95ea48ca-40ef-4a0e-a0fa-731da8ac2817

Кои сме ние

Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни докторите на дентална медицина е посветено на унапредување на стоматологијата како професија, подобрување на условите за работа на приватните стоматолошки здравствени установи, издигнување на  стандардот на стоматолозите , а се со цел да се обезбеди и даде пред се превентива но и  по квалитетна, навремена и современа стоматолошка здравствена услуга на пациентите. 

Ние сме посветени на анализа на состојбите во овој сектор, детекција на проблемите и изнаоѓање на решенија за тоа. Нудиме правна помош, практични алатки  и едукативна поддршка на стоматолозите и на стоматолошките здравствени установи Северна во Македонија.

Наши суштински принципи

Ние веруваме во иновациите, транспарентноста и ангажманот на членовите на нашето здружение кои се основа за нашиот успех

Нашата мисија

Да ги поттикнеме поединците и да ги подобриме животите преку нашите најсовремени решенија и непоколеблива поддршка

Запознајте го нашиот тим

Краток преглед на нашиот талентиран тим и нивното инспиративно потекло кое ја гради довербата на стоматолозите.

Д-р Жарко Ѓорѓиев

Претседател

Д-р Круме Чесноски

Член

Д-р Дафина Богеска

Член

Спец. Д-р Милан Камчев

Член

НАШИ АКТИВНОСТИ

  • Да ја издигнеме стоматолошка професија на пиедестал во интерес на сите наши членови
  • Да ги информираме членовите за сите нови методи на методи и терапија
  • Да преземеме мерки и дејствија за најповолниот начин за набавка на потребната опрема, материјали и средства за своите членови.
  • Мерки и активности за организирање ефикасна сервисна поддршка за стоматолошка опрема.
  • Усогласување на работата на стоматолошките установи со стандардите и нормите пропишани со Законот за здравствена заштита и другите прописи од областа на здравството.
  • Информирање на Министерството за здравство и инспекциските органи за практични проблеми кои се јавуваат при спроведување на нормите, стандардите и другите прописи и изнаоѓање на начин за  нивно надминување
  • Покренување иницијатива во Министерството  за здравство и други надлежни органи за измена и дополнување на промените на законите и другите прописи.
 
 

 

  • Изготвување на анализа и методологија за пресметка на  цените на услугите .
  • Редовно ги анализираме состојбите во кои се наоѓаат приватните здравствени установи и градиме ставови и предлози за нивно унапредување.
  • Покренуваме иницијативи за подобрување на моделот на финансирање.
  • Изградуваме ставови и предлози при изготвување на  договори со Фондот за здравствено осигурување пред потпишување на истите.
  • Воспоставуваме редовна комуникација со здравствените институции и градиме партнерски односи
  • Организираме семинари, курсеви и конгреси како дел од процесот на континуирана едукација а со цел издигнување на квалитетото на услугите пружани од тимовите во стоматолошките установи.
  •  Транспарентност во работата и близок контакт со членовите за донесување на најдобри решенија
  • Борба против корупцијата и судирот на интереси во здравствениот сектор