Кои сме ние
Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни докторите на дентална медицина е посветено на унапредување на стоматологијата како професија, подобрување на условите за работа на приватните стоматолошки здравствени установи, издигнување на стандардот на стоматолозите , а се со цел да се обезбеди и даде пред се превентива но и по квалитетна, навремена и современа стоматолошка здравствена услуга на пациентите.
Ние сме посветени на анализа на состојбите во овој сектор, детекција на проблемите и изнаоѓање на решенија за тоа. Нудиме правна помош, практични алатки и едукативна поддршка на стоматолозите и на стоматолошките здравствени установи Северна во Македонија.
Наши суштински принципи
Ние веруваме во иновациите, транспарентноста и ангажманот на членовите на нашето здружение кои се основа за нашиот успех
Нашата мисија
Да ги поттикнеме поединците и да ги подобриме животите преку нашите најсовремени решенија и непоколеблива поддршка
Запознајте го нашиот тим
Краток преглед на нашиот талентиран тим и нивното инспиративно потекло кое ја гради довербата на стоматолозите.

Д-р Жарко Ѓорѓиев
Претседател

Д-р Круме Чесноски
Член

Д-р Дафина Богеска
Член

Спец. Д-р Милан Камчев
Член
НАШИ АКТИВНОСТИ
- Да ја издигнеме стоматолошка професија на пиедестал во интерес на сите наши членови
- Да ги информираме членовите за сите нови методи на методи и терапија
- Да преземеме мерки и дејствија за најповолниот начин за набавка на потребната опрема, материјали и средства за своите членови.
- Мерки и активности за организирање ефикасна сервисна поддршка за стоматолошка опрема.
- Усогласување на работата на стоматолошките установи со стандардите и нормите пропишани со Законот за здравствена заштита и другите прописи од областа на здравството.
- Информирање на Министерството за здравство и инспекциските органи за практични проблеми кои се јавуваат при спроведување на нормите, стандардите и другите прописи и изнаоѓање на начин за нивно надминување
- Покренување иницијатива во Министерството за здравство и други надлежни органи за измена и дополнување на промените на законите и другите прописи.
- Изготвување на анализа и методологија за пресметка на цените на услугите .
- Редовно ги анализираме состојбите во кои се наоѓаат приватните здравствени установи и градиме ставови и предлози за нивно унапредување.
- Покренуваме иницијативи за подобрување на моделот на финансирање.
- Изградуваме ставови и предлози при изготвување на договори со Фондот за здравствено осигурување пред потпишување на истите.
- Воспоставуваме редовна комуникација со здравствените институции и градиме партнерски односи
- Организираме семинари, курсеви и конгреси како дел од процесот на континуирана едукација а со цел издигнување на квалитетото на услугите пружани од тимовите во стоматолошките установи.
- Транспарентност во работата и близок контакт со членовите за донесување на најдобри решенија
- Борба против корупцијата и судирот на интереси во здравствениот сектор