«УЖ-1».бр.«34»/«2024»
1
ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ВИШИОТ УПРАВЕН СУД, во совет составен од судиите: м-р Виолета Илиевска –
претседател на советот и судиите м-р Емрије Зубери Амити и Светлана Костова –
членови на советот, со записничар Мартин Толев, помлад судски соработник,
одлучувајќи по жалбата на тужителот Милан Камчев од с.Б., К., изјавена против
Пресудата на Управниот суд У-4.бр.277/2023 од 25.10.2023 година, против
Одлуката за избор на Претседател на Стоматолошка комора на Македонија, на
седницата на советот одржана на ден 14.01.2026 година, донесе:
П Р Е С У Д А
Жалбата на тужителот Милан Камчев од с.Б., К., СЕ УВАЖУВА.
Пресудата на Управниот суд У-4.бр.277/2023 од 25.10.2023 година, СЕ
ПРЕИНАЧУВА И СЕ ОДЛУЧУВА:
Тужбата на тужителот Милан Камчев од с.Б., К., СЕ УВАЖУВА.
Одлуката за избор на претседател на Стоматолошка комора на
Македонија бр.02-533/11 од 29.05.2023 година, на Собранието на Стоматолошка
комора на Македонија, СЕ ПОНИШТУВА.
О б р а з л о ж е н и е
Управниот суд со Пресуда У-4.бр.277/2023 од 25.10.2023 година, тужбата
на тужителот Милан Камчев од с.Б., К., изјавена против Одлуката за избор на
Претседател на Стоматолошка Комора на Македонија бр.02-533/11 од 16.05.2023
година, на Собранието на Стоматолошка Комора на Македонија, архивирана под
бр.02-533/11 од 29.05.2023 година, ја одбил како неоснована.
Против пресудата на Управниот суд жалба изјави тужителот поради
суштетствени повреди на одредбите на постапката, погрешно и нецелосно
утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право со
предлог Вишиот управен суд жалбата да ја уважи, а Пресудата на Управниот суд
да ја поништи.
Вишиот управен суд, по проучување на списите на предметот и
наводите во жалбата, испитувајќи ја побиваната пресуда во смисла на член 79
став 1 од Законот за управните спорови, најде:
Жалбата на тужителот е основана.
Од списите на предметот произлегува дека Претседателот на
«УЖ-1».бр.«34»/«2024»
2
Стоматолошката комора на С.М., на ден 03.03.2023 година, донел Одлука за
распишување Избори за членови во регионалните одбори, делегати на
Собранието и претседател на Стоматолошката комора на С.М. бр.02-244/1 од
03.03.2023 година, објавена и на веб страната на Комората. По одржаните
избори на ден 04.05.2023 година, на ден 08.05.2023 година, бил составен
Записник за утврдување на резултатите од гласањето за ибор на членови на
Регионални одбори и делегати во Собранието на Стоматолошката комора на
Македонија во сите регионални одбори.
Од страна на Централната изборна комисија, согласно член 11 од
Правилникот за избори и отповикување на членови на регионалните одбори,
Собранието, Претседател на Комората и другите органи на Комората биле
изготвени решенија за состав на секој регионален одбор поединечно. Видно од
Записник бр.20-517/53 од 10.05.2023 година, произлегува дека на седница
одржана на ден 09.05.2023 година, се утврдиле резултатите од изборите
одржани на 04.05.2023 година и истите се објавиле на веб страната на
Стоматолошка комора на Македонија. Исто така, на седница на Централна
изборна комисија одржана на 09.05.2023 година, согласно утврдениот и
предвидениот број на делегати во Собранието на Комората, од секој регионален
одбор поединечно биле утврдени делегатите и биле изготвени Уверенија за
делегати во Собранието на Стоматолошка комора на Македонија. Записникот од
09.05.2023 година, кога биле изготвени уверенијата за делегати бил усвоен на
седница одржана на ден 10.05.2023 година, кога и согласно член 4 став 1 од
Деловник за работа на Собранието на Стоматолошка комора на Македонија, на
датум утврден од Централна изборна комисија официјално и писмено го
известиле највозрасниот член од делегатите дека изборите се завршени и
решенијата за избор на новите регионални одбори се доставени до избрани
членови на содветениот регионален одбор, а тој како претседавач треба да ја
свика изборно – конститутивна седница на новиот состав на Собранието, на ден
16.05.2023 година во 12 часот во хотел „Континентал“ С..
Изборно-конститутивната седница на Собранието на Стоматолошка
комора на Македонија се одржала на ден 16.05.2023 година, за што бил составен
и Записник бр.02-533/6. Видно од наведениот запсник, бил предложен следниот
дневен ред за седницата и тоа: избор на записничар и двајца заверувачи на
записникот; Разгледување на записник од Централната изборна комисија за
утврдување на резултати од гласањето за избор на членови на регионални
одбори и делегати во Собрание на Стоматолошка комора на Македонија во сите
регионални одбори; Разгледување на предлог и избирање на членови на
работно претседателство; Разгледување на предлог и избор на членови на
верификациона комисија; Верификација на мандати на делегати на Собранието
на Стоматолошка комора на Македонија; Разгледување и избор на претседател
и двајца заменици на претседател на Собрание на Стоматолошка комора на
Македонија; Избор на претседател на Стоматолошка комора на Македонија и
разно. Во записникот е констатирано дека во однос на предложениот дневен ред
за збор се јавил д-р Бисеркоски, кој имал забелешки на предложениот дневен
ред и тоа во однос на точката за избор на Претседател на Комората, при што
истиот кажал дека смета дека треба да не се стави на дневниот ред. Во однос на
ова д-р Бајрактарова го цитирала член 16 од Деловникот за работа на
«УЖ-1».бр.«34»/«2024»
3
Стоматолошка комнора согласно кој претседател на Комора се бира по член 35
од Статутот, и навела дека Статутот е над сите акти. Исто така, на самиот
записник д-р Стојанов истакнал дека согласно член 35 од Статутот на Комората,
предлозите за Претседател на Комората се поднесуваат од моментот на
верификација на мандатите и најдоцна за 21 ден, а согласно член 35 од
Деловникот за работа на Собранието.
На самата седница бил верификуван мандатот на сите 51 делегат на
Собранието на Стоматолошката комора на Македонија, по што следувало избор
на записничар и двајца заверувачи на записникот, избор на претседател и двајца
потпретседатели на Собранието од редот на делегати со ферификуван мандат,
како и разгледување на предлози и избор на Претседател на Комората. Видно
од наведениот записник на самиот ден на одржување на изборно-конститутивна
седница бил доставен писмен предлог за кандидат на претседател на Комората
при што како претседател го предлагаат д-р Маријан Денковски, подржан со
потписи од 35 делегати со верификуван мандат, како и предлог за кандидат за
претседател на Комората од три Регионални одбори на Комората и тоа: РО А.,
РО Ц. и РО К., кои за претседател на Комората ја предлагаат проф.д-р Цветанка
Бајрактарова. Од предложените кандидати за претседател на Комората на
самиот ден на одржување на изборно-конститутивната седница за претседател
на Стоматолошка комора на Македонија бил избран д-р Марјан Денковски.
Врз основа на вака спроведена постапка Собранието на Стоматолошка
комора на Македонија, согласно член 20 од Деловникот за работ на Собранието,
а во врска со член 21 став 1 точка 4 и член 35 од Статутот на Стоматолошката
комора на Македонија, на изборно-конститутивната седница одржана на ден
16.05.2023 година, донесена е Одлука бр.02-533/11 од 29.05.2023 година, за
избор на претседател на Стоматолошка комора на Македонија, при што како
претседател бил избран д-р Марјан Денковски.
Милан Камчев од с.Б., К., незадоволен од Одлуката за избор на
Претседател на Стоматолошка Комора на Македонија бр.02-533/11 донесена на
ден 16.05.2023 година од Собранието на Стоматолошка Комора на Македонија,
архивирана под бр.02-533/11 од 29.05.2023 година, со тужба повел управен спор
пред Управниот суд.
Управниот суд постапувајќи по тужбата одржал јавна расправа и донел
Пресуда У-4.бр.277/2023 од 25.10.2023 година, со која тужбата на тужителот
Милан Камчев од с. Б., К., изјавена против Одлуката за избор на Претседател на
Стоматолошка Комора на Македонија бр.02-533/11 донесена на ден 16.05.2023
година, од Собранието на Стоматолошка Комора на Македонија, архивирана под
бр.02-533/11 од 29.05.2023 година, ја одбил како неоснована.
Вишиот управен суд наоѓа дека пресудата на Управниот суд е неправилна
и незаконита.
Согласно член 17 став 1 од Статут на Стоматолошка комора на
Македонија (Службен весник на Република С.М. бр.46/2023- пречистен текст),
постапката за избор, односно именување и начинот на разрешување, односно
«УЖ-1».бр.«34»/«2024»
4
отповикување на членовите на органите на Комората, како и престанувањето на
нивниот мандат се уредени со Закон, овој Статут и акти на Комората.
Согласно член 18 од Статутот на Стоматолошка комора на Македонија,
мандатот на членовите на Собранието и на органите и телата на Комората
почнува да тече од завршувањето на изборно-конститутивната седница на
Собранието. До изборот на нови органи, избраните делегати и членови на други
органи и тела на Комората продолжуваат да ја вршат својата функција до избор
и верификација на мандати на новите делегати, односно членови на органи и
тела, но не подолго од една година по истекот на мандатот.
Согласно член 21 став 1 точка 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8 од Статутот на
Стоматолошка комора на Македонија, Собранието ги врши следните работи:
донесува Статут на Комората и врши измени и дополнувања на истиот, донесува
годишна програма за работата на органите и телата на Комората и го разгледува
и усвојува финансискиот план на Комората, разгледува и усвојува извештаи по
годишната програма на сите органи и тела на Комората и го разгледува и
усвојува финасискиот извештај за работата на Комората;, избира и разрешува
Претседател на Комората, избира и разрешува заменици на Претседателот
наКомората; избира и разрешува Претседател на Собранието и потпретседатели
на Собранието; избира и разрешува членови на Извршниот одбор, на предлог на
Комисијата за избори и именувања, избира и разрешува членови на Надзорниот
одбор, на предлог на Претседателот на Собранието;
Согласно член 35 став 1 од Статутот на Стоматолошка комора на
Македонија, Претседателот на Комората го избира Собранието на Комората од
редот на своите членови со верифициран мандат. Согласно став 2 од истиот
член, Претседател на Комората, се избира за период од пет (5) години и исто
лице може да биде избрано најмногу во два последователни мандати, со
можност за повторно кандидирање по пауза од еден мандатен период. Согласно
став 3 од истиот член, кандидат за Претседател на Комората може да биде само
активен член на Комората од најмалку два лиценцни периода, кој не е
пензионер, кој е здравствен работник вработен во здравствена установа на
неопределено работно време, и има најмалку два мандати искуство во работата
на органите на Комората, како и да има способност да воспоставува соработки
со институциите на државата кои имаат ингеренции во работата на
стоматологијата, другите стручни друштва, здруженија и комори и способност за
воспоставување на меѓународна соработка на Комората. Согласно став 4 од
истиот член, овластени предлагачи на кандидат за Претседател на Комората
може да бидат најмалку три Регионални одбори, после верификацијата на
нивните мандати или најмалку 20 (дваесет) делегати на новиот собраниски
состав, после верификација на нивните мандати. Согласно став 5 од истиот
член, предлогот за кандидат за Претседател, кога овластен предлагач се
Регионалните одбори, мора да биде усвоен на официјална седница на
Регионалниот одбор во новоизбраниот состав. Предлогот е важечки доколку за
него гласале мнозинство од членовите на Регионалниот одбор. Согласно став 6
од истиот член, предлогот за кандидат на Претседател, кога овластен предлагач
е Регионалниот одбор, заедно со записникот во оригинал од седницата на
Регионалниот одбор, мора да содржи образложение за квалитетот на кандидатот
«УЖ-1».бр.«34»/«2024»
5
кој го предлагаат. Согласно став 7 од истиот член, предлогот за Претседател на
Комората од Регионален одбор се доставува најдоцна 21 (дваесет и еден) ден
по одржувањето на конститутивно – изборната седница и верификацијата на
мандатите на делегатите на Собранието, во архивата на Стручната служба на
Комората, а адресиран до Централната изборна комисија. Согласно став 8 од
истиот член, предлогот кој потекнува од најмалку 20 делегати со верифициран
мандат од новиот собраниски состав се доставува најдоцна 21 (дваесет и еден)
ден по одржувањето на конститутивно – изборната седница и верификацијата на
мандатите на делегатите на Собранието, во архивата на Стручната служба на
Комората, а адресирани до Централната изборната комисија. Согласно став 9 од
истиот член, Централната изборна комисија со свој акт утврдува кои кандидати
се предложени според пропишаните статутарни процедури и кои кандидати се
прифатени како предлози за Претседател на Комората. Согласно став 10 од
истиот член, актите од ставот 7 и 8 на овој член, како и сите други акти на
Централната изборната комисија се конечни и заинтересираните лица немаат
право на правен лек против истите. Согласно став 11 од истиот член,
кандидатите за претседател имаат обврска да поднесат пишана програма во која
ќе ги изнесат своите ставови и активноста за решавање на проблемите во
ингеренција на Комората, како и изјава за прифаќање на кандидатурата за
претседател, заедно со предлогот, и во рокот од став 7 на овој член. Согласно
став 12 од истиот член, кандидатите, во време од десет минути може да ја
изнесат својата програма на изборната седница на Собранието. Согласно став
13 од истиот член, изборот на Претседател на Комората го врши Собранието со
тајно гласање. За избран се смета кандидатот кој добил мнозинство гласови од
вкупниот број делегати во Собранието. Согласно став 14 од истиот член, по
изборот на функцијата Претседател на Комората, истиот престанува да е
делегат на Собрание, а на местото нов делегат на Собрание стапува следниот
член на Регионалниот одбор со најголем број на гласови од Регионалниот одбор
од кој доаѓа избраниот претседател. Согласно став 15 од истиот член, доколку
бројот на членовите на Регионалниот одбор од определениот регион од кој треба
да се пополни Собранието и кој имал најголем број на гласови на последните
одржани избори е исцрпен, се постапува согласно одредбите од Правилникот за
избор и отповикување на членови во регионални одбори, делегати во Собрание
и Претседател на Стоматолошката комора на Македонија, а кои се однесуваат
на редовни избори за членови на регионални одбори и делегати во Собранието
на Комората. Согласно став 16 од истиот член, постапката за избор на
Претседател подетално се разработува со посебен акт и со Деловникот за
работа на Собранието.
Согласно член 11 став 1 од Деловник за работа на Собранието на
Стоматолошка комора на Македонија, бр.02-1046/12 од 27.10.2021 година, по
конституирањето на Собранието со потпишувањето на Свечените изјави на
делегатите, Претседавачот на Собранието го става предлог-дневниот ред за
понатамошна работа на изборно-конститутивната седница на Собранието на
расправа и усвојување. Согласно став 2 од истиот член во предлог-дневниот ред
на изборно конститутивната седница задолжително треба да стои: избор на
записничар и 2 заверувачи на записникот и избор на Претседател на Собранието
и двајца потпретседатели на Собрание од редоет на избрани делегати со
верифициран мандат во Собранието.
«УЖ-1».бр.«34»/«2024»
6
Согласно член 15 став 1 од истиот Деловник, изборот на Претседател на
Комората се одвива на седница на која, за да се одржи треба да присуствуваат
повеќе од половината делегати со верифициран мандат во Собранието.
Согласно став 2 од истиот член, Претседателот на Комората го избира
Собранието од редот на своите членови. Согласно став 3 од истиот член,
доколку има поднесено само една кандидатура за Претседател на Комората, за
избран Претседател на Комората се смета единствениот предложен кандидат,
само доколку при процедурата на гласањето добил мнозинство гласови од
вкупниот број на делегати со верифициран мандат во Собранието.
Согласно член 16 став 1 од истиот Деловник, изборот за Претседател на
Комората е утврден и се одвива согласно член 35 од Статутот на Стоматолошка
комора на Македонија.
Согласно член 17 став 1 и став 2 од истиот Деловик, гласањето за
Претседател на Комората е тајно. Целокупната процедура околу гласањето,
пребројувањето на гласовите и соопштувањето на резултатите од гласањето е
во надлежност на ЦИК и се одвива јавно пред делегатите на Собранието.
Согласно член 41 од Правилникот за избори и отповикување на членови
на Регионални одбори, Собранието, Претседател на Комората и другите органи
на Комората, бр.02-302/6 од 28.03.2022 година, Претседателот на комората го
избира Собранието на Комората од редот на своите членови согласно член 35
од Статутот на Комората.
Имајќи ги предвид цитираните законски одредби Вишиот управен суд
најде дека Управниот суд со обжалената пресуда погрешно ја одбил како
неоснована тужбата на тужителот и погрешно сметал дека оспорената одлука на
тужениот орган е правилна и законита.
Имено, од доказите во прилог на списите на предметот, поточно од
Одлуката за избор на Претседател на Стоматолошка комора на Македонија, како
и самиот Записник бр.02-533/6 од 16.05.2023 година, од изборно-конститутивната
седница, неспорно произлегува дека изборот на Претседател на Стоматолошка
комора на Македонија е извршен на ден 16.05.2023 година, односно на самиот
ден на одржување на изборно-конститутивната седница.
По мислење на Вишиот управен суд, тужениот орган при донесувањето на
оспорената одлука сторил повредна на одредбите од Статутот на Стоматолошка
комора на Македонија, поточно одредбата од член 35 од Статутот, со која
одредба е уредена постапката за избор на Претседател на Комората.
Имено, неспорно е дека согласно одредбата од член 35 став 4, од
Статутот на Стоматолошката комора на Македонија, овластени предлагачи на
кандидат за Претседател на Комората може да бидат најмалку три Регионални
одбори, после верификацијата на нивните мандати или најмалку 20 (дваесет)
делегати на новиот собраниски состав, после верификација на нивните мандати.
«УЖ-1».бр.«34»/«2024»
7
Иако согласно став 7 и 8 од одредбата од член 35 од наведениот Статут,
предвидува дека предлогот за Претседател на Комората од Регионален одбор,
како и предлогот кој потекнува од најмалку 20 делегати се доставува најдоцна 21
(дваесет и еден) ден по одржувањето на конститутивно – изборната седница и
верификацијата на мандатите на делегатите на Собранието, во архивата на
Стручната служба на Комората, а адресиран до Централната изборна комисија,
видно од Записникот од одржана изборно-конститутивна седница од 16.05.2023
година, предлогот од делегатите и предлогот од три Регионални одбори бил
доставен на самиот ден на одржување на изборно-конститутивната седница, по
што веднаш истиот ден е извршен изборот на Претседателот на Комората, што е
спротивно на одредбата од член 35 од Статутот на Стоматолошка комора на
Македонија.
По мислење на овој суд, неспорно од одредбата од член 35 став 7 и 8 од
Статутот на Стоматолошка комора на Македонија, прозилегува дека предлогот
од Регионалните одбори и предлогот од 20 делегати за Претседател на
Комората, се доставуваат најдоцна 21 (дваесет и еден) ден по одржувањето на
конститутивно – изборната седница и верификацијата на мандатите на
делегатите на Собранието, што значи дека делегатите и Регионалните одбори
своите предлози за претседател на Комората имаат можност да ги достават во
рок од 21 ден по одржувањето на изборно-конститутивната седница на
Собранието на Стоматолошка комора, а во конкретниот случај предлозите од
делегатите и регионалните одбори биле доставени на самата изборно-
конститутивна седница одржана на ден 16.05.2023 година, без притоа да се
запази и рокот од 21 ден за доставување на евентуални предлози за
претседател и од други делегати и регионални одбори, на што основано укажува
и тужителот во жалбата.
Од друга страна, согласно став 8 од членот 35 од Статутот на
Стоматолошка комора на Македонија, предвидено е да кога предлогот за
претседател на Комората е доставен од Регионалните одбори мора да биде
усвоен на официјална седница на Регионалниот одбор во новоизбраниот состав
и заедно со предлогот се доставува и записникот од Регионалниот одбор кој
треба да содржи образложение за квалитетот на кандидатот кој се предлага.
Меѓутоа видно од доказите во прилог на списите на предметот, како и видно од и
од самиот Записник од изборно-конститутивна седица од 16.05.2023 година,
нема доказ дека заедно со предлогот за претседател бил доставен и записник од
страна на Регионалните одбори, а кој предлог за претседател бил прифатен од
страна на Централна изборна комисија и бил ставен на гласање од страна на
делегатите.
По мислење на овој суд основано тужителот во жалбата укажува дека
неправилно е применет член 35 од Статутот на Стоматолошка ккомора на
Македонија, односно дека од одредбата од член 11 од Деловникот за работа на
Собранието неспорно произлегува дека Претседателот на Комората не може да
се избере на истата седница, веднаш по верификација на мандатите на
делегатите и дека наведениот член е во корелација со член 35 од Статутот на
Комората, член 16 од Девникот за работа на Собранието и член 41 од
Правилникот за избори и отповикување на членови на Регионални одбори,
«УЖ-1».бр.«34»/«2024»
8
Собранието, Претседател на Комората и другите органи на Комората, како и
дека согласно членот 35 од Статутот на Комората не може да се гласа за
претседател на Комората истиот ден, веднаш по верификација на мандатите
туку дека требало да се сочека 21 ден, а на продолжение на изборно-
конститутивната седница согласно член 14 од Деловникот за работа на
Собранието да се извере претседател на Комората, како и дека како и дека
предложените кандидати немале доставено пишани програми, архивирани во
архивата на Центарлната изборна комисија, туку дека само усмено ги
презентирале истите, што е спротивно на член 35 став 11 од Статутот на
Комората.
Од овие причини судот смета дека има потреба од повторно одлучување
од страна на тужениот орган. Во повторната постапка тужениот орган треба да ги
има во предвид укажувањата на овој суд дадени во оваа пресуда, правилно да ги
примени одредбите од Статутот на Стоматолошка комора на Македонија,
Деловникот за работа на Собранието на Стоматолошка комора на Македонија и
одрдбите од Правилникот за избори и отповикување на членови на Регионални
одбори, Собранието, Претседател на Комората и другите органи на Комората, и
по правилно и целосно утврдена фактичка состојба да донесе правилна и
законита одлука.
Вишиот управен суд одлучи како во изреката на пресудата согласно член
80 став 4 од Законот за управните спорови.
Пресудено во Виш управен суд на ден «14.1.2026» година под «УЖ-
1».бр.«34»/«2024».
Записничар – помлад судски соработник Претседател на совет – Судија
Мартин Толев с.р. Виолета Илиевска с.р.
/АН
Статут на здружението на приватни здравствени установи и приватни доктори по дентална медицина
Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина – Кавадарци, има за цел да ја унапреди стручната работа на своите членови и да ги информира за новините во дијагностиката и терапијата. Со активностите за организирање на ефикасна сервисна поддршка и усогласување со законските стандарди, здружението се