од извршување Одлуката
за верификација на мандати на членови на Собрание на С. к. на
Македoнија донесена на ден 16.05.2023 година, заверена под архивски
број 02-533/2 од 29.05.2023 година, се до донесување на пресуда по
тужбено барање, е одбиено како неосновано.
Тужителката до судот достави писмен поднесок по електронски пат
на 11.09.2023 година во врска со наводите од одговор на тужба, во кој што
наведе дека жалбата до Агенцијата за .и била уважена и повторно
потенцира дека безправно биле дадени уверенијата на лица М. П. од Н.,
А. А., Г.К. од К. П.,В.П. од К.,Ќ. Ф. од Т., М. Д. од К., А. О. од С. и наведе
дека го спори целиот избор на делегати во К.. Понатаму смета дека биле
направени малверзации во регионот К., се повикува повторно на
членовите наведени во тужбата, особено на членовите 255 став 1,2, 3, 4
од Закон за здравствена заштита, член 19 став 2 и 57 од Статутот на СКМ
, член 2,11,35 и 36 од Правилник за избор и отповикување на членови на
регионалните одбори, собранието, претседател на комората и другите
органи на комората и Бара судот согласно членовите 8, 9, 50, 51 и 52 од
Уставот, и член 27 од Закон за општа управна постапка и да ги цени,
Судот и да ги побара дополнителните докази а во прилог го достави како
доказ копија од Предлог дневен ред за изборно конститутивна седница на
Собранието.
Со поднесок од полномошникот на тужителката испратен по
електронски пат до Судот на ден 10.10.2023 година, архивиран на ден
12.10.2023 година во Судот да се врши прецизирање на тужбеното
барање во кој се објаснува да тужителката бара поништување на законски
издадените уверенија од страна на ЦИК при С. к. на Македонија поради
погрено и нецелосно утврдена фактичка состојба и тоа на цитираните
уверенија Уверенија од страна на ЦИК при Стоматолошка комора на РСМ
на М. П.Уверение бр. 20-517/15 од 10.05.2023 на В. П., Уверение бр. 20
517/27 од 09.05.2023, на А. О. Уверение бр. 20-51/29 од 09.05.2023, на Ќ.
Ф. Уверение бр. 20-543/3 од 12.05.2023 , на М.Д.Уверение бр. 20-517/19 од
09.05.2023, А. А. Уверение бр.20-517/22 од 09.05.2023 година, Г. К.
Уверение бр. 20-517/21 од 09.05.2023, на С.С.Уверение бр.20-517/20 од
09.05.2023, како и поништување во целост на Решението за утврдување
на состав на РО К. бр. 20-505/11 од 09.05.2023 година, како и Судот да го
задолжи тужен орган да издаде нови управни акти на избраните делегати
согласно изборните резулатати, односно да го повтоти изборниот процес
6
«У-4».бр.«262»/«2023»
во Куманово поради нерегуларности. Понатаму во поднесокот се дава
објаснување за бројот на избирачите и гласачите за секој од безправно
издадените Уверенија и за бројот на изборните резултати кои смета дека
биле повредени.
Тужен орган достави докази на ден 19.10.2023 година, побарани од
страна на тужителот, со поднесокот од 11.09.2023 година.
Полномошникот на тужителката и на ден 03.11.2023 година по
електронски пат, го прецизира тужбеното барање согласно доказите кои ги
добиле на 20.10.2023 година, и дополнително бара поништување и на
издаденото Уверение на Зоран Нунев бр.20-517/52 од 09.05.2023 година,
Уверение на Борис Стојанов бр. 20-517/40 од 09.05.2023 година, Уверение
на К.Г. бр. 20-517/9 од 09.05.2023 година, и Уверение на Т. Н. бр.20-517/8
од 09.05.2023 година и да се поништат Решенијата: Решение за
утврдување на состав на Региионален одбор на С. Н. бр.20-505/24 од
09.05.2023 година, Решение за утврдување на состав на регионален
одбор на Г. бр. 20-505/6 од 09.05.2023 година, Решение за утврдување на
Регионален одбор В. бр. 20-505/5 од 09.05.2023 година, Решение за
утврдување на состав на Регионален одбор Ш. бр. 20-505/17 од
09.05.2023 година, а туженот орган да се задолжи согласно Закон за
здравествена заштита да издаде нови управни акти на избраните
делегати, а согласно изборните резултати, во Регионалниот одбор за С.
Н., Г., В. и за Ш.. да се повтори иборниот процес поради нерегуларности.
Кон поднесокот од полномошникот е доставен и поднесок лично
составен од тужителката на ден 03.11.2023 година, и примен во Судот по
електронски пат на 03.11.2023 година и во истиот е наведено да тужбата е
насочена кон Одлуката за верификација на мандати на избрани делегати
во Собрание на СКМ бр.02-533/9 од 29.05.2023 година и да истата ја
оспорува поради погрешна примена на материјално право, и да во
постапката која му претходела на актот Одлуката за верификација на
мандатите на избраните делегати во Собранието на С. к. на Македонија
не се постапило според правилата на постапката, поради погрешено или
нецелосно утврдена фактичка состојба во постапката која му претходела
на актот, поради тоа што во донесувањето на истата учествувале не
избрани делегати на кои им биле издадени Уверенија за избрани делегати
од страна на Централната изборна комисија при СКМ спротивно на
Уставот, Законот за здравствена заштита, Статутот на СКМ и изборните
резултати од одржаните избори на 04.05.2023 година но и малверзации и
нерегуларности при одржување на самите избори.Поради изборните
малверзации и вишок на изборни ливчиња спротивно на член 23 став 2 од
Правилникот за избори и отповикување на членови на регионални одбори,
собранието,претседател на Комората и другите органи на комората, не
биле еквивалентни на бројот на избирачи во одредени изборни региони
кои не се регистрирани на записникот на денот на изборите, а истите
7
«У-4».бр.«262»/«2023»
влијаат на изборниот резултат, да не е јасно зошто тужениот орган не ги
испратил повторно сите докази кои беа побарани т.е. сите документи
поврзани со изборниот процес, да очигледно е дека сака да ги прикрие
клучните докази во предметот, па повторно не ги доставиле следните
документи:2- та записници од одржани собири на доктори за регионалниот
одбор Тетово, не е јасно зошто ниту еден од записниците за
спроведување на изборите за членови на регионални одбори и делегати
за Собрание на С.к. на Македонија воопшто не се архивирани, дали некој
сакал да ги преправа или штелува покасно и да недостигаат од сите
регионални списоци на присутни евидентирани стоматолози со нивни
потписи на денот на одржаните собири на доктори во сите региони кога се
предлагаа кандидатите за избор на делегати, недостигаат листите на
предложени кандидати кои се испраќаа до ЦИК како што е документот за
РО К. бр. 20 441/2 од 10.04.2023 година кој содржи име и презиме број на
лиценца и потпис од кандидатите и потписи на членовите на регионални
изборни комисии, недостигаат изјавите за прифаќање на кандидатурата
на сите кандидати-испратени беа само од регионот К., недостигаат
конечните Избирачки списоци за секое избирачно место од денот на
изборите од секои регион од кои може да се утврди на колку колеги им
било дозволено да гласаат и кои и колку колеги излегле на гласање во
секој регион-и да тоа било клучен доказ. Понатаму во поднесокот се
наведува да досега добиените докази како и што предвидувала и
претпоставала се појавиле недогледности и малверзации во изборниот
процес од што произлегува оспорување и барање за поништување на
издадените Уверенија од страна на ЦИК при С. к. на РСМ на М. П.
Уверение бр. 20-517/15 од 10.05.2023 на В.П., Уверение бр. 20-517/27 од
09.05.2023, на А. О. Уверение бр. 20-51/29 од 09.05.2023, на Ќ. Ф.
Уверение бр. 20-543/3 од 12.05.2023 , на М.Д.. Уверение бр. 20-517/19 од
09.05.2023, на Г. К. Уверение бр. 20-517/21 од 09.05.2023, на С. С.
Уверение бр.20-517/20 од 09.05.2023, на З. Н. Уверение бр. 20-517/52 од
09.05.2023, на Б. С.бр. 20-517/40 од 09.05.2023, на К. Г.уверение бр.20
517/9 од 09.05.2023, на Т. Н. Уверение бр. 20-517/8 од 09.05.2023 година,
како и поништување во целост Решенијата за утврдување на состав на
Регионален однор на К. бр. 20-505/11 од 09.05.2023година, Решение за
утврдување на состав на Регионален одбор на С. Н. бр.20-505/24 од
09.05.2023 година, Решение за утврдување на состав на Регионален
одбор на Г.бр. 20-505/6 од 09.05.2023 година, Решение за утврдување на
Регионален одбор В. бр. 20-505/5 од 09.05.2023 година, Решение за
утврдување на состав на Регионален одбор Ш. бр. 20-505/17 од
09.05.2023 година. На крајот од поднесокот повторно се наведува за
изборните резултати за секој делегат подинечно на кој му се спори
мандатот и се образложува посебно изборот и да се сторени повреди во
Регионални одбори К., РО С. РО Н., РО В. РО Г. и РО Ш.. Во поднесокот
се наведува дека од увидот во снимката се утврдила напната
атмосфера, се оспорувал мандат на колешка Т. кој воопшто не бил
спорен, а тужителката смета дека било само за да се отргне вниманието
8
«У-4».бр.«262»/«2023»
од вистинските спорни мандати, а да седницата била водена од Б.С.
наместо од претседавачот Х. и акцентирајќи дека Б. С. кој е сега актуелен
Претседател на Собранието на СКМ не давал доволно простор на
останатите делегати да се изразат, а особено на Б. Б.и да во видеото и
Ќ.Ф. сам си го толкувал погрешно Правилникот и да јасно од снимката
неговото толкување го спорат повеќе делегати меѓу кои колешката што е
противкандиддат за Претседател Ц. Б. М., и да тоа го потврдил и д-р
Арбен Емини. На крајот од поднесокот се повикува на член 7, член 8 од
Деловникот за работа на Собранието, да е потребно да се исправат
неправилностите, да е проблемот што ЦИК издал уверение на незбрани
членови во регионални одбори и делегати во Собрание и потенцира
повторно повторно на член особено на членовите 255 став 1,2, 3, 4 од
Закон за здравствена заштита, член 19 став 2 и 57 од Статутот на СКМ ,
член 2,11,35 и 36 од Правилник за избор и отповикување на членови на
регионалните одбори, собранието, претседател на комората и другите
органи на комората и Бара судот согласно членовите 8, 9, 50, 51 и 52 од
Уставот.
Постапувајќи по тужбата, судот за ден 17.11.2023 година, закажа и
оддржа главна јавна и усна расправа на која пристапи тужителката,
полномошникот на тужителката, полномошникот на туженот орган кој
воеедно е и полномошник на избраните делегати чии мандати се
оспорени од тужителката кои имаат својство на заинтересираното лице
согласно член 20 од Закон за управни спорови, а како заинтересирани
лице пред Судот се легитимираа К. Ч. од П., Т.А. од Т., Ж. Ѓ.од К., М. К. од
с.Б.-К., К. Ч.од П., Б. Г. од П., А.Ч. Т. од П. кои се членови на С. К. на
Македонија побараа Судот ги прифати како заинтересирани лица кои
имаат правен интерес но воедно до Судот доставија изјави дека не сакаат
да учестуваат на јавната расправа и судот да не ги повикува по сега
предметната тужба.
Судот на јавната расправа ја изложи тужбата и и даде право
првично на полномошникот на тужителката доколку смета да ги дополни
тужбените наводи.
Полномошникот на тужителот предлага да Судот делумно да ја
поништи Одлуката за верификација на мандати на членови на Собрание
на С. к. на Македонија донесена на 16.05.2023 година, а заверена
архивски бр. 02-533/2 од 29.05.2023 година, во делот на издадените
Уверенија кои што се наведени со прецизирање на барање од 10.10.2023
година и дополнети со поднесок составен од 03.11.2023 година со лицата
избрани делегати З. Нунев, Б. С., К. Г. и Т. Н..
На прашање на Судот дали како дел од тужбено барање го
предлагаат и поништување на составите на Р. о. К., С. Н., Г., В., Ш., со
цел да за истите има поведено постапки.
9
«У-4».бр.«262»/«2023»
Полномошникот на тужителот наведе дека овој дел од тужбеното
барање поништување на составите на Р. о. К., С. Н., Г., В. Ш., го
повлекуваат не бараат Судот да изготви формално решение.
На јавната расправа, полномошникот на тужениот орган и
заинтересираните лица, наведе дека не се работи за прецизирање на
тужбено барање, туку за преиначување на тужбено барање, односно
проширување иако во делот на решението е повлечено на јавната
расправа Уверенијата се поврзани со истите и остануваат на ставот дека
тужителката нема активна легитимација за уверенијата кои ги спори со
оглед дека не е припадник на тие регионални одбори согласно член 37 од
цитираниот правилник. Понатаму, полномошникот на тужен и
заинтересираните лица наведе дека во оваа постапка се спори Одлуката
за верификација на мандати и согласно член 7 од Деловникот за работа
на Собрание се врши верификација на мандати во целост, да
верификацијата не оди наизменично, туку целосно за сите мандати
согласно член 7 од Деловникот за работа на Собрание, и за
илустрацијата ја наведува интерпелација на Влада да тоа се однесува за
целиот состав на Владата, како што и оваа Одлука се однесува на целиот
состав на делегати во Собранието кои се погоре наведени.
Судот на јавната расправа согласно членот 67 од Закон за управни
спорови, донесе решение со кое Предлогот на тужителката да се изведат
како доказ записници од одржан собир на доктори за РО Т. го одби како
неоснован од причина што овој Суд ги ценеше овие докази во управен
спор по тужба на тужителите Т.А. и Б. А. дваицата од Т., против
законитоста на Решението за утврдување на составот на Регионален О.
Т.за подрачје на општините Т., Б., Б., Ж., Ј. и Т. бр.20-543/2 од 12.05.2023
година во делот на избраниот член Ќ. Ф.и Уверението бр.20-543/3 од
12.05.2023 година за Ќ. Ф. делегат на Собрание на С. К. на Македонија
што е одлучена со Одлука У-4.бр.258/2023 од 13.09.2023 година со која е
одбиено тужбеното барање како неосновано.
На јавната расправа, во доказна постапка се изврши увид во
следните докази кон тужба : кон тужбата, копија од лична карта на
тужителката, уплата за судска такса, Приговор до Верфиикациона
комисија при СКМ од 15.05.2023 година од Д.Б., Записникот за утврдување
на резултати од гласањето бр.20-505/2 од 08.05.2023 година од ЦИК при
СКМ, Деловник за работа на Собрание при СКМ, Правилник за избор и
отповикување на членови на Р. о., Собранието, Претседател на комората
и другите органи на комората бр.02-302/6 од 28.03.2022 година, Барање за
пристап до информации од јавен карактер од 12.05.2023 година, Одговор
на тужба од тужен орган бр.03-694/2 од 19.06.2023 година, Деловник за
работа на СКМ бр.02-1046/12 од 27.10.2021 година, Деловник за работа на
10
«У-4».бр.«262»/«2023»
ЦИК бр.02-1411/1 од 24.10.2018 година, Статут на комората, Записник од
изборно констатуивна седница на Собранието бр.02-533/6,Листата на
предложение кандидати на членови на РО К. од 10.04.2023 година со
изјави од секој кандидат посебно ( 7 на број) за прифаќање на
кандидатури од 10.04.2023 година, Решение бр. 20-441/17 од 13.04.2023
година, Записник за спроведување на избори од гласачко место во К. од
04.05.2023 година, Записник за спроведување на избори од гласачко
место во К. П. и К. 04.05.2023 година, Одговор на тужба даде тужениот
орган на ден 20.06.2023 година, поднесок за одговор на наводите од
одговор на тужба, по електронски пат на 11.09.2023 година од
тужителката, Тужен орган достави докази на ден 19.10.2023 година,
побарани од страна на тужителот, со Поднесокот од 11.09.2023 година,
Поднесокот од полномошникот на тужителката испратен по електронски
пат на ден 10.10.2023 година, архивиран под приемен печат од 12.10.2023
година во Судот, поднесок од полномошникот на тужителката на ден
03.11.2023 година по електронски пат, кон поднесокот од полномошникот
е доставен и поднесок лично составен од тужителката на ден 03.11.2023
година, usb,(стик) предлог дневен ред за избор на конститутивна седница,
Известување од 10.05.2023 година, Уверенија од страна на ЦИК при С. к.
на РСМ на М. П.Уверение бр. 20-517/15 од 10.05.2023 на В. П., Уверение
бр. 20-517/27 од 09.05.2023, на А. О. Уверение бр. 20-51/29 од 09.05.2023,
на Ќенан Ферати Уверение бр. 20-543/3 од 12.05.2023 , на М. Д. Уверение
бр. 20-517/19 од 09.05.2023, на Г. К. Уверение бр. 20-517/21 од 09.05.2023,
на С. С. Уверение бр.20-517/20 од 09.05.2023, на З. Н. Уверение бр. 20
517/52 од 09.05.2023, на Б. С. бр. 20-517/40 од 09.05.2023, на К. Г.
Уверение бр.20-517/9 од 09.05.2023, на Т. Н.Уверение бр. 20-517/8 од
09.05.2023 година, и Решенија од Р. о.: Решенијата за утврдување на
состав на Регионален одбор на К. бр. 20-505/11 од 09.05.2023година,
Решение за утврдување на состав на Р. о.на С. Н. бр.20-505/24 од
09.05.2023 година, Решение за утврдување на состав на регионален
одбор на Г. бр. 20-505/6 од 09.05.2023 година, Решение за утврдување на
Регионален одбор В. бр. 20-505/5 од 09.05.2023 година, Решение за
утврдување на состав на Регионален одбор Ш. бр. 20-505/17 од
09.05.2023 година, Записници од одржани собири на доктори за секој РО
поединечно и тоа за: Записник за РО Делчево од 07.04.2023 година,
Записник за РО Г.од 10.04.2023 година, Записник за РО Велес од
07.04.2023 година, записиник за РО Б. од 06.04.2023 година, Запсиник за
РО П. од 10.04.2023 година, Записник за РО О.. од 11.04.2023 година,
Записник за РО К. од 10.04.2023 година, Записник за РО Г.. од 10.04.2023
година, Записник за РО К.. од 06.04.2023 година, Записник за РО К.. од
10.04.2023 година, Записник за РО Ч.од 12.04.2023 година, Записник за
РО Г. Б. од 07.04.2023, Записник за РО А. од 07.04.2023 година, Записник
за РО К. од 07.04.2023 година, Записник за РО К. 07.04.2023 година,
Записник за РО Ц. 07.04.2023 година, Записник за РО С. Н. од 24.04.2023
година, Записник за РО Ш. од 07.04.2023 година, Записник за РО С. од
07.04.2023 година, Записник за РО С. од 10.04.2023 година, Записници за
11
«У-4».бр.«262»/«2023»
спроведени избори на членови на РО Одбори и делегати во Собрание и
тоа: за секој РО поединечно, па така записник за РО П., Записник за РО
С., Записник за РО Ш. – Р., Записник за РО А., Записник за РО Г., Записник
за РО Велес, Записник за РО О. и Д., два Записника за РО К., Записник за
РО К., Записник за РО Г.Б., Записник за РО К. В., Записник за РО К., два
Записника за РО Г., Записник за РО Ц. Записник за РО Д., два Записника
за РО Б. (еден за Р.), Записник за РО С. Н.- П., Записник за РО К.,
Записник за РО С. – В., Записник за РО Ч., Записник за РО К., Записник за
РО Т., Записник за утврдување на резултати на гласањето за избор на
членови на РО Одбори и делегати на собрание на СКМ од 08.05.2023
година, вкупно 22 страни од Записникот бр.20-505/2 од 08.05.2023 година
потпишани од Претседател на ЦИК на СКМ.
Во завршни зборови, тужителот изјави дека останува во целост на
тужбата предложи на Судот да го уважи тужбеното барање како што е
прецизирано на јавната расправа и дополни да првично во тужбата биле
побарани покрај уверенијата и целата документација за изборниот процес
и постапката, а согласно член 33 и 34 од Законот за управни спорови, а да
тужениот орган не ги доставил сите докази.
Полномошникот на тужителката побара од Судот да и дозволи
завршните зборови писмено да ги достави во рок кој Судот ќе и го
определи а во однос на трошоците побара да и се признаат трошоци за
две застапувања и тоа за секој поеднинечно износ од 10.920,00 денари и
за состав на два поднесока за секој поединечно износ од 9.100,00 денари
и за такса за тужба и одлука износ од 1280,00 денари а да дополнително
со завршниот збор ќе достави и докази за патни трошоци, па Судот го
задолжи полномошникот на тужителот да постапи во рок од три дена од
јавната расправа.
Во завршни зборови полномошникот на тужениот орган, предложи
на Судот тужбеното барање во делот во кое што се спори предметната
Одлука за верификација на мандати на делегати да се одбие во целост
како неоснована, а врз основа на сите изведени докази во постапката од
кои јасно и недвосмислено може да се утврди дека верификационата
комисија постапувала во се согласно внатрешните акти на Комората, а
што е особено видно и од записникот за одржана изборно конститутивна
седница.
Во завршен збор во својство на полномошник на заинтересираните
лица, дополни дека уверенијата кои се издадени од страна на ЦИК се
издадени согласно Изборните резултати и согласно Потврдата од ЦИК, а
што е особено видно од Записниците за спроведени избори по региони
особено спорните региони С.. Н., Г., В., К. и Ш. и на секој записник има
потпис од три члена на Регионална изборна комисија во кои што нема
забелешки ниту од членовите, ниту од Избирачките одбори или
12
«У-4».бр.«262»/«2023»
Регионалната изборна комисија, па од овие причини бара тужбата и во во
тој
дел да биде одбиена како неоснована. Предјави трошоци
полномошник на заинтересирани лица кои се избрани делегати а на кои
тужителката им го спори мандатот за присуство на јавна расправа на
основица од 7.000,00 денари зголемени за 20% саатнина и 30% паушал,
50% за секое застапувано лице, најмногу до 5 пати, сето тоа зголемено за
18% ДДВ за што приложи и решение за ДДВ даночен обврзник кое се
спојува кон списот на предметот или вкупен износ од 97.850,00 денари.
Полномошниот на тужителката го достави до Судот на ден
21.11.2023 година завршниот збор во писмена форма видно од поднесок
доставен по пошта и истиот доставен и по електронски пат. Од
содржината на поднесокот Судот утврди дека полномошникот на
тужителката предлага на Судот да го усвои тужбеното барање онака како
што е прецизирано на записник од 17.11.2023 година и да основаноста на
наводите произлегува од доказите изведени во постапката, а да во
донесувањето на предметната одлука учествувале неизбрани делегати на
кои им биле издадени Уверенија од страна на централната Изборна
комисија спротивно на Уставот, Законот за здравствена заштита, Статутот
и изборните резултати од одржаните избори на 04.05.2023 но и
нерегуларности при одржување на самите избори, па да поради вишок на
изборни ливчиња спротивно на член 23 став 2 од Правилникот не
еквивалентни на бројот на избирачи во одредени изборни региони кои не
се регистрирани на записникот на денот на изборите а истите влијаат на
изборниот резултат. Понатаму, се предлага на Судот да цени дека не се
доставени записници за РО Т., да не се архивирани записниците , да
недостигале списоците од сите региони присутни евидентирани
стоматолози со нивни потписи на денот на одржаните собири на доктори
во сите региони кога се предлагале кандидатите за избор на делегати, да
не достасувале листите на предложени кандидати кои се испраќа до ЦИК
како што е документот на РО К. бр 20441/2 од 10.04.2023 на кој содржи
име презиме број на лиценца потпис од кандидатите и потпис од
членовите на регионалните изборни комисии, недостигаат изјавите за
прифаќање на кандидатура на сите кандидати освен за регион К.,
недостигаат конечни избирачки списоци за секое избирачко место од
денот на изборите од секој регион од кои може да се утврди на колку
доктори им било дозволено да гласат и кои и колку доктори излегле на
гласање, што за тужителката било клучен доказ а да против законски
учествуале во гласање и донесување на оспорената одлука за
верификација на нивните мандати кои биле бесправно доделени од
Централната и. к.и низа изборни нерегуларности кои се направени во
регион П., К., Т., Ч. , К.., С. Н., Г. В.,Ш.. Понатаму се наведува дека
Записникот од изборно конститутивната седница бр.02-533/6
од
16.05.2023 година воопшто не бил усвоен на седницата па затоа се
поставува прашање како е потпишан од Б. С., а да ниту ЦИК ниту
Верификационата комисија воопшто не го споменала фактот дека од
13
«У-4».бр.«262»/«2023»
страна на тужителката имало приговор врз основа на член 7 од Деловник
за работа на Собранието испратен на меил на 15.05.2023 година до
Верификационата комисија и да д-р Б. Б. го споменал, но да не е
одговорено сеуште по истиот ниту од Верификационата комисија не е
споменат во извештајот и не е земен предвид. Во писмениот завршен
збор повторно како и во погоренаведените поднесоци се наведува да
изборно -конститутивната седница течела во напната атмосфера да не се
искажале делегатите,да седницата била водена од Б. С. наместо од
претседавачот Х. и акцентирајќи дека Б. С. кој е сега актуелен
Претседател на Собранието на СКМ не давал доволно простор на
останатите делегати да се изразат, а особено на Б.Б.и да во видеото и
Ќ.Ф. сам си го толкувал погрешно Правилникот и да јасно од снимката
неговото толкување го спорат повеќе делегати меѓу кои колешката што е
противкандиддат за Претседател Ц. Б. М., и да тоа го потврдил и д-р А. . а
да и Б.и јасно укаѓал да е спорен и мандатот на В. П. дека за истиот е
поднесен приговор, но да никој не ги зел предвид овие излагања и да се
ставила на гласање верфикацијата и не се пристапило кон поединечно
гласање според правилата на постапката, спротивно на член 7 и 8 од
Деловникот за работа на Собранието, верфикационата комисија не
утврдила неправилности и покрај поднесените приговори и да исто така
погрешило и Собранието кое требало да го одложи донесувањето на
одлуката за верификација на мандати и да ја задолжи ЦИК да изврши
дполнителни согледувања и да всушност и Собранието и верфикационата
комисија биле ставени во заблуда од Записникот на ЦИК 20-505/2 од
08.05.2023 година кој не бил во сголасност со член 35 и 36 од
Правилникот за избори и отповикување на членови на регионални одбори,
собранието, претседател на Комора и други органи на комората, бидејќи
во истиот недостасувале информации од член 36 став 4 точка 5 од
Правилникот и да поради тоа се докажува дека предметните оспорени
Уверенија не се издадени согласно Уставот,Законот за здравствена
заштита Статутот и изборните резултати од одржани избори и да
спротивно на член 40 од цитираниот Правилник ЦИК издала уверенија на
неизбрани членови во регионални одбори и неизбрани делегати во
Собрание а да тие учестувале во донесување на сега оспорената одлука
и да е повреден член 225 став 1,2, 3, 4 од Закон за здравствен заштита и
член 19 став 2 и член 57 од Статутот на СКМ и член 8,став 1 точка 16 и
став 2 точка 2 и точка 4 и член 10 став 2 од циитраниот правилник.
Понатаму, се наведува да се сторени повреди на член11 , член 13, 35 и 36
став 2 и став 6 од цитираниот правилник, да ЦИК составила непотполен
записник бр.20-505/2 од 08.05.2023 година. На крајот се наведува да
Судот треба да цени согласно член 27 од Закон за управни спорови за
незаконито управно дејствие за управно дејствие превземано од службено
лице кое требало да биде изземано како и управно дејствие превземено
од колегијален орган чиј член требало да биде иземен се незаконски и да
согласно член 7 од Закон за управни спорови да се почитиува начело на
законитоста дека пониските акти нетреба да бидат над Уставот и законите
14
«У-4».бр.«262»/«2023»
и да член 8 од Уставот е владеење на правото и да член 9 од Уставот
граѓаните да бидат еднакви во слободите и правата независно од пол,
раса, боја на кожа, националното и социјалното потекло, политичкото и
верското уверување, имотна и општествената положба да граѓаните се
еднакви пред уставот и законот како и член 50, 51 и член 52 од Уставот на
Република С.М.. Полномошникот на тужителката предјави трошоци во
вкупен износ од 43.480,00 денари образложени на записник од 17.11.2023
година и плус патни трошоци во износ од 2160,00 денари и тоа 1.800,00
денари за гориво и 360,00 денари за патарини зашто приложи докази .
По заклучување на главната, јавна и усна расправа како и по оценка
на секој доказ посебно и сите докази во заедница едни со други, судот на
ден 24.11.2023 година најде дека:
Тужбата е неоснована.
Од доказите изведени на јавната расправа од списот на предметот,
наводите на тужителката дадени во тужбата, одговор на тужба од
19.06.2023 година, поднесокот од тужителката по електронски пат од
11.09.2023 година, поднесокот од 10.10.2023 година од полномошникот на
тужителката доставен електронски до Судот, доставување на докази од
тужен орган од 19.10.2023 година, поднесок од полномошникот на
тужителката и на ден 03.11.2023 година со прилог поднесок од
тужителката од 03.11.2023 година и наводите дадени на јавна расправа од
тужителката полномошникот на тужителката, полномошникот на тужен
орган и на заинтересирани лица чии мандати за избрани делгати се
оспорени од тужителката, како и податоци објавени на web.страната на
тужен орган во врска со Избори за членови во регионалните одбори,
делегати на Собранието и претседател на С. к.на С.М. одржани 2023
година, Судот ја утврди следната фактичка состојба: Претседателот на С.
к. на С.М., на ден 03.03.2023 година, донел Одлука за распишување
Избори за членови во регионалните одбори, делегати на Собранието и п.
на С. к. на С.М. бр.02-244/1 од 03.03.2023 година, видно да истата е
објавена и на web страна на Комората. По повод одлуката Централната
Изборна Комисија одржала состанок на ден 06.03.2023 година во врска со
Одлуката за распишување на избори, потоа на седница на ден 13.03.2023
година е донесено Упатство за одржување на собир на доктори и
подготовка на обрасци за избори и Избирачки список. На седница одржана
на ден 20.03.2023 година е утврден Роковник за Избори за членови во
регионалните одбори, делегати на Собранието и претседател на С. к. на
С.М. 2023 година. Записникот од 20.03.2023 година е заведен под број 20
289/24 од 03.04.2023 година (кога е усвоен на следната седница). Потоа,
на ден 03.04.2023 година видно од записникот за одржана седница на Ц.
И. К.. (заведен под архивски број 20-374/4 од 13.04.2023 година кога е
усвоен на следна седница) е утврден конечен избирачки список а согласно
известувањата од Претседателите на РО, се утврдил распоред за
15
«У-4».бр.«262»/«2023»
одржување на собири на доктори во сите регионални одбори во период од
05.04.2023 до 12.04.2023 година со цел членовите на секоја регионален
одбор да може да даваат предлози за кандидатури а да потоа достават и
изјави дека прифаќаат кандидатура за членови на регионални одбори и
тоа од по 7 кандидати за секој регионален одбор поединечно утврдени
согласно член 54 од Статутот на С. к.. на Македонија.
Од изведените докази за одржани собири на доктори од сите
регионални одбори поединечно, Судот најде дека се одржале во период
од 05.04.2023 до 12.04.2023 година, видно од записник за РО Д. од
07.04.2023 година, Записник за РО Г. од 10.04.2023 година, Записник за
РО В. од 07.04.2023 година, записиник за РО Б.од 06.04.2023 година,
Запсиник за РО П. од 10.04.2023 година, Записник за РО О. од 11.04.2023
година, Записник за РО К. од 10.04.2023 година, Записник за РО Г.од
10.04.2023 година, Записник за РО К. од 06.04.2023 година, Записник за
РО К. од 10.04.2023 година, Записник за РО Ч. од 12.04.2023 година,
Записник за РО Г. Б. од 07.04.2023, Записник за РО А.од 07.04.2023
година, Записник за РО К. од 07.04.2023 година, Записник за РО К.
07.04.2023 година, Записник за РО Ц. 07.04.2023 година, Записник за РО
С. Н. од 24.04.2023 година, Записник за РО Ш. од 07.04.2023 година,
Записник за РО С. од 07.04.2023 година, Записник за РО С. од 10.04.2023
година, Записници за спроведени избори на членови на РО Одбори и
делегати во Собрание и тоа: за секој РО поединечно, па така записник за
РО П., Записник за РО С. Записник за РО Ш. – Р., Записник за РО А.,
Записник за РО Гевгелија, Записник за РО В., Записник за РО О.и Д., два
Записника за РО К., Записник за РО Кавадарци, Записник за РО Г. Б.,
Записник за РО К. В., Записник за РО К., два Записника за РО Г. Записник
за РО Ц., Записник за РО Д., два Записника за РО Б. (еден за Р.),
Записник за РО С. Н. П., Записник за РО К., Записник за РО Струга –
Вевчани, Записник за РО Ч. Записник за РО К., записник за РО С. Н.
одржан на ден 24.04.2023 година, записник за РО Т. одржан на ден
24.04.2023 година видно од доказите ценети при одлучување со Одлука
на овој Суд У-4 бр.258/2023 од 13.09.2023 година, на кој состанок се
потпишани изјави за прифаќање на кандидатура видно од изјави за
прифаќање на кандитатура од Бобан Антовски заведена под бр.20-482/3
од 24.04.2023 годијна, изјава за прифаќање на кандидатура од Д. Б.,
заведена под бр.20-482/4 од 24.04.2023 година изјава за прифаќање на
кандитатура од Ќ. Ф. заведена под бр.20-482/5 од 24.04.2023 година,
изјави за прифаќање на кандидатура од Л. Е., заведена од бр.20-482/6 од
24.04.2023 година, изјава за прифаќање на кандидатура од С. А. заведена
под бр.20-482/7 од 24.04.2023 година, изјава за прифаќање на
кандидатура од Т.А. заведена под бр.20-482/8 од 24.04.2023 година,
изјава за прифаќање на кандидатура од Ф. А. заведена под бр.20-482/9
од 24.04.2023 година и да истиот записник воопшто не е оспорен ниту
потпишаните изјави за кандидатури од страна на тужителите во
управениот спор одлучен со Одлука на овој Суд У-4 бр.258/2023 од
16
«У-4».бр.«262»/«2023»
13.09.2023 година
Видно од записник од седница на Централна Изборна Комисија
одржана на ден 13.04.2023 година ( заведен под бр.20-444/2 арихивиран
на 25.04.2023 година кога е усвоен на следна седница) првично се
разгледани записници со предлози од одржани собири на доктори од сите
регионални одбори поединечно. Исто така, видно од истиот записник на
седницата на 13.04.2023 година се утврдени листи на предложени
кандидати за членови на РО, утврдени се составите на Регионалните
изборни комисии за секој регионален одбор поединечно за спроведување
на изборите за членови во регионални одбори и делегати, освен за РО
Тетово и РО Св.Николе , по што, закажана следната седница на
Централната изборна комисија за ден 25.04.2023 година (вторник) во
09:00 часот. Видно од записник за одржана седница на Централната
изборна комисија на ден 25.04.2023 година, (заведен под архивски број 20
478/3 од 05.05.2023 година), по отворањето на седницата и по
евидентирање на присуството на членовите, разгледан бил и усвоен
записникот од седницата одржана на ден 13.04.2023 година, и
предложените од повторно одржани собири во РО Т.и РО С. Н. и на таа
седница се утврдени Листите за предложени кандидати кои се доставени
од Регионалните изборни комисии истите се потврдени и се утврдени
составот на Регионална Изборна Комисија за РО Свети Николе и РО Т..
Имено, на оваа седница Централната изборна комисија едногласно го
утврдила датумот на одржување на изборите во сите регионални одбори
на ден 05.04.2023 година од 10 до 15 часот со упатство за одржување на
избори, по што е составено Известување од ЦИК на СКМ бр.20-478/2 од
25.04.2023 година, објавено во два дневни весници и на веб страната.
На седница на Централната изборна комисија на ден 05.05.2023
година видно од записник архивиран под број 20-505/25 од 09.05.2023
година, се разгледувани материјали и записници доставени од секоја
регионална изборна комисија до Централната изборна комисија во врска
одржаните избори и се изготвени решенија за утврдување на состав на
регионални одбори и неспорно е за Судот дека немало официјални
приговори. Врз основа на член 11 од Правилник за избори и
отповикување на членови на регионалните одбори, Собранието,
Претседател на Комората и другите органи на Комората, се формирани со
решение на Централна Изборна Комисија регионалните одбори составени
од пет члена и тоа: претседател, заменик – претседател, секретар и двајца
членови, каде за претседател на регионалниот одбор е избран кандидатот
кој добил најмногу гласови од сите предолжени доктори за членови на
регионалниот одбор, за заменик – претседател на регионалниот одбор е
избран кандидатот кој бил втор по број на гласови од сите предложени
доктори на стоматологија за членови на регионалниот одбор, додека за
секретар е избран кандидатот кој бил трет по број на гласови од сите
предложени доктори за членови на регионалниот одбор. Кандидатите кои
17
«У-4».бр.«262»/«2023»
биле четврти и петти по број на гласови од сите предложени доктори за
членови на регионалниот одбор, се сметаат за избрани членови на
регионалниот одбор. Согласно цитираната одредба од страна на
Централната изборна комисија се изготвени решенија за состав на секој
регионален одбор поединечно.На седница на 09.05.2023 година видно од
записник бр. 20-517/53 од 10.05.2023 година се утврдиле резултатите од
изборите одржани на 04.05.2023 година и истите се објавиле на веб
страната на СКМ. Согласно Изборните резултати и согласно Потврдата
од ЦИК, а што е особено видно од Записниците за спроведени избори по
региони особено спорните региони С. Н. Г., В., К. и Ш. и на секој записник
има потпис од три члена на Регионална изборна комисија во кои што нема
забелешки ниту од членовите, ниту од Избирачките одбори или
Регионалната изборна комисија.
Оттаму, Судот најде дека согласно погорецитираните одредби од
страна на Централна Изборна Комисија се утврдени составите на
регионалните одбори особено видно од Решенијата за утврдување на
состав на Регионален однор на К.бр. 20-505/11 од 09.05.2023година,
Решение за утврдување на состав на Регионален одбор на С. Н. бр.20
505/24 од 09.05.2023 година, Решение за утврдување на состав на
Регионален одбор на Г. бр. 20-505/6 од 09.05.2023 година, Решение за
утврдување на Регионален одбор В.бр. 20-505/5 од 09.05.2023 година,
Решение за утврдување на состав на Регионален одбор Ш. бр. 20-505/17
од 09.05.2023 година. Овој Суд со Одлука У-4.бр.258/2023 од 13.09.2023
година, ја ценел законитоста на Решението за утврдување на составот на
Регионален Одбор Т. за подрачје на општините Т., Б., Б., Ж., Ј. и Т. бр.20
543/2 од 12.05.2023 година како и постапката при избор на членови на
истиот и Уверението бр.20-543/3 од 12.05.2023 година за Ќ. Ф. делегат на
Собрание на С. К. на Македонија и неспорно е утврдено дека дејствијата
се спроведени законито и да поради оставка од лицето Л. Е. од страна на
Централаната изборна комисија врз основа на член 11 во врска со член
16 став 6 точка 14 и член 36 од погорецитираниот Правилникот, е
донесено Решение за утврдување на составот на Регионален Одбор Т. за
подрачје на општините Т., Б., Б., Ж., Ј. и Т.на СКМ бр.20-543/2 од
12.05.2023 година каде во став 1 решението бр 20-505/16 од 05.05.2023
година за утврдување на состав на Регионален одбор Т.и Уверението бр
20-517/38 од 09.05.2023 година на Л. Е.се става вон сила, а во став 2
Централната Изборна Комисија на местото на Л.Е. за петти член е
утврдено лицето Ќ. Ф. Согласно член 17 став 2 од Статутот на С. К. на
Македонија е неспорно дека треба да се почитуваат сите принципи при
кандидирање и избирање на членови на органите на Комората, а тоа е да
се имаат во предвид личните квалитети на поединецот, етничката,
регионалната и половата застапеност на членовите на Комората, при што
се применува принципот на соодветна и правична застапеност на сите
заедници во Република Северна Македонија, согласно со законите.
18
«У-4».бр.«262»/«2023»
Исто така, Судот најде дека на седница на Централна изборна
комисија одржана на
09.05.2023 година согласно утврдениот
предвидениот број на делегати во Собранието на Комората, од секој
регионален одбор поединечно се утврдени делегатите и се изготвени
поединечни Уверенија за секој делегати во Собранието на СКМ , меѓу кои
и сега оспорените Уверенија од страна на тужителката, Уверение на М.П.
бр. 20-517/15 од 10.05.2023 година, Уверение на В. П.бр. 20-517/27 од
09.05.2023, Уверение на А. О.бр. 20-517/29 од 09.05.2023 година,
Уверение на Ќ. Ф. бр. 20-543/3 од 12.05.2023 година, Уверение на М. Д. бр.
20-517/19 од 09.05.2023 година, Уверение на А. А. бр.20-517/22 од
09.05.2023 година, Уверение на Г. К. бр. 20-517/21 од 09.05.2023,
Уверение на С. С. бр.20-517/20 од 09.05.2023, Уверение на З. Н.бр.20
517/52 од 09.05.2023 година, Уверение на Б. С. бр. 20-517/40 од
09.05.2023 година, Уверение на К. Г. бр. 20-517/9 од 09.05.2023 година и
Уверение на Т. Н. бр.20-517/8 од 09.05.2023 година. Видно од цитираниот
записникот од 09.05.2023 кога се изготвени уверенијата е усвоен на
седница одржана на ден 10.05.2023 година, кога и согласно член 4 став 1
од Деловник за работа на Собранието на Стоматолошка комора на
Македонија, на датум утврден од ЦИК на Комората официјално и писмено
го известиле највозрасниот член од делегатите дека изборите се
завршени и решенијата за избор на новите регионални одбори се
доставени до избрани членови на содветениот регионален одбор , а да тој
како претседавач треба да ја свика изборно -конститутивна седница на
новиот состав на Собранието, на ден 16.05.2023 година во 12 часот во
хотел К. С., видно од Известување бр.20-524/3 од 10.05.2023 година до
највозрасниот делегат од новиот состав д-р Х. С., како и од Известување
на веб страната на СКМ под број 20-524/4 од 10.05.2023 година за денот
часот и местото на одржување на изборно конститутивна седница. Исто
така, од страна на Централна Изборна Комисија е составен и Извештај за
утврдување на резултати од гласањето за избор на членови на
регионални одбори и делегати во Собранието на СКМ од сите регионални
одбори, Судот најде дека овој Извештај е заведен под број 20-5432/4 од
12.05.2023 година и е подготвен со цел да се достави до Верификациона
комисија која се формира на закажаната конститутивната седница.
Видно од записник за изборно -конститутивна седница одржана на
16.05.2023 година,заведен под број 02-533/6 од 16.05.2023 година, Судот
најде дека е постапено согласно член 5 од Деловникот за работа на
Собранието на СКМ,на почетокот на изборно-конститутивната седница на
Собранието, до изборот на Претседател се избирало работно
претседателство со кое раководи највозрасниот делегат согласно член 4
од овој Деловник од новиот состав на Собранието, кој е и претседавач на
седницата. Работното претседателство се состои од претседавач и два
члена кои се избираат од избраните делегати од новиот состав на
Собранието, на предлог на претседавачот на седницата и се со мандат до
избор на Претседател на Собранието. За работно претседателство на
19
«У-4».бр.«262»/«2023»
предлог на д-р Х. С. едногласно од сите присутни 51 член се избрани како
претседавач д-р Х. С. и два члена на работно претседателство , д-р Б. С.
и д-р Т. П., видно и од Одлука бр.02-533/7 од 29.05.2023 година, донесена
на самата изборно -конститутивна седница. Потоа согласно член 6 од
цитираниот Деловникот на предлог на претседавачот е избрана
Верификационата комисија во состав на д-р Д. Р., д-р И. Ж. и д-р Г. К., и
тоа
со 32 гласа „за“, 6 „против“ и 8 „воздржани“ по што е определена
пауза за да Верификационата комисија изврши увид во Извештај за
утврдување на резултати од гласањето за избор на членови на
регионални одбори и делегати во Собранието на СКМ од сите регионални
одбори,. По паузата, видно од записникот е презентиран Извештај од
страна на д-р Дејан Ристевски член на Верификациона комисија, а по
завршена дискусија по истиот Верификационата комисија повторно се
повлекла и решила да предложила на присутните членови да во пакет се
верификуваат мандатите на сите 51 делегат по што претседавачот
предлогот го ставил на гласање и за истиот гласале 38 „за“ и 7 „против“.
По носење на оваа одлука се гласало за верификација на мандадите за
сите 51 делегати заедно и тоа видно од записникот се утврди дека со 40
гласа „за“и 6 „против“ се извршила верификација на мандатите и е
донесена Одлука,со која се верификуваат манадати на сите 51 избран
делегат, по што се читала свечената изјава и се потпишувала од страна
на секој делегат поединечно.
Видно од Записникот за изборно-конститутивна седница се
пристапило, кон гласање на Претседател на Собранието на СКМ, и тоа со
писмена подршка од 32 делегати, предложен е за претседател на
Собранието на СКМ д-р Борис Стојанов и истиот е избран со 48 чласа „за“
и 2 „против“ а тој пак ги предлозил за свои заменици д-р Е.З. и д-р Т.П. кои
биле едногласно избрани по што е дадена пауза.
Претседателот на Собранието на Комората, видно од Записникот
од одржана изборно-конститутивната седница на Собранието, продолжил
да ја води седницата и му дал збор д-р Н.Ц. Претседател на Централната
Изборна Комисија кој ги известил делегатите да до него од архива е
доставен писмен предлог за кандидат за Претседател на Комората на д-р
М. Д., поддржан со потписи од 35 делегати со верификуван мандат, и
изјава за прифаќање на кандидатура со програма заведени под архивски
број 20-599/2 а по најавата од Претседателот на Собранието д-р С.дека
се подготвува друга кандидатура, објавил уште една пауза од 30 минути,
по која од архива, до Централна изборна комисија бил доставен и втор
предлог за кандидат, подржан од три Регионални одбори на Комората: РО
А., РО Ц.и РО К., со кој за Претседател на Комората ја предложиле
проф.д-р Ц. Б. М. и да, Централна изборна комисија по увид во
доставените кандидатури, ги прифатил истите како регуларни, а
кандидатите видно од содржината на Записник од изборно
конститутивната седница Судот неспорно утврди дека и двата кадидата
20
«У-4».бр.«262»/«2023»
усмено ги претставиле своите програми за работа за наредниот мандат
пред присутните делегати и да Централна изборна комисија согласно
членот 17 од Деловникот за работа на ЦИК, го подготвила гласачкиот
материјал, и се пристапило кон тајно гласање на секој делегат
поеднинечно Потоа, од страна на Централна изборна комисија се
отворила гласачката кутија и гласачките ливчиња од тајното гласање,
јавно се преборјувале што што се констатирало дека од сите 51 делегат
на Собранието кои гласале, мнозинство од 30 гласа освоил д-р М. Д.
додека за д-р Ц. Б. М. гласале 2 1делегат, со што д-р Денковски бил
избран за Претседател на Комората, по што видно од записникот и по
основ на изборот не е поднесен ниту еден приговор во однос на
спроведената постапка за избор.
Од изложената правна и фактичка состојба, предвид доказите во
списите на предметот, судот одлучи како во изреката на оваа пресуда од
следните причини:
Согласно член 4 алинеја 1 од Деловникот за работа на Централната
изборна комисија, Комисијата во однос на својата работа ги има следните
надлежност и задачи: ги подготвува и спроведува изборите и
отповикувањата на членовите во регионалните одбори, Собранието и
органите на Стоматолошката комора на С.М.. Согласно член 4 алинеја 7
од Деловникот, ги сумира резултатите од избор на претседател на
Стоматолошка комора на Македонија .
Согласно член 17 став 1 од Статут на Стоматолошка комора на
Македонија ( Службен весник на РСМ бр 46/2023 пречистен текст
)Постапката за избор, односно именување и начинот на разрешување,
односно отповикување на членовите на органите на Комората, како и
престанувањето на нивниот мандат се уредени со Закон, овој Статут и
акти на Комората.
Согласно став 2 од истиот член, При кандидирање и избирање на
членови на органите на Комората треба да се имаат во предвид личните
квалитети на поединецот, етничката, регионалната и половата
застапеност на членовите на Комората, при што се применува принципот
на соодветна и правична застапеност на сите заедници во Република
С.М., согласно со законите.
Согласно став 3 од истиот член, Доколку член на Комората кој ќе
биде избран за Претседател на Комора, Претседател на Собрание на
Комора, Претседател на Извршен одбор на Комора, а истовремено е
претседател на организирана форма на здружување на здравствени
работници согласно Законот за здравствената заштита, функцијата
претседател на организираната форма на здружување треба да му
престане во рок од 90 дена по изборот во наведениот орган на Комората.
21
«У-4».бр.«262»/«2023»
Согласно член 18 од Статутот на СКМ, Мандатот на членовите на
Собранието и на органите и телата на Комората почнува да тече од
завршувањето на изборно-конститутивната седница на Собранието. До
изборот на нови органи, избраните делегати и членови на други органи и
тела на Комората продолжуваат да ја вршат својата функција до избор и
верификација на мандати на новите делегати, односно членови на органи
и тела, но не подолго од една година по истекот на мандатот.
Согласно член 19 од Статутот на СКМ, Собранието на Комората (во
натамошниот текст: Собрание) е највисок орган на управување и
одлучување на Комората. Собранието го избираат членовите на Комората
на непосредни, слободни и тајни избори. Собранието го сочинуваат
претставници (делегати) на членовите на Комората, при што се применува
принципот на соодветна регионална и правична застапеност на сите
заедници застапени во Република С.М.. Собранието е составено од 51
делегат. Делегатите на Собранието се избираат со мандат од 5 (пет)
години. Делегатите на Собранието се избираат од редот на активните
членови на Комората, организирани во регионални одбори по местото на
живеење од единствениот избирачки список, со тајно гласање.Докторот на
стоматологија на кого му престанало членството во Комората, согласно
член 15 од овој Статут, нема право да избира, ниту да биде избран за
делегат во Собранието или за член во друг орган или тело на Комората.
Изборите за делегати во Собранието ги распишува Претседателот на
Комората, најдоцна 90 (деведесет) дена пред истекот на мандатот
наСобранието. Изборите ги подготвува и спроведува Централната
изборна комисија на Стоматолошката комора на Македонија, која ја
избира Собранието на Комората.
Согласно член 21 став 1 точка 1,2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8 од Статутот на
СКМ, Собранието ги врши следните работи : донесува Статут на Комората
и врши измени и дополнувања на истиот, донесува годишна програма за
работата на органите и телата на Комората и го разгледува и усвојува
финансискиот план на Комората, разгледува и усвојува извештаи по
годишната програма на сите органи и тела на Комората и го разгледува и
усвојува финасискиот извештај за работата на Комората;, избира и
разрешува Претседател на Комората, избира и разрешува заменици на
Претседателот наКомората; избира и разрешува Претседател на
Собранието и потпретседатели на Собранието; избира и разрешува
членови на Извршниот одбор, на предлог на Комисијата за избори и
именувања, избира и разрешува членови на Надзорниот одбор, на
предлог на Претседателот на Собранието;
Согласно член 22 став 1 од Статутот, Собранието на Комората
работи на седници, согласно Деловникот за работа на Собранието.
22
«У-4».бр.«262»/«2023»
Согласно член 23 став 3 и став 4 од Статутот на СКМ, Собранието
може да работи ако на седницата присуствуваат повеќе од половината од
вкупниот број делегати. Собранието одлучува полноважно со мнозинство
гласови од присутниот број делегати, а ако притоа гласале една третина
од вкупниот број делeгати на Собранието.
Согласно член 52 од Статутот на СКМ, Комората е организирана во
Регионални одбори, коишто опфаќаат една или повеќе општини или дел
од една општина, во зависност од бројот на докторите на стоматологија,
активни членови на Комората, кои имаат адреса на живеење на
подрачјето на Регионалниот одбор. Согласно член 53 од Статутот на СКМ,
Регионалните одбори на Комората го претставуваат и организираат
севкупното членство на докторите на стоматологија од една или повеќе
општини или дел од општина.
Член 54 став 1 од Статутот на СКМ, се наведени таксативно во
точки сите 22 регионални одбори кои се основаат за следниве подрачја
на општините.
Согласно Член 56 од Статутот на СКМ, Регионалните одбори се
состојат од пет члена и тоа: претседател, заменик – претседател, секретар
и два члена. Претседателот ги води и координира работите и ги свикува
седниците на Регионалниот одбор. Регионалниот одбор ги донесува
одлуките со мнозинство гласови од вкупниот број на членови.
Регионалните одбори најмалку еднаш во календарска година свикуваат
собир на докторите на стоматологијата од своето подрачје на којшто
поднесуваат извештај за својата работа и на којшто се повикуваат
претставници на органите на Комората. Работата на Регионалните одбори
се уредува со Деловник за работа, кој го носи Собранието на Комората.
Претседателите на Регионалните одбори еднаш во 6 (шест) месеци
поднесуваат извештај за своите активности до Претседателот на
Комората и пред Извршниот одбор.
Согласно Член 57 од Статутот на СКМ, Кандидат за член на
Регионален одбор на Комората може да биде само активен член на
Комората, кој не е пензионер, на кој не му е изречена мерка од Судот на
честа на Комората најмалку две години пред денот на распишување на
избори и кој има искуство како активен член на Комората најмалку еден
лиценцен период. Кандидат за член на Регионален одбор по исклучок од
став 1 на член 57 може да е и активен член на Комората кој не го
исполнува условот од најмалку еден лиценцен период, доколку се работи
за прв лиценцен период, а кандидатот се занимава со стоматолошка
здравствена дејност како доктор на стоматологија во здравствена
установа на неопределено и полно работно време од најмалку 60% од
23
«У-4».бр.«262»/«2023»
лиценцниот период. Сите активни членови на Комората, кои го
исполнуваат условот од претходните ставови, став 1 и 2 на член 57, може
да бидат предложени од други членови на Регионален одбор или да се
предложат самостојно за член на Регионален одбор, на официјалниот
собир на доктори на стоматологија–членови на Комората, за определен
регион. Секој предлог за член на Регионален одбор задолжително треба
да е образложен со презентирање на моралните, стручните и
организационите способности. Собирот на доктори утврдува 2 (два)
кандидата повеќе за избор од бројот на членови на Регионалниот одбор.
Доколку има повеќе кандидати од предвидениот број, присутните доктори
на стоматологија на собирот на Регионалниот одбор, со јавно гласање се
изјаснуваат за секој кандидат поединечно. Докторите кои ќе добијат
најмногу гласови стануваат кандидати за членови на Регионален одбор и
ја сочинуваат листата на предложени кандидати за членови на
Регионални одбори, која се доставува до Централната изборна комисија
на Комората. Изборот на членови на Регионалните одбори се врши со
тајно гласање од листа на предложени кандидати за членови на
Регионални одбори. Мандатот на членовите на регионалните одбори е пет
(5) години. Начинот на избор на членови на Регионалните одбори и
делегатите во Собранието на Комората се регулира со посебен акт на
Собранието на Комората.
Согласно член 11 став 1 од Правилник за избори и отповикување на
членови на регионалните одбори, Собранието, Претседател на Комората
и другите органи на Комората, Регионалните одбори се состојат од пет
члена и тоа: претседател, заменик – претседател, секретар и двајца
членови. За претседател на регионалниот одбор е избран кандидатот кој
добил најмногу гласови од сите предолжени доктори за членови на
региоланиот одбор. За заменик – претседател на регионалниот одбор е
избран кандидатот кој бил втор по број на гласови од сите предложени
доктори на стоматологија за членови на регионалниот одбор, додека за
секретар е избран кандидатот кој бил трет по број на гласови од сите
предложеи доктори за членови на регионалниот одбор. Согласно членот
11 став 4 од истиот Правилник, Кандидатите кои биле четврти и петти по
број на гласови од сите предложени доктори за членови на регионалниот
одбор, се сметаат за избрани членови на регионалниот одбор. Согласно
членот 11 став 5 од истиот Правилник, При изборот на членови на
регионалните одбори треба да се имаат предвид личните квалитети на
поединецот, соодветната регионална застапеност на сите стоматолошки,
професионални профили, половата и етничката застапеност на членовите
на Комората, при што се применува принципот на соодветна и правична
застапеност на сите заедници во Република С.М..
Согласно член 16 став 1 од истиот Правилникот: Собранието на
Комората е највисок орган на управување и одлучување на Комората.
Согласно став 2 од истиот член и истиот правилник, Собранието го
24
«У-4».бр.«262»/«2023»
избираат членовите на комората на непосредни, слободни и тајни избори
и е составено од 51 делегат, со мандат од 5 години.Согласно став 3 од
истиот член и истиот правилник, Делегатите на Собранието се избираат
од редот на членовите на Комората организирани во регионални одбори,
според местото на живеење согласно одредбите од член 57 од Статутот
на Комората.Согласно став 4 од истиот член и истиот правилник, при
кандидирање и избирање на членови од органите на Комората треба да
се имаат во предвид личните квалитети на поеднинецот, етничката,
регионалната и половата застапеност на членовите на Комората, при што
се применува принципот на соодветна и правична застапеност на сите
заедници во
Република Северна Македонија, согласно со
законот.Согласно став 5 од истиот член и истиот правилник, секој
регионален одбор претставува посебна изборна единица. Согласно член
16 став 6 од истиот правилник, бројот на подрачјата кој ги опфаќаат
Регионални одбори се уредени со член 54 од Статут на Комората и од
секој од утврдените Регионални одбори се делегираат членови на
Собранието на Комората (најмногу пет), почитувајќи ја регионалната,
етничката и половата застапеност а во регионите кои се составени од
повеќе општини задолжително се почитува и застапеноста на делегатите
од помалите општини и тоа:
1)
2)
3)
4)
5)
6)
7)
Регионален
одбор
Делчево,
за
подрачјето
на
општините:Делчево, Берово,Пехчево, Македонска Каменица – 1
делегат,
Регионален одбор Битола,за подрачјето на општините:Битола,
Могила, Новаци, Ресен и Демир Хисар – 5 делегати,од кои
поради принципот на правична застапеност, еден делегат
задолжително е од Могила, Новаци, Ресен или Демир Хисар;
Регионален одбор Велес,за подрачјето на општините:Велес,
Градско и Чашка – 1 делегат;
Регионален
одбор
Гевгелија,
за
подрачјето
на
општините:Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци – 1 делегат;
Регионален одбор
Гостивар, за подрачјето на општините:
Гостивар,Врапчиште, Маврово и Ростуша, Дебар и Центар Жупа –
4 делегати, а поради принципот на правична застапеност, еден
делегат задолжително е од Врапчиште, Маврово и Ростуша,
Дебар или Центар Жупа и еден делегат задолжително е од
недоминантно неалбанско членство;
Регионален одбор Кавадарци, за подрачјето нао пштините:
Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија – 2 делегати,од
кои порадипринципот на правична застапеност еден делегат
задолжително е од Росоман,Неготино или Демир Капија;
Регионален одбор Кичево,за подрачјето на општина Кичево – 2
делегати,од кои поради правична застапеност по еден делегат
задолжително е од македонско и еден делегат од албанско
членство;
25
8)
«У-4».бр.«262»/«2023»
9)
Регионален одбор Кочани,за подрачјето на општините:Кочани,
Виница, Зрновци и Чешиново – Облешево – 1 делегат;
Регионален одбор Куманово,за подрачјето на општините:
Куманово, Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Старо Нагоричане
и Липково – 4 делегати,од кои поради принципот на правична
застапеност, еден делегат задолжително е од Крива Паланка,
Кратово, Ранковце или Старо Нагоричане и еден делегат
задолжително е од недоминантно албанско членство;
10) Регионален одбор Охрид,за подрачјето на општините:Охрид и
Дебарца – 2 делегати;
11) Регионален одбор П., за подрачјето на општините:П., Долнени,
Кривогаштани, Крушево и Македонски Брод – 3 делегати,од кои
поради принципот на правична застапеност, еден делегат
задолжително е од Долнени, Кривогаштани, Крушево или
Македонски Брод;
12) Регионален одбор Струга,за подрачјето на општините: Струга и
Вевчани – 2 делегати, од кои поради принципот на правична
застапеност, еден делегат е од македонско и еден од албанско
членство;
13) Регионален одбор Струмица, за подрачјето на општините:
Струмица, Василево, Босилово и Ново Село – 2 делегати;
14) Регионален одбор Тетово,за подрачјето на општините:Тетово,
Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце – 5
делегати,од кои поради принципот на правична застапеност,
еден делагат е од недоминантно неалбанско членство;
15) Регионален одбор Штип,за подрачјето на општините: Штип,
Радовиш и Конче – 2 делегати, од кои поради принципот на
правична застапеност, еден делегат задолжително е од
Радовиш или Конче;
16) Регионален одбор Центар,за подрачјето на општина Центар – 2
делегати;
17) Регионален одбор Карпош,за подрачјето на општините:Карпош,
Ѓорче Петров и Сарај – 3 делегати,од кои поради принципот на
правична застапеност, еден делегат задолжително е од
недоминантното албанско членство;
18) Регионален одбор Кисела Вода,за подрачјето на
општините:Кисела Вода, Сопиште, Студеничани и Зелениково –
2 делегати;
19) Регионален одбор Аеродром,за подрачјето на општина
Аеродром – 2 делегати;
20) Регионален одбор Гази Баба,за подрачјето на општините: Гази
Баба, Илинден, Петровец и Арачиново-2 делегати;
21) Регионален одбор Чаир,за подрачјето на општините: Чаир,
26
«У-4».бр.«262»/«2023»
Бутел, Шуто Оризари и Чучер-Сандево – 2 делегати, од кои еден
делегат задолжително е од недоминантното неалбанско
членство,поради принципот на правична застапеност;
22) Регионален одбор Свети Николе,за подрачјето на општините:
Свети Николе, Лозово и Пробиштип- 1 делегат.
23)
Согласно член 35 од цитираниот правилник, врз основа на
резултатите од гласањето на сите избирачки места и согласно одредбите
од овој Правилник, Регионалната изборна комисија ги утврдува
резултатите од изборот за членови во регионалните одбори и за делегати
во Собранието на Комората од соодветниот регион.
Согласно член 36 од цитираниот правилник, кога два кандидати
имаат добиено еднаков број гласови, оној кандидат кој има поголем стаж
во Комората станува член на Регионалниот одбор и делегат во
Собранието, а доколку кандидатите кои имаат еднаков број на гласови се
со еднаков стаж во Комората, член на регионалниот одбор станува
кандидатот со повеќе стажкако доктор на стоматологија, што се утврдува
со уверение за положен стручен испит.Резултатите од изборите за
членови на Регионалните одбори и делегати во Собранието на Комората
ги утврдува ЦИК врз основа на резултатите од гласањето во сите изборни
единици.ЦИК ги утврдува резултатите од гласањето во рок определен со
Роковникот и за тоа составува записник.Кога ЦИК ќе ги утврди
резултатите од гласањето, должна е да ги објави, и тоа
1.број на запишаните избирачи по изборни единици
2.бројот на избирачи кои гласале во секоја изборна единица
(процент на излезност
- колку гласови добил секој кандидат поединечно во изборната
единица,
4.колку има неважечки гласачки ливчиња во секоја изборна единица - име и презиме на кандидатите кои се избрани за членови на
Регионален одбор, односно избрани делегати во секоја изборна единица.
Објавување на резултатите се врши со достава на известување од
ЦИК до Изборните комисии и одбори како и до претседателите на
регионалните одбори.
Резултатите се објавуваат и на веб-страната на Комората.
Согласно член 37 став 1 од истиот Правилник, Приговор поради
неправилност во постапката за избор може да поднесе секој избирач за
својата изборна единица како и секој кандидат за член на Регионален
одбор односно делегат во Собранието на Комората.
Согласно став 2 од истиот член и правилник, Приговорот од став 1
на овој член се поднесува во рок од 24 часа по завршување на гласањето,
27
«У-4».бр.«262»/«2023»
во електронска или писмена форма и особено содржи: име, презиме,
адреса, моб.тел.број, е-маил и својство на подносителот на приговорот
односно дали е тој избирач или кандидат во изборниот процес: -опис на дејствијата со кои е повреден изборниот процес како и
посочување на одговорно лице или орган кој истото го сторил.- наведување на повредените одредби од овој Правилник со
поврзување на истите со конкретните сторени дејствија.-наведување на докази и нивно приложување кон самиот текст на
приговорот.-своерачно испишано име, презиме и потпис на подносителот на
приговорот и – копија од Записникoт од член 40, во кој се наведени дејствијата за
повреда.
Согласно став 3 од истиот член и правилник, ЦИК е должна да
донесе решение по приговорот во рок од 48 часа од истекот на рокот од
став 2 на овој член.
Согласно став 4 од истиот член и правилник, ЦИК ќе го разгледува
приговорот само доколку истиот е најавен и е дел од официјалниот
записник на РИК по завршените избори и кој е навремено доставен до
ЦИК.
Согласно член 38 став 3 од истиот Правилник, приговорот е
ненавремен, доколку не е доставен во рокот утврден во член 37 став 2 од
овој Правилник.
Согласно член 39 од истиот Правилник, решенијата на Централната
изборна комисија од членот 38 од овој правилник се конечни и против
истите заинтересирани лица немаат право на правен лек.
Согласно член 40 од правилникот, на избраните членови на
регионални одбори и избрани делегати во собранието, ЦИК им издава
уверение за изборот и согласно Член 41 од правилникот ,Претседателот
на комората го избира Собранието на Комората од редот на своите
членови согласно член 35 од Статутот на Комората.
Согласно член 4 став 1 од Деловник за работа на Собранието на
Стоматолошка комора на Македонија, бр.02-1046/12 од 27.10.2021 година,
изборно -конститутивна седница на новиот состав на Собранието, на
датум утврден од ЦИК на Комората ја свикува највозрасниот делегат од
новиот собраниски состав откако Централната изборна комисија
вопонатамошен текст ЦИК )официјално и писмено ќе го извести дека
изборите се завршени и решенијата за избор на новите делегати на
Собранието се изготвени.
28
«У-4».бр.«262»/«2023»
Согласно член 5 од Деловникот, на почетокот на изборно
конститутивната седница на Собранието, до изборот на Претседател се
избира работно претседателство со кое раководи делегат согласно член 4
од овој деловник од новиот состав на Собранието, кој е и претседавач на
седницата. Работното претседателство се состои од претседавач и два
члена кои се избираат од избраните делегати од новиот состав на
Собранието , на предлог на претседавачот на седницата и се со мандат
до избор на Претседател на Собранието. За работно претседателство
избраните делегати на Собранието се изјаснуват јавно со кревање на
рака.
Согласно член 6 од Деловникот, Претседавачот на Собранието, по
утврдување на бројот на присутните избрани делегати и утврдување на
потребен кворум за работа, му предлага на Собранието избор на
Верификациона комисија. Верификационата комисија се состои од
претседател и два члена, од редот на избраните делегати на новиот
состав на Собранието со мандат од 5 години, кој избор и мандат се
потврдува со гласови на мнозинство од избраните присутни делегати. За
претседателот и членовите на Верификационата комисија делегатите на
Собранието се изјаснуваат јавно, со кревање рака.
Согласно член 8 од Деловникот, Извештајот на Верификационата
комисија претседавачот на седницата го става на расправа пред
членовите на Собранието.По завршениот претрес, гласањето, односно
одлучувањето по извештајот и предлогот се врши во целост, доколку нема
оспорени мандати за одделни членови од страна на Верификационата
комисија.Ако Верификационата комисија ја оспори исправноста на
издаденото уверение за избор на одделни членови и предложи
верификацијата на мандатите за нив да се одложи, за секој таков предлог
Собранието гласа одделно. Гласањето за верификацијата на мандатите е
јавно, со кревање рака.
Согласно член 15 од Деловникот, Изборот на Претседател на
Комората се одвива на седница на која, за да се одржи треба да
присуствуваат повеќе од половината делегати со верифициран мандат во
Собранието.Претседателот на Комората го избира Собранието од редот
на своите членови.Доколку има поднесено само една кандидатура за
Претседател на Комората, за избран Претседател на Комората се смета
единствениот предложен кандидат, само доколку при процедурата на
гласањето добил мнозинство гласови од вкупниот број на делегати со
верифициран мандат во Собранието.
Согласно член 17 став 1 и став 2 од Деловникот, Гласањето за
Претседател на Комората е тајно. Целокупната процедура околу
гласањето, пребројувањето на гласовите и соопштувањето на резултатите
од гласањето е во надлежност на ЦИК и се одвива јавно пред делегатите
29
«У-4».бр.«262»/«2023»
на Собранието.
Врз основа на сето наведено, Судот од погорецитираните
записници од состанокот од собирите на доктори стоматолози, како и
видно од записниците за изборните резултати од одржување на изборите
во сите регионални одбори на ден 05.04.2023 година од 10 до 15 часот
согласно издаденото упатство за одржување на избори, најде дека при
избор на членови на регионални одбори и на делегати за Собрание се
постапило согласно член 57 од Статутот на Стоматолошка комора на
Македонија, да од активните членови кои го исполнувале условот се
предложени на собир на лекари од други членови на регионален одбор а
некои доктори стоматолози видно од доказите сами се предложиле за
членови на Регионален одбор, на официјалниот собир на доктори на
стоматологија–членови на Комората, и да во секој регион поединечно
имало право да се отвори дебата за морални, стручни и организациони
способности. Видно од доказите на собирот на доктори за секој регион
поединечно се утврдувани по 2 (два) кандидата повеќе за избор од бројот
на членови на Регионалниот одбор, а од присутните доктори на
стоматологија на собирите на Регионалниот одбор, со јавно гласање се
изјаснувале за секој кандидат поединечно, па докторите кои добиле
најмногу гласови се ставени како кандидати за членови на Регионален
одбор и ги сочинувале листите на предложени кандидати за членови на
Регионални одбори, која се доставила до Централната изборна комисија
на Комората. Изборот на членови на Регионалните одбори е извршен со
тајно гласање на 05.04.2023 година од листа на предложени кандидати за
членови на Регионални одбори. При изборот на членови на регионалните
одбори покрај личните квалитети на поединецот, соодветната регионална
застапеност на сите стоматолошки, професионални профили, половата и
етничката застапеност на членовите на Комората, е применуван и
принципот на соодветна и правична застапеност на сите заедници во
Република С.М., согласно член 17 став 2 од Статутот на Стоматолошка
Комора на Македонија и член 11 став 5 од Правилник за избор и
отповикување на членови на регионалните одбори, собранието,
претседател на комората и другите органи на комората а да воедно и
согласно член 16 став 6 од истиот правилник, согласно бројот на
подрачјата кој ги опфаќаат Регионални одбори а се уредени 22
регионални одбора согласно член 54 од Статут на Комората и од секој од
утврдените регионални одбори се делегираат членови на Собранието на
Комората согласно погорецитираната одредба член 16 став 6 од
цитираниот правилникот каде е определено број на делегети за секоја
регионален одбор поединечно (најмногу до пет), почитувајќи ја
регионалната, етничката и половата застапеност а во регионите кои се
составени од повеќе општини задолжително се почитува и застапеноста
на делегатите од помалите општини.
Од изложената правна и фактичка состојба, судот оцени дека,
30
«У-4».бр.«262»/«2023»
наводите за незаконитоста на издадените Уверение на избраните
делегати на Собранието на С. к. на Македонија, Уверение на М. П. бр. 20
517/15 од 10.05.2023 година, Уверение на В.П. бр. 20-517/27 од
09.05.2023, Уверение на А. О.бр. 20-517/29 од 09.05.2023 година,
Уверение на Ќ.Ф. бр. 20-543/3 од 12.05.2023 година, Уверение на М.Д. бр.
20-517/19 од 09.05.2023 година, Уверение на А. А. бр.20-517/22 од
09.05.2023 година, Уверение на Г. К.бр. 20-517/21 од 09.05.2023, Уверение
на С. С. бр.20-517/20 од 09.05.2023, Уверение на З. Н. бр.20-517/52 од
09.05.2023 година, Уверение на Б. С. бр. 20-517/40 од 09.05.2023 година,
Уверение на К. Г. бр.20-517/9 од 09.05.2023 година и Уверение на Т.
Н.бр.20-517/8 од 09.05.2023 година, се неосновани од причина што Судот
оцени и утврди дека истите се издадени согласно горе наведените
цитирани членови е спроведена постапката за избор на членови и
делегати на С.Комора, и не е сторена повреда на член 17,18,19, 35 и 36
од Статутот на СКМ во врска со член 11,16,40 од Правилник за избори и
отповикување на членови на регионалните одбори, Собранието,
Претседател на Комората и другите органи на Комората. Имено, од
дејствијата спроведени на изборно-конститутивната седница одржана на
ден 16.05.2023 година видно од погоре изложената фактичка состојба
Судот неспорно утврди дека е постапено согласно членовите 4, 5, 6, 8, од
Деловникот за работа на Собранието на С. комора на Македонија за
постапка за верификација на мандатите на избраните делегати на
Собранието на С. Комора на Македонија а во согласност и со Деловникот
за работа на Централната изборна комисија.
При одлучувањето, судот го ценеше наводот на тужителката даден
во тужбата и во поднесоците погорецитирани од тужителката и од
нејзиниот полномошник како и наводите дадени на јавната расправа и во
завршен збор кој се однесуваат на утврдени помалку гласови на
избраните делегати заинтересираните лице чии мандати се
верификаувани со предметната одлука и да поради тоа е сторена повреда
на членовите 255 став 1,2, 3, 4 од Закон за здравствена заштита, член 19
став 2 и 57 од Статутот на СКМ , член 2,11,35 и 36 од Правилник за
избор и отповикување на членови на регионалните одбори, собранието,
претседател на комората и другите органи на комората и дека Судот во
предметниот управен спор треба да постапи согласно членовите 8, 9, 50,
51 и 52 од Уставот, но овие наводи се неосновани од причина што Судот
од погорецитираните одредби најде дека по утврдените состави на
регионалните одбори истите имаат правен легитимитет и да согласно
утврдените изборни резултати се издадени цитираните уверенија на
делегатите чии мандати се оспорени од тужителката. Неспорно е за Судот
дека на одржаната конститутивно-изборната седница на 16.05.2023 година
согласно член 8 од цитираниот Деловникот за работата на Собранието на
СКМ, Верификационата комисија изврши увид во Извештај за утврдување
на резултати од гласањето за избор на членови на регионални одбори и
делегати во Собранието на СКМ од сите регионални одбори, па да по
31
«У-4».бр.«262»/«2023»
паузата, видно од записникот е презентиран Извештај од страна на д-р
Дејан Ристевски член на Верификациона комисија и по завршена
дискусија по истиот Верификационата комисија повторно се повлекла и
предложила на присутните членови да во целост се верификуваат
мандатите на сите 51 делегат по што претседавачот предлогот го ставил
на гласање и за истиот гласале 38 „за“ и 7 „против“. По носење на оваа
одлука се гласало за верификација на мандадите за сите 51 делегати
заедно и тоа видно од записникот се утврди дека со 40 гласа „за“и 6
„против“ се извршила верификација на мандатите и е донесена Одлука,со
која се верификуваат манадати на сите 51 избран делегат, по што се
читала свечената изјава и се потпишувала од страна на секој делегат
поединечно. Имено, согласно член 8 од Деловникот за работата на
Собранието на СКМ само доколку Верификационата комисија ја оспори
исправноста на издаденото уверение за избор на одделни членови и
предложи верификацијата на мандатите за нив да се одложи, за секој
таков предлог Собранието гласа одделно. Имено, гласањето за
верификацијата на мандатите била јавна, со кревање рака и Судот
утврди дека немало оспорени мандати за одделни членови од страна на
Верификационата комисија, од причина што не е оспорена исправноста на
некое од издадените уверенија за избор на делгати и немало пречка да не
се гласаа во целост за верификација на мандатите на ново избраните
делегати а по дадени свечени изјави поеднинечно од секој делегат е
конституирано новото Собрание на СКМ .Оттаму, Судот најде дека
постапката за избор на членови на регионалните одбори и од нив
делегати за Собранието на Стоматолошката комора на Македонија била
спроведена правилно и законито. Имено, тоа произлегува и од доказите
изведени на главната јавна и усна расправа.
Судот ги ценеше наводите на тужителката да текот на изборно
конститутивната седница се одржала во напната атмосфера, се оспорувал
мандат на колешка Т. кој воопшто не бил спорен и да тоа било само за да
се отргне вниманието од вистинските спорни мандати, а да седницата
била водена од Б. С.наместо од претседавачот Х.и акцентирајќи дека Б.
С. кој е сега актуелен Претседател на Собранието на СКМ не давал
доволно простор на останатите делегати да се изразат, а особено на Б. Б.
и да Ќ. Ф. сам си го толкувал погрешно цитираниот правилникот и да јасно
дека неговото толкување го спореле повеќе делегати меѓу кои колешката
што подоцна била противкандиддат за Претседател Ц. Б. М., и да тоа го
потврдил и д-р А. Е. и да треба согласно член 7, член 8 од Деловникот за
работа на Собрание, да се исправат неправилностите, да е проблемот
што ЦИК издал уверение на незбрани членови во регионални одбори и
делегати во Собрание, но овие наводи се неосновани видно од доказите,
текот на дејствијата превземени на изборно-конститутивната седница е
согласно погорецитираните одредби и видно од записникот изведен како
доказ на која е донесена предметната одлука која се спори само во делот
на верификација на мандатите на сега заинтересирани лица кои се
32
«У-4».бр.«262»/«2023»
делегати во новиот состав на Собрание, Судот најде дека наводите се
неиздржани,
во однос на правото на дебата на седницата не било
ограничено на делегатите кои видно од записникот, д-р Б.., д-р Б. и д-р
Б.С. го искажале својот став и Судот најде дека не е сторена повреда на
постапката.
Судот исто така, ги ценеше и наводите дадени во писмена форма
во завршен збор од страна на полномошникот на тужителката, да во
донесувањето на предметната одлука учествувале неизбрани делегати на
кои им биле издадени Уверенија од страна на централната Изборна
комисија спротивно на Уставот, Законот за здравствена заштита, Статутот
и изборните резултати од одржаните избори на 04.05.2023 но и
нерегуларности при одржување на самите избори, па да поради вишок на
изборни ливчиња спротивно на член 23 став 2 од Правилникот за избори и
отповикување на членови на регионални одбори, собранието,
претседател на комора и други органи на комора, не еквивалентни на
бројот на избирачи во одредени изборни региони кои не се регистирани на
записникот на денот на изборите а истите влијаат на изборниот резултат,
да не се доставени записници за РО Т. да не се архивирани записниците,
да недостигале списоците од сите региони присутни евидентирани
стоматолози со нивни потписи на денот на одржаните собири на доктори
во сите региони кога се предлагале кандидатите за избор на делегати, да
не достасувале листите на предложени кандидати кои се испраќа до ЦИК
како што е документот на РО К. бр 20441/2 од 10.04.2023 на кој содржи
име презиме број на лиценца потпис од кандидатите и потпис од
членовите на регионалните изборни комисии, недостигаат изјавите за
прифаќање на кандидатура на сите кандидати освен за регион К.
недостигаат конечни избирачки списоци за секое избирачко место од
денот на изборите од секој регион од кои може да се утврди на колку
доктори им било дозволено да гласат и кои и колку доктори излегле на
гласање, што за тужителката било клучен доказ а да против законски
учествуале во гласање и донесување на оспорената одлука за
верификација на нивните мандати кои биле бесправно доделени од
Централната изборна комисија и низа изборни нерегуларности кои се
направени во регион П., К., Т., Ч. , К., С. Н., Г. В.,Ш., Судот најде дека се
неосновани од причина што Судот утврди дека целокупниот избирачки
материјал бил доставен од регионалните изборни комисии уредно до
Централната изборна комисија и во однос на изјавите за кандидатури,
немало забелешки, ниту на записниците од денот на изборите немало
забелешки, ниту пак во однос на изборните резултати не биле поднесени
приговори па оттаму Судот најде дека нема повреда на член 35 и 36 став
4 точка 5 од погоре цитираните одредби од Правилникот за избори и
отповикување на членови на регионални одбори, собранието,
претседател на комора и други органи на комора .
Понатаму, се наведува дека Записникот од изборно
конститутивната седница бр.02-533/6 од 16.05.2023 година, да воопшто
33
«У-4».бр.«262»/«2023»
не бил усвоен на седницата, а да е потпишан од Б. С. што Судот најде
дека нема ниту административни формални повреди на процесните
правила на постапката во однос на уредноста на сите погорецитирани
записници, меѓу кои е и Записникот од изборно-конститутивна седница а
да во однос на тужбениот навод да Централната изборна комисија ниту
верификационата комисија воопшто не го споменала фактот дека од
страна на тужителката имало приговор врз основа на член 7 од Деловник
за работа на Собранието испратен на меил на 15.05.2023 година до
верификационата комисија и да д-р Б. Б. го споменал, но да не е
одговорено сеуште по истиот ниту од Верификационата комисија не е
споменат во извештајот и не е земен предвид, Судот најде дека на ден
15.05.2023 година е составен приговорот кој тужителката наведува
наведува во тужбата дека го поднела иако не достави релевантен доказ,
дали го испратила електронски или преку пошта, па Судот најде дека
истиот е насловен до Верификационата комисија на Собранието на СКМ
од 15.05.2023 година и правилно постапила Централната Изборна
Комисија кога не се впуштила во оценување на истиот од причина што
приговор е предвиден само согласно член 37 став 4 од цитираниот
правилник според кој Централната Изборна Комисија треба и ќе го
разгледува приговорот само доколку истиот е најавен и е дел од
официјалниот записник на РИК по завршните избори и кој е навремено
доставен до ЦИК,а во врска со член 37 став 2 од истиот правилник според
кој приговор се поднесува само во рок од 24 часа по завршување на
гласањето, во електронска или писмена форма. Оттаму Судот најде дека
писменото кое тужителката го има поднесено неможе да се подведе под
приговор согласно актите на тужениот орган туку единствено е
предвидена судска заштита, согласно член 3 став 1 точка 1 од Закон за
управни спорови. Исто така, видно од содржината на истиот Судот најде
дека се однесува на изборот на составот на членови и делгати на
Регионален одбор П. а да видно од тужба од електронската евиденција
АКМИС системот на овој Суд тужителката има заведено веќе управен
спор под број У4 бр.206/2023, У-4 бр.207/2023, У-4 бр.212/2023, У-4
бр.213/2023 за избор на членови на Регионален одбор П., пред овој Суд.
Со оглед на сето напред наведено, се одлучи како во изреката на
пресудата.
Во врска со предјавените трошоци како од полномошникот на
тужителката, така и трошоци предјавени од полномошникот на
заинтересираните лица чии манадати ги спори тужителката а се
верификувани со предметната одлука, Судот најде дека се неосновани да
согласно член 86 став 3 од Закон за управни спорови, во конкретниот
случај кога тужбеното барање е одбиено како неосновано, секоја странка
во управниот спор, определена согласно член 19 од Закон за управни
спорови, ги сноси своите трошоци во постапката.
Пресудено во Управен суд, на ден 24.11.2023 година под У
34
«У-4».бр.«262»/«2023»
4.бр.262/2023.
Записничар – помлад судски соработник
Биљана Димовска
Насковска
доц.
С у д и ј а
д-р
Едита
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука е дозволена жалба во рок од 15
дена од приемот на истата преку овој суд до Вишиот управен суд.
НАЛОГ ЗА ТАКСА Се задолжуваат тужителот да платат судска такса за
пресуда во износ од 800,00 денари во рок од 15 дена од приемот на
пресудата и тоа: Како примач : Буџет на РСМ; сметка на примач: 1 000 000
000 630 95; банка на примач : Народна банка на РСМ; уплатна сметка :
840 182 03358 и приходна шифра : 7222 11 0во спротивно, истите ќе се
наплатат присилно преку Управата за јавни приходи зголемени за 50%.
Пресудата да се достави до:- тужителот –полномошник – тужениот орган – преку полномошникот-заинтересирано лице –преку полномошник -заинтересирани лица
Насковска
С у д и ј а
доц.
д-р
Едита