Решение УЖ-1 бр. 174/2024 на Вишиот Управен суд

Документ од : 14,јули, 2025
Во решението на Вишиот Управен суд, жалбата на тужителот Дафина Богеска е уважена, а пресудата на Управниот суд е укината. Оваа одлука се однесува на оспорувањето на верификацијата на мандатите на избрани делегати во Собранието на Стоматолошката комора на Македонија. Судот утврди дека постапката не била спроведена согласно законските прописи, што довело до неправилности во изборниот процес. Оваа пресуда отвара важни прашања за законитоста на управните акти и правата на членовите на комората. Дознајте повеќе за деталите и последиците од оваа одлука!

Поврзани документи

Целиот текст на

Решение УЖ-1 бр. 174/2024 на Вишиот Управен суд

«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
1
ВИШИОТ УПРАВЕН СУД во совет составен од судиите Виолета Илиевска –
претседател на советот и судиите м-р Емрије Зубери Амити и д-р Субхи Јакупи-
членови на советот, со записничар Ивица Наумоски –судски соработник,
одлучувајќи по жалбата на тужителот Дафина Богеска од П., против Пресудата
на Управниот суд У-4.бр.262/2023 од 24.11.2023 година, по основ оспорување на
одлука за верификација на мандати на избрани делегати во Собрание на
Стоматолошка комора на Македонија,на седницата на советот одржана на ден
14.07.2025 година, донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
I
Жалбата на тужителот Дафина Богеска од П., СЕ УВАЖУВА.
Пресудата на Управниот суд У-4.бр.262/2023 од 24.11.2023 година СЕ
УКИНУВА и предметот се враќа на повторно разгледување и одлучување пред
првостепениот суд.
II
За барањето на тужителот Дафина Богеска од П. за надомест на
трошоците по постапката ќе се одлучува во повторената постапка.
О б р а з л о ж е н и е
Управниот суд со Пресуда У-4.бр.262/2023 од 24.11.2023 година
тужбеното барање на тужителот Дафина Богеска од П., Судот да ја преиначи
Одлуката за верификација на мандати на избрани делегати во Собрание на
Стоматолошка комора на Македонија донесена на 16.05.2023 година,
архивирана под бр. 02-533/2 од 29.05.2023 година на начин што ги поништи
издадените уверенија од страна на Централна изборна комисија при
Стоматолошка комора на Република С.М. за избрани делегати во Собрание и
тоа Уверение на Марјан Пасков бр. 20-517/15 од 10.05.2023 година, Уверение на
Велко Папакоча бр. 20-517/27 од 09.05.2023 Уверение на Акѓул Омерагиќ бр. 20-
517/29 од 09.05.2023 година, Уверение на Ќенан Ферати бр.20-543/3 од
12.05.2023 година, Уверение на Маријан Денковски бр.20-517/19 од 09.05.2023
година, Уверение на Арбен Асани бр.20-517/22 од 09.05.2023 година, Уверение
на Горанчо Колевски бр.20-517/21 од 09.05.2023, Уверение на Снежана
Стојмановска бр.20-517/20 од 09.05.2023, Уверение на Зоран Нунев бр.20-517/52
од 09.05.2023 година, Уверение на Борис Стојанов бр. 20-517/40 од 09.05.2023
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
2
година, Уверение на Константин Гетов бр. 20-517/9 од 09.05.2023 година и
Уверение на Трајан Николов бр.20-517/8 од 09.05.2023 година и да го задолжи
тужениот орган Стоматолошка комора на Македонија – Собрание на
Стоматолошка комора на Македонија да издаде нови управни акти на избраните
делегати согласно изборните резултати го одби како неосновано.
Истовремено Судот со Решение одлучи барањето на тужителот Дафина
Богеска од П. за надомест на трошоците во управен спор во вкупен износ од
45.640,00 денари, да го одбие.
Исто така Судот барањето за надомест на трошоци на заинтересираните
лица Марјан Пасков од Н., Велко Папакоча од К., Ќенан Ферати од Т., Маријан
Денковски од К., Арбен Асани од К., Горанчо Колевски од К. П., Снежана
Стојмановска од К., Акѓул Омерагиќ од С., Зоран Нунев од С. Н., Борис Стојанов
од Р., Константин Гетов од Г., Трајан Николов од В. го одби како неосновано и
одлучи секоја странка да ги сноси своите трошоци во постапката.
Против пресудата на Управниот суд жалба изјави тужителот Дафина
Богеска од П. поради суштествени повреди на одредбите на постапката,
погрешна и непотполно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на
материјалниот закон, со предлог Вишиот управен суд жалбата на тужителот да ја
уважи, пресудата на Управниот суд да се укине и предметот да се врати на
повторно разгледување и одлучување.
Вишиот управен суд, по проучување на списите на предметот, ценејќи ги
наводите во жалбата и испитувајќи ја побиваната пресуда во смисла на член 79
став 1 од Законот за управните спорови, најде:
Жалбата на тужителот Дафина Богеска од П. е основана.
Вишиот управен суд најде дека Управниот суд по одржана расправа на
која ги извел дел од предложените докази утврдил дека Претседателот на
Стоматолошката комора на С.М., на ден 03.03.2023 година, донел Одлука за
распишување Избори за членови во регионалните одбори, делегати на
Собранието и претседател на Стоматолошката комора на С.М. бр.02-244/1 од
03.03.2023 година, а ваквата одлука била објавена и на web страна на Комората.
По повод Одлуката Централната изборна комисија одржала состанок на ден
06.03.2023 година во врска со Одлуката за распишување на избори, а потоа на
седница на ден 13.03.2023 година било донесено Упатство за одржување на
собир на доктори и подготовка на обрасци за избори и Избирачки список. На
седница одржана на ден 20.03.2023 година бил утврден Роковник за избори за
членови во регионалните одбори, делегати на Собранието и претседател на
Стоматолошката комора на С.М. 2023 година. Претседателите на Регионалните
одбори одржале собири на доктори во сите Регионални одбори во период од
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
3
05.04.2023 до 12.04.2023 година со цел членовите на секој регионален одбор да
може да даваат предлози за кандидатури, за да достават и изјави дека
прифаќаат кандидатура за членови на регионални одбори и тоа од по 7
кандидати за секој регионален одбор поединечно утврдени согласно член 54 од
Статутот на Стоматолошка комора на Македонија. Такви собири на доктори биле
одржани од сите регионални одбори поединечно во период од 05.04.2023 до
12.04.2023 година, што произлегувало и од записниците и тоа: од Записник од
РО Делчево од 07.04.2023 година, Записник од РО Гостивар од 10.04.2023
година, Записник од РО Велес од 07.04.2023 година, Записиник од РО Битола
од 06.04.2023 година, Записник за РО П. од 10.04.2023 година, Записник за РО
Охрид од 11.04.2023 година, Записник од РО Куманово од 10.04.2023 година,
Записник од РО Гевгелија од 10.04.2023 година, Записник од РО Кочани од
06.04.2023 година, Записник за РО Кавадарци од 10.04.2023 година, Записник за
РО Чаир од 12.04.2023 година, Записник од РО Гази Баба од 07.04.2023,
Записник од РО Аеродром од 07.04.2023 година, Записник од РО Кичево од
07.04.2023 година, Записник од РО Карпош 07.04.2023 година, Записник од РО
Центар 07.04.2023 година, Записник од РО Свети Николе од 24.04.2023 година,
Записник од РО Штип од 07.04.2023 година, Записник од РО Струмица од
07.04.2023 година, Записник од РО Струга од 10.04.2023 година. Потоа
Централната изборна комисија постапувајќи согласно своите надлежности
одржала седница на ден 13.04.2023 година, а од Записникот од седницата, судот
утврдил дека првично биле разгледани записниците со предлози од одржани
собири на доктори од сите регионални одбори поединечно. Исто така, видно од
содржината на истиот Записник утврдил дека биле утврдени листи на
предложени кандидати за членови на РО, дека биле утврдени составите на
Регионалните изборни комисии за секој регионален одбор поединечно за
спроведување на изборите за членови во регионални одбори и делегати, освен
за РО Тетово и РО Св.Николе, по што, била закажана следна седница на
Централната изборна комисија за ден 25.04.2023 година (вторник) во 09:00
часот. Судот од Записник за одржана седница на Централната изборна комисија
на ден 25.04.2023 година утврдил дека по отворањето на седницата и по
евидентирање на присуството на членовите, разгледан бил и усвоен записникот
од седницата одржана на ден 13.04.2023 година и од повторно одржаните
собири во РО Тетово и РО Свети Николе и на таа седница биле утврдени
листите за предложени кандидати кои биле доставени од Регионалните изборни
комисии, истите биле потврдени и бил утврден составот на Регионална Изборна
Комисија за РО Свети Николе и РО Тетово.
На истата седница, Централната изборна комисија едногласно го
утврдила датумот на одржување на изборите во сите регионални одбори на ден
05.04.2023 година од 10 до 15 часот со Упатство за одржување на избори, по
што било составено Известување од ЦИК на СКМ бр.20-478/2 од 25.04.2023
година, објавено во два дневни весници и на веб страната.
За спроведените избори кои според судот биле правилно спроведени,
биле изготвени Записници за спроведени избори и тоа од секој регионален
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
4
одбор поединечно, односно Записник за РО П., Записник за РО Струмица,
Записник за РО Штип – Радовиш, Записник за РО Аеродром, Записник за РО
Гевгелија, Записник за РО Велес, Записник за РО Охрид и Дебарца, два
Записника за РО Куманово, Записник за РО Кавадарци, Записник за РО Гази
Баба, Записник за РО Кисела Вода, Записник за РО Кочани, два Записника за
РО Гостивар, Записник за РО Центар, Записник за РО Делчево, два Записника
за РО Битола (еден за Ресен), Записник за РО Свети Никола- Пробиштип,
Записник за РО Кичево, Записник за РО Струга – Вевчани, Записник за РО Чаир,
Записник за РО Карпош, Записник за РО Свети Николе, Записник за РО Тетово.
На седница на Централната изборна комисија на ден 05.05.2023 година
видно од Записник број 20-505/25 од 09.05.2023 година, се разгледале
материјали и записници доставени од секоја регионална изборна комисија до
Централната изборна комисија во врска со одржаните избори. Според судот
неспорно било дека немало официјални приговори.
Според Управниот суд правилно била спроведена постапката од
одржаните избори, односно судот утвдил дека врз основа на членот 11 од
Правилникот за избори и отповикување на членови на регионалните одбори,
Собранието, Претседател на Комората и другите органи на Комората, со
решение на Централна Изборна Комисија се формирале Регионални одбори кои
биле составени од пет члена и тоа: претседател, заменик – претседател,
секретар и двајца членови, а за претседател на регионалниот одбор бил избран
кандидатот кој добил најмногу гласови од сите предолжени доктори за членови
на регионалниот одбор, за заменик – претседател на регионалниот одбор бил
избран кандидатот кој бил втор по број на гласови од сите предложени доктори
на стоматологија за членови на регионалниот одбор, додека за секретар бил
избран кандидатот кој бил трет по број на гласови од сите предложени доктори
за членови на регионалниот одбор. Кандидатите кои биле четврти и петти по
број на гласови од сите предложени доктори за членови на регионалниот одбор,
според судот се сметаат за избрани членови на Регионалниот одбор.
На седницата на ден 09.05.2023 година, а што произлегувало и од
Записник бр. 20-517/53 од 10.05.2023 година се утврдиле резултатите од
изборите одржани на 04.05.2023 година и истите биле објавиле на веб страната
на Стоматолошката комора на Македонија. Согласно изборните резултати и
согласно потврдата од Централната изборна комисија, а што било особено
видно и од Записниците за спроведени избори по региони, а особено за спорните
региони Свети Николе, Гевгелија, Велес, Куманово и Штип, на записниците бил
ставен потпис од три члена на Регионална изборна комисија во кои што немало
забелешки ниту од членовите, ниту од избирачките одбори, ниту од
Регионалната изборна комисија.
Со оглед на вака спроведената постапка Собранието на Стоматолошката
комора на Македонија донела Одлука за верификација на мандати на избрани
делегати во Собрание бр.02-533/2 од 29.05.2023 година.
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
5
Незадоволен од вака донесената одлука на Собранието на Стматолошка
комора на Македонија Дафина Богеска од П. повела управен спор пред
Управниот суд .
Тужителот со тужбата предложил Управниот суд тужбата да ја уважи, да
се поништат сите противзаконски издадени уверенија на неизбрани делегати и
да се наложи на ЦИК да издаде уверенија на избраните делегати согласно
изборните резултати, да се поништат сите одлуки донесени од противзаконски
формираното собрание на Стоматолошката комора на Македонија (враќање во
поранешна состојба), а собранието да одржи нова изборно конститутивна
седница со прописно избрани делегати. Сите претходни одлуки донесени со
непрописно составено собрание да се прогласат за ништовни и целата изборно
конститутивна седница да се повтори. Истовремено предложил судот да
определи времена мерка согласно членот 28 став 2 од Законота за управните
спорови, односно да го одложи од извршување оспорениот акт Одлука за
верификација на мандати на избрани делегати во Собрание бр.02-533/2 од
29.05.2023 година до одлучување по тужбата.
Управниот суд со Решение У-4бр.261/23 од 28.06.2023 година барањето
за определување времена мерка го одбил како неосновано. Тужителот не
изјавил жалба и истата одлука станала правосилна.
Управниот суд одлучувајќи по тужба со Пресуда У-4.бр.262/2023 од
24.11.2023 година, (во присуство на заинтересираните лица како на страната на
тужителот така и на страната на тужениот орган) тужбеното барање на
тужителот Дафина Богеска од П., Судот да ја преиначи Одлуката за
верификација на мандати на избрани делегати во Собрание на Стоматолошка
комора на Македонија донесена на 16.05.2023 година, архивирана под бр. 02-
533/2 од 29.05.2023 година на начин што ги поништи издадените уверенија од
страна на Централна изборна комисија при Стоматолошка комора на Република
С.М. за избрани делегати во Собрание и тоа Уверение на Марјан Пасков бр. 20-
517/15 од 10.05.2023 година, Уверение на Велко Папакоча бр. 20-517/27 од
09.05.2023 Уверение на Акѓул Омерагиќ бр. 20-517/29 од 09.05.2023 година,
Уверение на Ќенан Ферати бр.20-543/3 од 12.05.2023 година, Уверение на
Маријан Денковски бр.20-517/19 од 09.05.2023 година, Уверение на Арбен Асани
бр.20-517/22 од 09.05.2023 година, Уверение на Горанчо Колевски бр.20-517/21
од 09.05.2023, Уверение на Снежана Стојмановска бр.20-517/20 од 09.05.2023,
Уверение на Зоран Нунев бр.20-517/52 од 09.05.2023 година, Уверение на Борис
Стојанов бр. 20-517/40 од 09.05.2023 година, Уверение на Константин Гетов бр.
20-517/9 од 09.05.2023 година и Уверение на Трајан Николов бр.20-517/8 од
09.05.2023 година и да го задолжи тужениот орган Стоматолошка комора на
Македонија – Собрание на Стоматолошка комора на Македонија да издаде нови
управни акти на избраните делегати согласно изборните резултати, го одби како
неосновано.
Истовремено Судот со Решение одлучи барањето на тужителот Дафина
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
6
Богеска од П. за надомест на трошоците во управен спор во вкупен износ од
45.640,00 денари, да го одбие.
Исто така Судот барањето за надомест на трошоци на заинтересираните
лица Марјан Пасков од Н., Велко Папакоча од К., Ќенан Ферати од Т., Маријан
Денковска од К., Арбен Асани од К., Горанчо Колевски од К. П., Снежана
Стојмановска од К., Акѓул Омерагиќ од С., Зоран Нунев од С. Н., Борис Стојанов
од Р., Константин Гетов од Г., Трајан Николов од В. го одби како неосновано и
одлучи секоја странка да ги сноси своите трошоци во постапката.
Вишиот управен суд најде дека пресудата на Управниот суд е неправилна
и незаконита.
Согласно член 17 став 1 од Статутот на Стоматолошка комора на
Македонија (Службен весник на Република Македонија број 43/12…20/19 и
Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19…150/2022)
постапката за избор, односно именување и начинот на разрешување, односно
отповикување на членовите на органите на Комората, како и престанувањето на
нивниот мандат се уредени со Закон, овој Статут и акти на Комората.
Согласно став 2 од истиот член, при кандидирање и избирање на членови
на органите на Комората треба да се имаат во предвид личните квалитети на
поединецот, етничката, регионалната и половата застапеност на членовите на
Комората, при што се применува принципот на соодветна и правична
застапеност на сите заедници во Република С.М., согласно со законите.
Согласно став 3 од истиот член, доколку член на Комората кој ќе биде
избран за Претседател на Комора, Претседател на Собрание на Комора,
Претседател на Извршен одбор на Комора, а истовремено е претседател на
организирана форма на здружување на здравствени работници согласно Законот
за здравствената заштита, функцијата претседател на организираната форма на
здружување треба да му престане во рок од 90 дена по изборот во наведениот
орган на Комората.
Согласно член 18 од Статутот, Мандатот на членовите на Собранието и
на органите и телата на Комората почнува да тече од завршувањето на изборно-
конститутивната седница на Собранието. До изборот на нови органи, избраните
делегати и членови на други органи и тела на Комората продолжуваат да ја
вршат својата функција до избор и верификација на мандати на новите делегати,
односно членови на органи и тела, но не подолго од една година по истекот на
мандатот.
Согласно член 19 од Статутот, Собранието на Комората (во натамошниот
текст: Собрание) е највисок орган на управување и одлучување на Комората.
Собранието го избираат членовите на Комората на непосредни, слободни и тајни
избори. Собранието го сочинуваат претставници (делегати) на членовите на
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
7
Комората, при што се применува принципот на соодветна регионална и правична
застапеност на сите заедници застапени во Република С.М.. Собранието е
составено од 51 делегат. Делегатите на Собранието се избираат со мандат од 5
(пет) години. Делегатите на Собранието се избираат од редот на активните
членови на Комората, организирани во регионални одбори по местото на
живеење од единствениот избирачки список, со тајно гласање. Докторот на
стоматологија на кого му престанало членството во Комората, согласно член 15
од овој Статут, нема право да избира, ниту да биде избран за делегат во
Собранието или за член во друг орган или тело на Комората. Изборите за
делегати во Собранието ги распишува Претседателот на Комората, најдоцна 90
(деведесет) дена пред истекот на мандатот на Собранието. Изборите ги
подготвува и спроведува Централната изборна комисија на Стоматолошката
комора на Македонија, која ја избира Собранието на Комората.
Согласно член 22 став 1 и став 2 од Статутот, Собранието на Комората
работи на седници, согласно Деловникот за работа на Собранието. Седниците
на Собранието се изборно-конститутивни, редовни и вонредни.
Согласно член 23 став 1 од Статутот, Собранието на Комората има
Деловник за работа.
Согласно став 3 и став 4 од Статутот, Собранието може да работи ако на
седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број делегати.
Собранието одлучува полноважно со мнозинство гласови од присутниот број
делегати, а ако притоа гласале една третина од вкупниот број делегати на
Собранието.
Согласно член 52 од Статутот, Комората е организирана во Регионални
одбори, коишто опфаќаат една или повеќе општини или дел од една општина, во
зависност од бројот на докторите на стоматологија, активни членови на
Комората, кои имаат адреса на живеење на подрачјето на Регионалниот одбор.
Согласно член 53 од Статутот, Регионалните одбори на Комората го
претставуваат и организираат севкупното членство на докторите на
стоматологија од една или повеќе општини или дел од општина.
Согласно член 54 став 1 од Статутот регионални одбори се основаат за
22 подрачја на општини кои се таксативно наведени.
Согласно член 56 од Статутот Регионалните одбори се состојат од пет
члена и тоа: претседател, заменик – претседател, секретар и два члена.
Претседателот ги води и координира работите и ги свикува седниците на
Регионалниот одбор. Регионалниот одбор ги донесува одлуките со мнозинство
гласови од вкупниот број на членови. Регионалните одбори најмалку еднаш во
календарска година свикуваат собир на докторите на стоматологијата од своето
подрачје на којшто поднесуваат извештај за својата работа и на којшто се
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
8
повикуваат претставници на органите на Комората. Работата на Регионалните
одбори се уредува со Деловник за работа, кој го носи Собранието на Комората.
Претседателите на Регионалните одбори еднаш во 6 (шест) месеци поднесуваат
извештај за своите активности до Претседателот на Комората и пред Извршниот
одбор.
Согласно член 57 од Статутот, Кандидат за член на Регионален одбор на
Комората може да биде само активен член на Комората, кој не е пензионер, на
кој не му е изречена мерка од Судот на честа на Комората најмалку две години
пред денот на распишување на избори и кој има искуство како активен член на
Комората најмалку еден лиценцен период. Кандидат за член на Регионален
одбор по исклучок од став 1 на член 57 може да е и активен член на Комората кој
не го исполнува условот од најмалку еден лиценцен период, доколку се работи
за прв лиценцен период, а кандидатот се занимава со стоматолошка
здравствена дејност како доктор на стоматологија во здравствена установа на
неопределено и полно работно време од најмалку 60% од лиценцниот период.
Сите активни членови на Комората, кои го исполнуваат условот од претходните
ставови, став 1 и 2 на член 57, може да бидат предложени од други членови на
Регионален одбор или да се предложат самостојно за член на Регионален
одбор, на официјалниот собир на доктори на стоматологија-членови на
Комората, за определен регион. Секој предлог за член на Регионален одбор
задолжително треба да е образложен со презентирање на моралните, стручните
и организационите способности. Собирот на доктори утврдува 2 (два) кандидата
повеќе за избор од бројот на членови на Регионалниот одбор. Доколку има
повеќе кандидати од предвидениот број, присутните доктори на стоматологија на
собирот на Регионалниот одбор, со јавно гласање се изјаснуваат за секој
кандидат поединечно. Докторите кои ќе добијат најмногу гласови стануваат
кандидати за членови на Регионален одбор и ја сочинуваат листата на
предложени кандидати за членови на Регионални одбори, која се доставува до
Централната изборна комисија на Комората. Изборот на членови на
Регионалните одбори се врши со тајно гласање од листа на предложени
кандидати за членови на Регионални одбори. Мандатот на членовите на
регионалните одбори е пет (5) години. Начинот на избор на членови на
Регионалните одбори и делегатите во Собранието на Комората се регулира со
посебен акт на Собранието на Комората.
Согласно член 4 алинеја 1 и алинеја 6 од Деловникот за работа на
Централната изборна комисија, Комисијата во однос на својата работа ги има
следните надлежност и задачи: ги подготвува и спроведува изборите и
отповикувањата на членовите во регионалните одбори, Собранието и органите
на Стоматолошката комора на Северна Македонија.; Ги сумира резултатите од
изборите врз основа на извештаите од регионалните изборни комисии и
резултатите од гласање за извор на членови во одборите и делегатите во
Собранието на Стоматолошката комора на Македонија.
Согласно член 11 од Правилник за избори и отповикување на членови на
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
9
регионалните одбори, Собранието, Претседател на Комората и другите органи
на Комората, Регионалните одбори се состојат од пет члена и тоа: претседател,
заменик – претседател, секретар и двајца членови. За претседател на
регионалниот одбор е избран кандидатот кој добил најмногу гласови од сите
предолжени доктори за членови на региналниот одбор. За заменик – претседател
на регионалниот одбор е избран кандидатот кој бил втор по број на гласови од
сите предложени доктори на стоматологија за членови на регионалниот одбор,
додека за секретар е избран кандидатот кој бил трет по број на гласови од сите
предложеи доктори за членови на регионалниот одбор. Кандидатите кои биле
четврти и петти по број на гласови од сите предложени доктори за членови на
регионалниот одбор, се сметаат за избрани членови на регионалниот одбор. При
изборот на членови на регионалните одбори треба да се имаат предвид личните
квалитети на поединецот, соодветната регионална застапеност на сите
стоматолошки, професионални профили, половата и етничката застапеност на
членовите на Комората, при што се применува принципот на соодветна и
правична застапеност на сите заедници во Република Севера Македонија.
Согласно член 16 став и став 2, став 3 и став 4 од истиот Правилник:
Собранието на Комората е највисок орган на управување и одлучување на
Комората. Собранието го избираат членовите на комората на непосредни,
слободни и тајни избори и е составено од 51 делегат, со мандат од 5 години.
Делегатите на Собранието се избираат од редот на членовите на Комората
организирани во регионални одбори, според местото на живеење согласно
одредбите од член 57 од Статутот на Комората. При кандидирање и избирање
на членови од органите на Комората треба да се имаат во предвид личните
квалитети на поеднинецот, етничката, регионалната и половата застапеност на
членовите на Комората, при што се применува принципот на соодветна и
правична застапеност на сите заедници во Република С.М., согласно со законот.
Согласно став 5 од истиот член и истиот правилник, секој регионален
одбор претставува посебна изборна единица.
Согласно член 16 став 6 од истиот Правилник, бројот на подрачјата кој ги
опфаќаат Регионални одбори се уредени со член 54 од Статут на Комората и од
секој од утврдените Регионални одбори се делегираат членови на Собранието
на Комората (најмногу пет), почитувајќи ја регионалната, етничката и половата
застапеност а во регионите кои се составени од повеќе општини задолжително
се почитува и застапеноста на делегатите од помалите општини и тоа: 1)
Регионален одбор Делчево, за подрачјето на општините: Делчево, Берово,
Пехчево, Македонска Каменица – 1 делегат, 2) Регионален одбор Битола за
подрачјето на општините:Битола, Могила, Новаци, Ресен и Демир Хисар – 5
делегати, од кои поради принципот на правична застапеност, еден делегат
задолжително е од Могила, Новаци, Ресен или Демир Хисар; 3) Регионален
одбор Велес.за подрачјето на општините:Велес, Градско и Чашка – 1 делегат; 4)
Регионален одбор Гевгелија, за подрачјето на општините:Гевгелија, Дојран,
Валандово и Богданци – 1 делегат; 5) Регионален одбор Гостивар, за подрачјето
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
10
на општините: Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша, Дебар и Центар Жупа –
4 делегати, а поради принципот на правична застапеност, еден делегат
задолжително е од Врапчиште, Маврово и Ростуша, Дебар или Центар Жупа и
еден делегат задолжително е од недоминантно неалбанско членство; 6)
Регионален одбор Кавадарци, за подрачјето нао пштините: Кавадарци, Росоман,
Неготино и Демир Капија – 2 делегати,од кои поради принципот на правична
застапеност еден делегат задолжително е од Росоман.Неготино или Демир
Капија; 7) Регионален одбор Кичево,за подрачјето на општина Кичево – 2
делегати, од кои поради правична застапеност по еден делегат задолжително е
од македонско и еден делегат од албанско членство; 8) Регионален одбор
Кочани, за подрачјето на општините:Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново –
Облешево – 1 делегат; 9) Регионален одбор Куманово, за подрачјето на
општините: Куманово, Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Старо Нагоричане и
Липково – 4 делегати,од кои поради принципот на правична застапеност, еден
делегат задолжително е од Крива Паланка, Кратово, Ранковце или Старо
Нагоричане и еден делегат задолжително е од недоминантно албанско
членство; 10) Регионален одбор Охрид, за подрачјето на општините:Охрид и
Дебарца – 2 делегати; 11) Регионален одбор П., за подрачјето на општините:П.,
Долнени, Кривогаштани, Крушево и Македонски Брод – 3 делегати, од кои поради
принципот на правична застапеност, еден делегат задолжително е од Долнени,
Кривогаштани, Крушево или Македонски Брод; 12) Регионален одбор Струга, за
подрачјето на општините: Струга и Вевчани – 2 делегати, од кои поради
принципот на правична застапеност, еден делегат е од македонско и еден од
албанско членство; 13) Регионален одбор Струмица, за подрачјето на
општините: Струмица, Василево, Босилово и Ново Село – 2 делегати; 14)
Регионален одбор Тетово за подрачјето на општините:Тетово, Боговиње,
Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце – 5 делегати од кои поради принципот на
правична застапеност, еден делагат е од недоминантно неалбанско членство;
15) Регионален одбор Штип, за подрачјето на општините: Штип, Радовиш и
Конче – 2 делегати, од кои поради принципот на правична застапеност, еден
делегат задолжително е од Радовиш или Конче; 16) Регионален одбор Центар за
подрачјето на општина Центар – 2 делегати; 17) Регионален одбор Карпош, за
подрачјето на општините:Карпош, Ѓорче Петров и Сарај – 3 делегати,од кои
поради принципот на правична застапеност, еден делегат задолжително е од
недоминантното албанско членство; 18) Регионален одбор Кисела Вода за
подрачјето на општините:Кисела Вода, Сопиште, Студеничани и Зелениково – 2
делегати; 19) Регионален одбор Аеродром за подрачјето на општина Аеродром –
2 делегати; 20) Регионален одбор Гази Баба, за подрачјето на општините: Гази
Баба, Илинден, Петровец и Арачиново-2 делегати; 21) Регионален одбор Чаир
за подрачјето на општините: Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер-Сандево – 2
делегати, од кои еден делегат задолжително е од недоминантното неалбанско
членство, поради принципот на правична застапеност; 22) Регионален одбор
Свети Николе, за подрачјето на општините: Свети Николе, Лозово и Пробиштип-
1 делегат.
Согласно член 32 став 1 од истиот Правилник по завршувањето на
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
11
гласањето и по пристигнување на гласачките материјали од сите избирачки
места во регионот, РИК веднаш започнува со утврдувањето на резултатите од
гласањето.
Согласно член 33 од истиот Правилник за својата работа РИК води
записник во кој се внесува: број на избирачките што гласале, број на
неважечките гласачки ливчиња, име и презиме на секој кандидат со назначување
колку гласови добил секој од нив и име и презиме на избраниот кандидат.
Регионалната изборна комисија го проверува целокупниот материјал доставен
од Избирачките одбори и констатира дали она што е наведено во записникот од
Избиракиот одбор соодветствува со доставениот избирачки материјал. Кога ќе се
утврдат резултатите од гласањето во записникот ќе се внесат. Бројот на
избирачите, бројот на избирачите кои гласале и колку вкупно гласови добил секој
кандидат за член на Регионален одбор, односно за делегат во Собранието и број
на неважечки гласачи ливчиња. Во записникот се внесуваат сите околности и
факти кои се од значење за гласањето, како и забелешки и најави за
поднесување на приговор поради неправилност/и од присутните членови на
Избирачките одбори и присутни кандидати за делегати. Доколку во записникот
има најава за поднесување на приговор од член на Избирачки одбор или
кандидат за делегат, подносителот на приговорот има право на копија или слика
на оригиналниот записник. Секој член на Изборната комисија може да даде свои
забелешки коисе внесуваат во записникот. Записникот го потпишуваат сите
членови на Регионалната изборна комисија, како и подносителот на
приговорот/забелешката.
Согласно член 35 од истиот правилник, врз основа на резултатите од
гласањето на сите избирачки места и согласно одредбите од овој Правилник,
Регионалната изборна комисија ги утврдува резултатите од изборот за членови
во регионалните одбори и за делегати во Собранието на Комората од
соодветниот регион.
Согласно член 36 од цитираниот правилник, кога два кандидати имаат
добиено еднаков број гласови, оној кандидат кој има поголем стаж во Комората
станува член на Регионалниот одбор и делегат во Собранието, а доколку
кандидатите кои имаат еднаков број на гласови се со еднаков стаж во Комората,
член на регионалниот одбор станува кандидатот со повеќе стажкако доктор на
стоматологија, што се утврдува со уверение за положен стручен
испит.Резултатите од изборите за членови на Регионалните одбори и делегати
во Собранието на Комората ги утврдува ЦИК врз основа на резултатите од
гласањето во сите изборни единици. ЦИК ги утврдува резултатите од гласањето
во рок определен со Роковникот и за тоа составува записник. Кога ЦИК ќе ги
утврди резултатите од гласањето, должна е да ги објави, и тоа 1. број на
запишаните избирачи по изборни единици; 2.бројот на избирачи кои гласале во
секоја изборна единица (процент на излезност; 3. колку гласови добил секој
кандидат поединечно во изборната единица; 4.колку има неважечки гласачки
ливчиња во секоја изборна единица 5. име и презиме на кандидатите кои се
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
12
избрани за членови на Регионален одбор, односно избрани делегати во секоја
изборна единица. Објавување на резултатите се врши со достава на
известување од ЦИК до Изборните комисии и одбори како и до претседателите
на регионалните одбори. Резултатите се објавуваат и на веб-страната на
Комората.
Согласно член 37 став 1 од истиот Правилник, Приговор поради
неправилност во постапката за избор може да поднесе секој избирач за својата
изборна единица како и секој кандидат за член на Регионален одбор односно
делегат во Собранието на Комората.
Согласно став 2 од истиот член и правилник, Приговорот од став 1 на овој
член се поднесува во рок од 24 часа по завршување на гласањето, во
електронска или писмена форма и особено содржи: име, презиме, адреса,
моб.тел.број, е-маил и својство на подносителот на приговорот односно дали е
тој избирач или кандидат во изборниот процес:-опис на дејствијата со кои е
повреден изборниот процес како и посочување на одговорно лице или орган кој
истото го сторил.-наведување на повредените одредби од овој Правилник со
поврзување на истите со конкретните сторени дејствија.-наведување на докази и
нивно приложување кон самиот текст на приговорот.-своерачно испишано име,
презиме и потпис на подносителот на приговорот и-копија од Записникот од член
40, во кој се наведени дејствијата за повреда.
Согласно став 3 од истиот член и правилник, ЦИК е должна да донесе
решение по приговорот во рок од 48 часа од истекот на рокот од став 2 на овој
член.
Согласно став 4 од истиот член, ЦИК ќе го разгледува приговорот само
доколку истиот е најавен и е дел од официјалниот записник на РИК по
завршените избори и кој е навремено доставен до ЦИК.
Согласно член 38 од истиот Правилник ЦИК поднесениот приговор од
овластен подносител од член 37 став 1 на овој Правилник може со решение: – да
го усвои; – да го отфрли како ненавремен, нецелосен или недозволен или- да го
одбие приговорот како неоснован и да ги потврди резултатите од изборите.
Доколку ЦИК во решавњето на приговорот од член 37 од овој Правилник утврди
дека имало неправилности кои имаат влијание на резултатите на изборите, со
решени ќе го усвои приговорот и ќе ги поништи дејствијата во псотапката за
избор на членови на РО во соодвениот регион и ќе закаже нов датум за
одржување на избори за изборот за членови во Регионалните одбори и делегати
во Собранието од соодвениот регион, во рок кој не е пократок од 10 (десет) и
подолг од 21 (дваесет и еден) календарски ден од денот на донесување на
решението од страна на ЦИК. Приговорот е ненавремен доколку не е доставен
во рокот утврден во член 37 став 2 од овој Правилник. Приговорот е недопуштен
кога предметот на приговорот не се однесува на кат или дејствие во врска со
спроведување на изборите игласањето, или е поднесен од страна на
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
13
неовластено лице или подносителот на приговорот не доставил акт против кој се
поднесува приговорот. Приговорот ќе се отфрли како нецелосен кога не ги
содржи елементите од член 37 став 2 од овој Правилник, или не е јасен и тоа
откако ќе се утврди дека подносителот не постапил согласно известувањето од
ЦИК со кое бил упатен во рок од 5 дена од денот на приемот на известувањето
да го дополни или појасни приговорот. Ако приговорот се однесува на прашања
за кои ЦИК не е надлежна да постапува, во решението со кое се отфрла
приговорот како недопуштен, странката се упатувана надлежен орган. Доколку
вкупниот број на гласачи во избирачкото место во однос на вкупнито број
излезени гласачи во изборната единица идобиените гласови на секој од
предложените кандидати не влијае врз конечниот исход од изборите,
повторување наизборите на соодветното избирачко место нема да се спроведе.
Согласно член 39 од истиот Правилник, решенијата на Централната
изборна комисија од членот 38 од овој правилник се конечни и против истите
заинтересирани лица немаат право на правен лек.
Согласно член 40 од правилникот, на избраните членови на регионални
одбори и избрани делегати во собранието, ЦИК им издава уверение за изборот.
Согласно член 4 став 1 од Деловник за работа на Собранието на
Стоматолошка комора на Македонија бр.02-1046/12 од 27.10.2021 година,
изборно -конститутивна седница на новиот состав на Собранието, на датум
утврден од ЦИК на Комората ја свикува највозрасниот делегат од новиот
собраниски состав откако Централната изборна комисија вопонатамошен текст
ЦИК )официјално и писмено ќе го извести дека изборите се завршени и
решенијата за избор на новите делегати на Собранието се изготвени.
Согласно член 5 од Деловникот, на почетокот на изборно-конститутивната
седница на Собранието, до изборот на Претседател се избира работно
претседателство со кое раководи делегат согласно член 4 од овој деловник од
новиот состав на Собранието, кој е и претседавач на седницата. Работното
претседателство се состои од претседавач и два члена кои се избираат од
избраните делегати од новиот состав на Собранието, на предлог на
претседавачот на седницата и се со мандат до избор на Претседател на
Собранието. За работно претседателство избраните делегати на Собранието се
изјаснуват јавно со кревање на рака.
Согласно член 6 од Деловникот, Претседавачот на Собранието, по
утврдување на бројот на присутните избрани делегати и утврдување на потребен
кворум за работа, му предлага на Собранието избор на Верификациона
комисија. Верификационата комисија се состои од претседател и два члена, од
редот на избраните делегати на новиот состав на Собранието со мандат од 5
години, кој избор и мандат се потврдува со гласови на мнозинство од избраните
присутни делегати. За претседателот и членовите на Верификационата комисија
делегатите на Собранието се изјаснуваат јавно, со кревање рака.
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
14
Согласно член 7 од истиот Деловник по утврдување на составот на
Верификационата комисија, претседавачот дава пауза да да може
Верификационата комисија да изрши увид во извештајот и другите изборни акти
на ЦИК , како и евентуални приговори на изборот на одделни делегати од новиот
состав на Собранието, кои можат писмено да ги поднесат сите активни членови
на Комората, ја утврдува правилноста на изборот согласно Статутот и
Правилникот за избори, по што на Собранието му поднесува извештај.
Извештајот со предлог за верификација на мандатите на членовите на
Собранието го поднесува претседателот на Верификационата комисија. Доколку
Верификационата комисија нема забелешки на правилноста на изборот на сите
избрани делегати предлогот за верификација на мандатот на делегатите на
Собранието се дава во целина за сите избрани делегаи. Доколку
Верификацината комисија оспори издаденоуверени заизбор на одделни членови
и предложи верификацијата на мандатот да се одложи за тие членови, должна е
да ги образложи причините и фактите на Собранието за да може Собранието да
донесе правилна одлука.
Согласно член 8 од Деловникот, Извештајот на Верификационата
комисија претседавачот на седницата го става на расправа пред членовите на
Собранието.По завршениот претрес, гласањето, односно одлучувањето по
извештајот и предлогот се врши во целост, доколку нема оспорени мандати за
одделни членови од страна на Верификационата комисија.Ако Верификационата
комисија ја оспори исправноста на издаденото уверение за избор на одделни
членови и предложи верификацијата на мандатите за нив да се одложи, за секој
таков предлог Собранието гласа одделно. Гласањето за верификацијата на
мандатите е јавно, со кревање рака.
Согласно член 2 од Законот за управните спорови „Службен весник на
Република С.М.“ бр.96/19) Во управен спор се обезбедува судска заштита на
правата и правните интереси на физичките и правните лица против поединечни
управни акти и дејствија на јавните органи во согласност со овој закон.
Согласно член 3 став 1 точка 1 од истиот закон Во управен спор судот
одлучува за: 1) законитоста на конечните поединечни управни акти кои директно
влијаат на правниот статус на тужителот, односно со кои се решава за правата,
обврските и правните интереси на тужителот.
Согласно член 4 став 1 точка 2 и точка 3 од истиот закон Одделни изрази
употребени во овој закон го имаат следното значење: 2) „заинтересирано лице“ е
секое физичко или правно лице на кое поништувањето, укинувањето или
изменувањето на оспорениот акт или дејствие му штети на некое негово право
или правен интерес. 3) „конечен управен акт“ е оној поединечен управен акт
против кој не може да се изјави жалба според прописите кои ја уредуваат
управната постапка.
Согласно член 19 од истиот закон Странки на управниот спор се тужител,
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
15
тужен и заинтересирано лице.
Согласно член 20 од истот закон Тужител е физичко или правно лице коe
смета дека му е повредено право или правен интерес со конечен управен акт
донесен во управна постапка, или во прекршочна постапка, како и со
непостапување на јавен орган во законски утврдениот рок..
Согласно член 23 од истиот закон (1) Заинтересирано лице е секое
физичко или правно лице на кое поништувањето, укинувањето или
изменувањето на оспорениот акт или дејствие му штети на некое негово право
или правен интерес. (2) Се додека постапката во прв степен во управен спор не
е завршена, судот по службена должност или по предлог на странките ќе го
повика заинтересираното лице да се вклучи во постапката. (3) Судот без
одложување ќе ги извести странките за вклучувањето на заинтересираното лице
во управниот спор. (4) Заинтересираното лице во управен спор има положба на
странка.
Согласно член 35 став 1 од истиот закон Судот одлучува во границите на
тужбеното барање, но не е врзан со причините на тужбата.
Согласно член 70 од истиот закон (1) Пресудата може да се побива со
жалба: – поради суштествена повреда на одредбите на постапката; – поради
погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба и – поради погрешна
примена на материјалното право. (2) Суштествена повреда на одредбите на
постапката постои кога Управниот суд во текот на постапката не применил или
неправилно применил некоја одредба од овој закон или на друг закон што ја
регулира постапката, а тоа влијаело или можело да влијае врз донесување на
законита и правилна пресуда. (3) Погрешно утврдена фактичка состојба постои
кога судот некој решителен факт погрешно го утврдил, односно кога не го
утврдил. (4) Нецелосно утврдена фактичка состојба постои кога на тоа укажуваат
фактите или доказите кои странката без успех ги предложила во текот на
постапката. (5) Погрешна примена на материјалното право постои кога судот не
ја применил одредбата на материјалното право што требало да ја примени или
кога таквата одредба не ја применил правилно.
Согласно член 2 алинеја 12 од Законот за општата управна постапка
(„Службен весник на Република Македонија“бр.124/15) Одделни поими во овој
закон го имаат следново значење: – „Реален акт“ е акт или дејствие на јавниот
орган што не е управен акт или управен договор, што може да има правно
дејство врз правата, обврските или правните интереси на некое лице, како што
се јавните информации, примање изјави, водење евиденција, издавање
уверенија, дејствија на извршување и други фактички дејствија;
Согласно член 14 став 1 и 4 од истиот закон 1) Странката има право на
правна заштита против секое управно дејствие или реален акт согласно со
законот. 4) Против реалните акти, како и дејствијата на давателите на услуги од
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
16
општ интерес странката има право на приговор.
Согласно член 56 став 1 и став 2 од истиот закон (1) Јавниот орган е
должен да ги утврди фактите и околностите што се од значење за управното
дејствие со изведување на потребните докази и податоци. (2) Под докази и
податоци, во смисла на овој закон, се подразбираат исправите (уверенија,
сертификати, потврди и друго) кои се издаваат од надлежен орган за кои води
службена евиденција, а што служат за утврдување на фактичката состојба врз
основа на која се решава за правата, обврските или правните интереси на
странките.
Согласно член 102 од истиот закон (1) Јавните органи треба да ги
извршуваат реалните акти во согласност со начелата и одредбите од овој закон.
(2) Странката може да поднесе приговор против реален акт во согласност со овој
закон.
Согласно член 118 став 1 од истиот закон (1) Против реален акт или
негово пропуштање, странката може да изјави управен приговор до јавниот орган
кој го преземал или не го преземал реалниот акт, ако странката тврди дека
нејзините права или правни интереси се повредени од тие дејствија или
неизвршувањето на дејствијата.
Согласно член 119 од истиот член (1) Постапката по приговорот против
реални акти или нивно пропуштање ја спроведува посебна организационата
единица или колегијално тело на јавниот орган кој го издава реалниот акт. (2)
Административниот службеник, односно вработениот кој е одговорен за
побиваниот реален акт или за неговото непреземање не смее да учествува во
постапката. (3) Јавниот орган решава за управниот приговор против реални акти
или нивно пропуштање преку управен акт кој треба да се донесе и достави без
одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена по приемот на приговорот. (4) Против
овој управен акт може да се поведе управен спор пред надлежен суд.
Вишиот управен суд најде дека Управниот суд при донесување на
одлуката сторил суштествени повреди на постапката, а од друга страна иако при
одлучувањето ги имал во предвид дел од горе наведените одредби истите
неправилно ги применил на нецелосно и неправилно утврдена факатичка
состојба, па првостепената одлука е во целост незаконита.
Имено, овој суд најде дека Управниот сторил повеќе суштествени повреди
на одредбите на постапката.
Според Вишиот управен суд првостепениот суд најнапред бил должен да
побара уредување на тужбата, а со оглед да во управен спор може да се
одлучува за законитоста на само еден управен акт.
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
17
Во овој случај судот не само што тоа не го сторил, туку немал во предвид
дека тужителот извршил прецизирање и со поднесок од 03.11.2023 година кога
прецизирал дека ја оспорува Одлуката 02-533/9 од 29.05.2023 година.
Истовремено во овој поднесок тужителот укажал дека во постапката пред
донесување на оваа одлука не се постапило според правилата на постапката.
Спротивно биле издадени уверенија за одредени лица, дека бил спорен целиот
избор во Куманово, Свети Николе, Велес, Гевгелија, Штип, иако регионалните
изборни комисии го утврдиле резултатот врз основа на гласови, што
произлегувало од Записниците, Централната изборна комисија спротивно од
извештаите на утврдените резултати, погрешно ги утврдила резултататите и
издала уверенија на неизбрани кандидати.
Исто така тужителот извршил прецизирање и на одржаната јавна
расправа-кое за овој суд е прешироко поставено, а судот го прифатил како
прецизирање на тужба (иако прецизирањето не било во согласност со
одредбите од Законот за општата управна постапка и Законот за управните
спорови).
Управниот суд одлучувал и за евентуалните правни последици кои можат
да произлезат од поништување на Одлуката за верификација на мандати на
избрани делегати во Собрание бр.02-533/2 од 29.05.2023 година, односно се
впуштил во утврдување на законитоста на уште други акти- уверенија, што сами
по себе се реални акти и за истите треба правилно да се применат горе
наведените законски одредби. Дотолку повеќе што во овој случај другите акти-
уверенијата за кој одлучувал судот се акти кои ги донесува друг орган
Централната изборна комисија.
Исто така според овој суд погрешно го применил институтот
„заинтересирано лице“, односно немал во предвид дека согласно Законот за
управните спорови „заинтересирано лице е секое физичко или правно лице на
кое поништувањето, укинувањето или изменувањето на оспорениот акт или
дејствие му штети на некое негово право или правен интерес“. Од содржината на
оваа одредба неспорно произлегува дека заинтересирано лице може да се јави
само на страната на тужениот, а додека друга е правната ситуација ако се јават
други лица на страната на тужителите, како што е во овој случај, па судот
согласно членот 14 став 1 од Законот за управните спорови доколку и понатаму
лицата сакаат да се јават како замешувачи или сопарничари ќе треба да ги
примени одредбите од Законот за парнична постапка, доколку се исполнети
условите за истото, а за што одлучува судот, секако имајќи во предвид дека
заинтересираното лице има својство на странка во управниот спор.
Од друга страна овој суд најде дека се сторени суштествени повреди и од
причина што во првостепената пресуда е нејасна и во самиот диспозитив и во
образложението. Во уводниот дел се наведени заинтересираните лица и на
страната на тужителот и на страната на тужениот, но во диспозитивот на
одлуката истите не се наведени, освен во решението за трошоците. Исто така во
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
18
образложението на пресудата не се наведени причините за решителните факти,
односно истите се нејасни или противречни. Според овој суд Управниот суд ги
навел фактите кои сметал дека се битни при одлучувањето, не произнесувајќи се
на противречноста на истите, а која произлегува со правилна оценка на сите
докази, што ја прави пресудата незаконита.
Од горе наведеното произлегува дека првостепениот суд и нецелосно и
неправилно ја утврдил фактичката состојба.
Вишиот управен суд најде дека во конкретниов случај постапката за
изборите за делегати во Собранието на Стоматолошка комора на Македонија е
строго регулирана во Закон за здравствена заштита и подзаконските акти
донесени од страна на Комората.
Имено, најнапред во членот 255 став став 4 од Законот за здравствена
заштита е предвидено дека секој член на комората има право да учествува на
изборите на претставниците на членовите на собранието, односно како што
укажува и тужителот без ограничување и дискриминација да учествува на
изборите да бира и да биде биран. Од друга страна и во подзаконските акти – во
Статутот на Стоматолошката комора на Македонија, во Деловникот за работа на
Собранието на Стоматолошката комора на Македонија, во Правилникот за
избори и отповикување на членови на регионалните одбори, Собранието,
Претседател на Комората и другите органи на Комората, во Деловникот за
работа на Централната изборна комисија постојат одредби во кои децидно е
предвидено постапувањето на секој орган на Комората, а во врска со
надлежноста при спроведување на постапка за избор на делегати во
Собрението.
Во конкретниов случај Дафина Богеска од П. повела управен спор
оспорувајќи ја Одлуката на Собранието на Стоматолошката комора на
Македонија, а со која Собранието на изборно-конститутивната седница одржана
на ден 16.05.2023 година ги верификувала мандатите на членови на Собранието
на Комората. Со оваа одлука на предлог на Верификационата комисија биле
верификувани мандати од сите 51 (педесет и еден) член на Собранието на
Комората. По верификација на мандатот, читање и потпишување на свечена
изјава од страна на сите члнови на Собранието тие стануваат делегати во
Собранието и ги стекнуваат сите права и должности утврдени со Статутот и
Деловникот за работа на собранието. Оваа одлука стапува на сила на денот на
нејзиното донесување.
Неспорно е дека во членот 7 од Деловник за работа на Собранието на
Стоматолошка комора на Македонија бр.02-1046/12 од 27.10.2021 година, е
предвидено дека по утврдување на составот на Верификационата комисија,
претседавачот дава пауза да да може Верификационата комисија да изрши увид
во извештајот и другите изборни акти на ЦИК како и евентуални приговори на
изборот на одделни делегати од новиот состав на Собранието, (кои можат
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
19
писмено да ги поднесат сите активни членови на Комората).
Неспорно е дека Централната изборна комисија има задача да ја
утврдува правилноста на изборот согласно Статутот и Правилникот за избори,
односно дека изборите ги подготвува и спроведува Централната изборна
комисија на Стоматолошката комора на Македонија, која ја избира Собранието
на Комората.
Неспорно е дека начинот на избор на членови на Регионалните одбори и
делегатите во Собранието на Комората се регулира со посебен акт на
Собранието на Комората, како и дека Собранието го избираат членовите на
комората на непосредни, слободни и тајни избори и е составено од 51 делегат,
со мандат од 5 години. Делегатите на Собранието се избираат од редот на
членовите на Комората организирани во регионални одбори, според местото на
живеење согласно одредбите од член 57 од Статутот на Комората. При
кандидирање и избирање на членови од органите на Комората треба да се
имаат во предвид личните квалитети на поеднинецот, етничката, регионалната и
половата застапеност на членовите на Комората, при што се применува
принципот на соодветна и правична застапеност на сите заедници во Република
Северна Македонија, согласно со законот.
Неспорно е дека по завршувањето на гласањето и по пристигнување на
гласачките материјали од сите избирачки места во регионот, РИК веднаш
започнува со утврдувањето на резултатите од гласањето. РИК води записник во
кој се внесува: број на избирачите што гласале, број на неважечките гласачки
ливчиња, име и презиме на секој кандидат со назначување колку гласови добил
секој од нив и име и презиме на избраниот кандидат. Регионалната изборна
комисија го проверува целокупниот материјал доставен од Избирачките одбори и
констатира дали она што е наведено во записникот од Избиракиот одбор
соодветствува со доставениот избирачки материјал.
Резултатите од изборите за членови на Регионалните одбори и делегати
во Собранието на Комората ги утврдува ЦИК врз основа на резултатите од
гласањето во сите изборни единици. ЦИК ги утврдува резултатите од гласањето
во рок определен со Роковникот и за тоа составува записник. Кога ЦИК ќе ги
утврди резултатите од гласањето, должна е да ги објави, и тоа 1. број на
запишаните избирачи по изборни единици; 2.бројот на избирачи кои гласале во
секоја изборна единица (процент на излезност; 3. колку гласови добил секој
кандидат поединечно во изборната единица; 4.колку има неважечки гласачки
ливчиња во секоја изборна единица 5. име и презиме на кандидатите кои се
избрани за членови на Регионален одбор, односно избрани делегати во секоја
изборна единица. Објавување на резултатите се врши со достава на
известување од ЦИК до Изборните комисии и одбори како и до претседателите
на регионалните одбори. Резултатите се објавуваат и на веб-страната на
Комората.
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
20
Неспорно е дека приговор поради неправилност во постапката за избор
може да поднесе секој избирач за својата изборна единица како и секој кандидат
за член на Регионален одбор односно делегат во Собранието на Комората, а
согласно членот 37 став 2 Правилникот за избори и отповикување на членови на
регионалните одбори, Собранието, Претседател на Комората и другите органи
на Комората, каде е предвидено дека Приговорот од став 1 на овој член се
поднесува во рок од 24 часа по завршување на гласањето, во електронска или
писмена форма и особено содржи: име, презиме, адреса, моб.тел.број, е-маил и
својство на подносителот на приговорот односно дали е тој избирач или
кандидат во изборниот процес:-опис на дејствијата со кои е повреден изборниот
процес како и посочување на одговорно лице или орган кој истото го сторил.-
наведување на повредените одредби од овој Правилник со поврзување на
истите со конкретните сторени дејствија.-наведување на докази и нивно
приложување кон самиот текст на приговорот.-своерачно испишано име, презиме
и потпис на подносителот на приговорот и-копија од Записникот од член 40, во
кој се наведени дејствијата за повреда.
Токму во ставот 3 од истиот член ЦИК е должна да донесе решение по
приговорот во рок од 48 часа од истекот на рокот од став 2 на овој член, а
едонесеното решение е конечно согласно членот 39 од истиот правилник..
Во оваа ситуација, а како што укажува тужителот Дафина Богеска од П.,
поднела Приговор на ден 15.05.203 година, со барање верификацијата на
мандати да запре додека не се утврди од страна на Централната изборна
комисија при Комората дека во објавениот Записник со утврдени резултати од
изборите одржани на ден 04.05.2023 година, согласно членот 35 и членот 36 од
Правилникот за избори и отповикување на членови на регионалните одбори,
Собранието, Претседател и другите органи на Комората, недостасуваат
информации опишани во членот 36 став 4 точка 5, односно се додека не се
утврди дека им е доделено уверение за избран делегат согласно изборниот
резултат.
Во самиот приговор Дафина Богеска укажала дека дека во Записникот
нема име и презиме на кандидатите кои се избрани за членови на Регионален
одбори, односно избрани делагати во секоја изборна единицица, што е
задолжителен елемент, како и на други неправилности во однос на издавање на
уверенија на лица на кои им било издадено спротивно на изборните резултати,
посочувајќи ја Регионалната изборна комисија за подрачјето П., каде според
изборните резултати требало да влезат Ана Чрипеска Тренкоска која имала 28
гласа, Благоја Бисеркоски кој имал 22 гласа и Катерина Биковска Ценковска која
исто така имала 22 гласа, а не Вељко Папакоча кој имал само 10 гласа. На овој
начин органите на комората не дозволиле изборите да бидат непосредни,
слобни и тајни и да ја отсликаат волјата на членовите кои гласале. И покрај
ваквиот приговор се одржала изборно-конститутивната седница на Собранието
на ден 16.05.2023 година и Собранието на СКМ одлучила да гласа за
верификација на мандатите на сите 51 делегат неземајќи ги во предвид
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
21
забелешките за неправилноста на изборот на сите избрани делегати.
Според овој суд Управниот суд имајќи ја содржината на Записникот од
изборно конститутивната седница на Собранието на СКМ бр.02-533/6 од
16.05.2023 година, како и Приговорот на кој се повикува тужителот, ќе треба да
утврди дали Приговорот бил проследен до ЦИК како орган кој е надлежен за
одлучување по приговорот. Ова дотолку повеќе што Верификационата комисија
по истиот воопшто не се произнела, а дали надлежната ЦИК за ваков вид
приговори се произнела н е утврдено, а ова за овој суд претставува преходно
прашање по кое и тужениот орган требало да се произнесе. Од друга страна во
овој слуај постојат забелешки по однос регуларност на мандатот на д-р Ферати и
за уверението на д-р Тренадавилова Стрезвоска, но сепак Верификационата
комисија го ставила предлог за верификација во целина за сите избрани
делегати.
Управниот суд при одлучувањето требало да го има ова при
одлучувањето, односно дека објавување на резултатите се врши со достава на
известување од ЦИК до Изборните комисии и одбори како и до претседателите
на регионалните одбори. Резултатите се објавуваат и на веб-страната на
Комората.
Судот немал во предвид дека Верификационата комисија доколку имало
ваков приговор требало да ја запре постапката се до донесување на одлука од
Централната изборна комисија, која е конечен акт. Оттаму е спорно и како ЦИК
издала уверение за избрани делегати, а кои за тужителот и за овој суд се
спорни.
Напротив судот се впуштил во утврдување и на законитоста на
донесените уверенија за избрани делегати, односно за акти кои можат да бидат
предмет на посебна заштита, а како е и предвидено, без притоа да има во
предвид дека на самиот ден на изборите РО укажуваат на постоење на вишок
ливчиња, па без увид во целокупниот изборен матријал кој се однесува на
спорните уверенија нашол дека истите се законити, а со што не се согласува овој
суд. Самото сумирање на резултатите се врши врз основа на извештаите на
регионалните изборни комисии, односно Записниците од одржаните избори и врз
основа на тие податоци се избрани делегатите и дека изборот на членовите на
регионалните одбори и делегати за собранието на комората не го врши
Централна изборна комисија. Судот не се впуштил во целосно утврдување на
фактичката состојба, па без да извеши увид во оригинал записници, па дури и во
избирачкиот материјал одлучувал и утврдил дека спроведената постапка била
правилно завршена.
Вишиот управен суд имајќи го во предвид горе наведеното, а поради
сторените суштествени повреди на постапката кои се утврдени од страна на овој
суд, а кои овој суд не може да ги отстрани најде дека е потребно повторно
одлучување од страна на судот.
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
22
Вишиот управен суд при одлучувањето ги ценеше наводите на тужителот
изнесени во жалба кои се однесуваат на сторени суштествени повреди на
постапката, на неправилно и нецелосно утврдена фактичка состојба, како и
неправилна примена на материјалното право.
Овој суд најде дека основано тужителот укажува дека судот воопшто не ги
зел во предвид доказите-записниците од Регионалните изборни комисии на
денот на изборите кои укажуваат постоење на вишок на ливчиња, односно дека
со сигурност не бил утврден бројот на избирачи, дека секој член на Комората
има законско право да може да учествува на изборите да бира и да биде избран
на непосредни, слободни и тајни избори, дека направилно Централната изборна
комисија ги издала уверенијата спротивно на членот 36 став 4 и 5 од
Правилникот за избори и отповикување на членови на регионални одбори,
Собранието, Претседателот на Комората и другите органи на комората, а кои се
однесуваат на избраните делегати: Марјан Пасков – регион Кавадарци, Арбен
Асани- регион Куманово, Горанчо Колевски -регион Куманово, Велко Папакоча –
регион П., Ќенан Ферати -регион Тетово,Акжул Омерагиќ- регион Чаир, Марјан
Денковски -регион Куманово, Зоран Нунев-регион Свети Николе, Борис Стојанов-
регион Штип-Радовиш, Трајан Николов-регион Велес, Константин Гетов- регион
Гевгелија, дека сите активни члнови на Комората можат да ја оспоруваат
правилноста на изборот на одделни делегати од новиот состав на Собранието
согласно Статутот и Правилникот за избори, дека одредени докази иако судот ги
ценел при изведување на доказната постапка не му биле доставени на
тужителот, како и на други повреди на постапката од формираање на
избирачките одбори до завршување на гласањето.
Вишиот управен суд смета дека ваквите наводи се основ за донесување
на оваа одлука со укажување дека предмет на управен спор може да биде еден
управен акт, односно дека предмет на оценка во оваа постапка е дали
оспорената одлука е донесена во постапка како е регулирана со подзаконските
акти, притоа имајќи во предвид како треба да се постапи во ситуација кога не е
решено претходното прашање.
Имајќи го во предвид горе наведеното овој суд најде дека жалбата на
тужителот е основана.
Управниот суд во повторната постапка ќе треба најнапред да утврди кој е
тужител, кој е тужен, а кој е заинтересирано лице во управниот спор, да побара
уредување на тужба, па дури потоа имајќи ги во предвид укажувањата дадени во
оваа пресуда откако правилно и целосно ќе ја утврди фактичката состојба и
правилно ќе го примени процесниот и материјаниот закон да донесе законита
одлука, притоа спазувајќи го начелото на ефикасност.
Што се однесува пак до одлуката за трошоците по постапката овој суд ја
донесе имајќи го во предвид членот 14 став 1, членот 86 став 1 од Законот за
«УЖ-1».бр.«174»/«2024»
23
управните спорови и членот 160 став 3 од Законот за парнична постапка каде е
предвидено дека кога ќе се укине одлуката против која е поднесен правен лек и
предметот ќе се врати на повторно судење, ќе се остави за трошоците на
постапката по повод правниот лек да се одлучи во конечната одлука.
Вишиот управен суд одлучи како во изреката на решението согласно член
80 став 2, 3 и 4 и согласно член 86 став 1 од Законот за управните спорови.
Решено во Виш управен суд на ден «14.07.2025» година под «УЖ-
1».бр.«174»/«2024».
Записничар – судски соработник Претседател на совет – Судија
Ивица Наумоски с.р. Виолета Илиевска с.р.
/ВМ

Статут на здружението на приватни здравствени установи и приватни доктори по дентална медицина

Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина – Кавадарци, има за цел да ја унапреди стручната работа на своите членови и да ги информира за новините во дијагностиката и терапијата. Со активностите за организирање на ефикасна сервисна поддршка и усогласување со законските стандарди, здружението се

Прочитај повеќе »

Пресуда УЖ-1 бр. 34/2024 на Вишиот Управен суд

Во името на граѓаните на Република Северна Македонија, Вишиот управен суд донесе пресуда која ја преиначува одлуката на Управниот суд во случајот на Милан Камчев, тужителот од село Б. Пресудата се однесува на изборот на Претседател на Стоматолошка комора на Македонија, кој е оспорен поради повреди на процедурите и неправилна

Прочитај повеќе »

Одлука У.бр.147/2021 на Уставниот суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија донесе значајна одлука со која се укинуваат критериумите за избор на спроведувачи на континуирано стручно усовршување. Оваа одлука, која произлегува од иницијатива на Здружението на приватни стоматолошки установи, предизвика значајни промени во областа на стоматолошкото образование и усовршување. Судот утврди дека Комисијата за стручни

Прочитај повеќе »

Решение У.бр.147/2021 на Уставниот суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија донесе значајно решение во врска со законитоста на критериумите за избор на спроведувачи на континуирано стручно усовршување. Ова решение, кое се однесува на одлуките на Комисијата за стручни стоматолошки прашања, предизвика дебата за правата и обврските на стоматолошките друштва и здруженија. Судот утврди дека

Прочитај повеќе »

Пресуда У-4 262/2023 на Управен суд

Во пресудата У-4 262/2023, Управниот суд на Република Северна Македонија донесе одлука по тужбата на Д.Б. против Одлуката за верификација на мандати на избрани делегати во Собранието на Стоматолошката комора. Судот утврди дека тужбата е неоснована, а тужителот не успеа да докаже неправилности во изборниот процес. Оваа пресуда отвара важни

Прочитај повеќе »

Пресуда У-4 306/2025 на Управен суд

Во името на граѓаните на Република Северна Македонија, Управниот суд донесе пресуда која ја уважува тужбата на Д.Б. од П. и ја поништува одлуката за верификација на мандати на избрани делегати во Собрание на Комората. Оваа одлука, која предизвика значителен интерес, укажува на неправилности во изборниот процес и обврзува тужениот

Прочитај повеќе »