Симпозиум со меѓународно учество во Прилеп 16.05.2026

Тема : Црвено-Бела естетика во Стоматологијата
Присуството на настанот е задолжително!
Датум на одржување : 16 мај, 2026
Локација : хотел Кристал Палас
Место на одржување : Прилеп
Облик : Симпозиум со меѓународно учество
Бодови за пасивно учество : 8
Бодови за активно учество : 12
Цена за котизација : 1600 ден.

ПРЕДАВАЧИ

УНИВЕРЗИТЕТ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ КАТЕДРА ЗА СТОМАТОЛОШКА ПРОТЕТИКА
Проф. Д-р.
Весна
Јуруковска Шотаровска
Град: Скопје
Држава: Македонија

Кратка биографија

Виш Научен соработник д-р Весна Јуруковска Шотаровска - Стоматолошки факултет-УКИМ, Скопје, родена на 29.11.1976 година, во Скопје.  Дипломирала на Стоматолошкиот факултет – УКИМ во Скопје во 2002 година. Во 2014 година го одбранила магистерскиот труд, а на 14.2.2018 година ја одбранила докторската дисертација и со тоа се стекна со научниот степен доктор на стоматолошки науки, од научната област стоматолошка протетика. Автор е на стручни монографии -,,Ефектoт од употребата на различни видови цементи и надградбени системи врз ендондонски третирани заби” и  ,,Компаративна анализа на механичките особини на различни видови колчиња”. Коавтор е на рецензирани учебници од областа на стоматолшката протетика. Ментор е и едукатор на  специјализанти по стоматолошка протетика и обавува други активности кои припаѓаат во наставно-образовната дејност на Стоматолошкиот факултет – УКИМ во Скопје. Има објавено голем број научни трудови од областа стоматолошка протетика, од кои дел се научни трудови  во научни списанија со импакт-фактор. Активно учествува на повеќе афирмирани семинари, симпозиуми, работилници и конгреси од областа на стоматолошките науки.

ТЕМА :

Современа естетика во стоматологијата со безметалнa керамика

Безметалните керамички материјали се популарани стоматолошки материјали кои се користат во секојдневната стoматолошка  работа за изработка на фиксно протетички реставрации. Eстетската рехабилитација со безметална керамика во стоматологијата е фокусирано на реставрирање на забите со цел да се добие природен изглед, биокомпатибилност и да се зачува оралното здарвје кај пациентите. Често поставување прашање е: Kој материјал ќе го употребиме во фронталната регија, а кој во бочната регија? Монолитната цирконија има голема цврстина и трајност и најчесто се употребува во бочната регија споредбено со фасетираната цирконија која има помала цврстина. Литиум дисикатната керамика е стакло керамички материјал со голетма транслуценција, еластичност и е сличен на природните заби и се повеќе го завзема приматот во естетската стоматологија. Безметалните керамички материјали  даваат одлични резултати кај пациентите и се добри во изработката на фиксно протетички реставрации. Монолитната цирконија, фасетиранта цирконија и литиум дисиликатот имаат посебни бенефити, нашиот избор кој материјал ќе го употребиме зависи од посебните потреби на пациентот.

СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ – ЗАГРЕБ КАТЕДРА ЗА ПАРОДОНТОЛОГИЈА
Доц. Д-р.
сци. Лариса
Мусиќ
Град: Загреб
Држава: Хрватска

Кратка биографија

Доцент д-р сци. Лариса Мусиќ, специјалист по пародонтологија

Лариса Мусиќ дипломирала на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот во Загреб, каде што ја насочила својата клиничка и научна кариера во областа на пародонтологијата. Специјализацијата по пародонтологија ја завршила во Клиничкиот болнички центар Загреб, по што стекнала и докторска титула од истата област, со истражување насочено кон орални пробиотици и лекување на халитоза. Дополнително, дипломирала и на постдипломски универзитетски специјалистички студии по дентална имплантологија и дентална медицина.

Од 2015 година е вработена на Катедрата за пародонтологија при Стоматолошкиот факултет на Универзитетот во Загреб, најпрво како асистент, потоа како виш асистент од 2021 година, а од 2024 година како доцент. Активно учествува во наставните, клиничките и истражувачките активности на катедрата. Предава на интегрираните додипломски и дипломски студии по дентална медицина на хрватски и англиски јазик, како и на постдипломските специјалистички студии по дентална имплантологија, ресторативна дентална медицина и ендодонција и дентална протетика. Исто така учествува и во програмите за континуирана едукација на факултетот.

Нејзините научни интереси се насочени кон дополнителни терапии во нехируршкото лекување на пародонтитис и кон халитоза, а како главен клинички терапевт – истражувач учествувала во повеќе рандомизирани контролирани студии спроведени во еден или повеќе истражувачки центри.

Активна е членка на стручни здруженија: ја извршува функцијата секретар на Хрватското пародонтолошко друштво (HPD) и е член на Управниот одбор на Хрватското друштво за естетска дентална медицина (HDEDM).

ТЕМА :

Компромитирана розева естетика

Компромитирана розева естетика
доц. д-р сци. Лариса Мусиќ, специјалист по пародонтологија

Естетскиот успех во современата стоматологија повеќе не се разгледува исклучиво низ призмата на „белото“. Денес повеќето клиничари се свесни дека без здраво и стабилно меко ткиво нема долгорочно одржлива естетика. Сепак, во секојдневната практика често недостигаат конкретни алатки, знаења и сигурност при процена и управување со терапијата на розевата компонента, особено во интердисциплинарни случаи.

Предавањето е насочено кон пародонтологијата како клучна подготвителна фаза за постигнување естетски и биолошки прифатливи резултати. Преку приказ на терапија на воспалителни заболувања на пародонтот и хируршки интервенции пред протетска, имплантопротетска и ортодонтска терапија, ќе бидат анализирани најчестите грешки во планирањето и изведбата кои доведуваат до естетски компромиси.

Посебен акцент се става на современиот парадокс на клиничката естетика: резултатите од терапијата често се прикажуваат преку фотографии на социјалните мрежи кои го истакнуваат совршенството на „белото“, додека „розевото“, фенотипот, стабилноста на меките ткива и биолошките услови често не се прикажуваат и не се оценуваат. Токму во таа невидлива зона се крие разликата помеѓу привремен впечаток и долгорочен успех.

Преку клинички примери, предавањето ќе претстави модел на одлучување: како правилно да се дијагностицира пациентот, да се препознае пародонталниот фенотип како ризик-фактор, да се испланира терапија базирана на биолошки принципи и да се обезбеди долгорочна стабилност преку систематско следење и одржување.

Целта на предавањето е да ги охрабри докторите по дентална медицина да не го гледаат пародонтот како компликација, туку како основа на терапијата, бидејќи вистинската естетика се заокружува таму каде што фотографиите најчесто завршуваат – во розевото.

УНИВЕРЗИТЕТ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ КАТЕДРА ЗА СТОМАТОЛОШКА ПРОТЕТИКА
Проф. Д-р.
Наташа
Ставрева
Град: Скопје
Држава: Македонија

Кратка биографија

Проф. д-р Наташа Ставрева работи на Клиниката за стоматолошка протетика при Универзитетскиот клинички центар “Св. Пантелејмон“ – Скопје од 2007. Специјалистички студии по стоматолошка протетика завршува во 2011 година, магистрирала во 2012, а со звање доктор по стоматолошки науки-протетика се стекнува во 2015 година со одбрана на докторската дисертација на тема “Процена на механичката отпорност на безметалните коронки во однос на видот на препарација на забот во корелација со Ferrule effect“.

Избрана е за асистент на Катедрата за стоматолошка протетика при Стоматолошкиот факултет – Скопје во 2010, потоа во научен и виш научен соработни, во 2022 година за вонреден професор, додека во февруари 2026 година избрана е во наставно-научно звање редовен професор на Катедрата за стоматолошка протетика на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Член е на повеќе стручни комисии на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Област на истражување: целосно-керамички конструкции, видови препарации за фиксно-протетски конструкции, циркониум-диоксидна керамика, минимално инвазивни препарации, геронтостоматологија.

Активно учествувала на домашни, европски и светски конгреси, симпозиуми. Како поканет предавач учествувала на повеќе меѓународни домашни и странски конгреси и симпозиуми меѓу кои: 26th BaSS Congress во национален ден, 12th International conference on medical sciences(Tirana, Albania), 13th International Congress of dentists of Vojvodina (Novi Sad, Srbija), 10-ти Конгрес на Македонско стоматолошко друштво (Охрид, Македонија)

Има објавено преку 100 трудови во домашни и меѓународни научни/стручни списанија, со меѓународни уредувачки одбори и со импакт фактор. Има остварено студиски престој на универзитетот Humboldt University of Berlin (Р. Германија).

Aвтор е на 4 стручни монографии и коавтор на 4 книги од стручната област (учебници), а има учествувано и во 3 домашни и 1 меѓународен научен проект.

Член е на уредувачкиот одбор на меѓународните стручни научни списанија Македонски стоматолошки преглед и Research in Physical Education, Sport and Health и рецензент на неколку меѓународни списанија.

Активен член на Стоматолошката комора на Македонија.

ТЕМА :

Современи естетски фиксно-протетски реставрации - максимална заштеда на забно ткиво

Современата и модерна стоматолошка протетика се повеќе цели кон естетски реставрации со поголемо зачувување на забното ткиво. Всушност, главната цел е да се зачува тврдата забна супстанца, да се намали инвазивноста на препарацијата за време на фиксно-протетската терапија. Напредокот на атхезивните системи, користењето на современите материјали каде што се постигнува јака хемиска врска меѓу забното ткиво и надоместокот овозможуваат развој на минимално инвазивен пристап, користење на естетски материјали и максимална заштеда на цврстата забна супстанца. Клиничките испитувања покажале дека при класичната препарација иреверзибилно се отстранува околу 70% од тврдата забна супстанца на клиничката коронка, додека со воведување на минимално инвазивни техники на препарација се зачувува повеќе од 45% од тврдата забна супстанца, споредено со класичната метода.

Освен зачувување на забната супстанца, минимално инвазивната протетика има значаен импакт врз пародонталното здравје, заштита на маргиналната гингива, минимална траума на пародонталниот припој, како и редукција на инфламаторните процеси.

Во групата на минимално инвазивни протетски реставрации се вбројуваат вестибуларни фасети, инлеи, онлеи, оверлеи, ендокоронки и атхезивни мостови.

Атхезивните мостови се естетско функционално решение кај млади пациенти, кај кои поставата на импланти и изработката на целосна мостова конструкција се контраиндицирани, додека пак кај возрасни пациенти, овозможуваат соодветна замена за еден изгубен заб.

Задачата на современата стоматологија е постигнување на високо естетски резултати, максимална заштеда на забна супстанца и исполнување на функционалните барања на пациентот, а сето тоа синхронизирано со црвено-белата естетика.

Целта на ова предавање е да се прикажат можностите на естетските фиксно протетски реставрации изработени со максимална заштеда на забното ткиво.

СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ – БЕЛГРАД КАТЕДРА ЗА пародонтологија и орална медицина
Доц. Д-р.
сци.Стефан
Средојевиќ
Град: Белград
Држава: Србија

Кратка биографија

Д-р Стефан Средојевиќ е роден во Белград на 20.11.1991 година. Основното образование и средното „Заботехничко училиште“ во Белград, насока забен техничар, ги завршил како носител на дипломата „Вук Караџиќ“. Стоматолошкиот факултет во Белград го запишал во учебната 2010/11 година, а дипломирал во 2016 година како студент на генерацијата со просечна оценка 10.0 (десет и 00/100).

За време на студиите се занимавал со научно-истражувачка работа, како автор на три студентски труда од областа на оралната хирургија, детската стоматологија и стоматолошката протетика. Во текот на студирањето повеќепати бил наградуван: пет пати со годишна награда за најдобар успех на факултетот; награда за најдобар научно-истражувачки труд на 57. Конгрес на биомедицински науки; награда „Задужбина Драгољуб Маринковиќ“, награда „Доситеј Обрадовиќ“, како и наградата „Colgate Palmolive Adria“ во 2015 година.

Обврзниот лекарски стаж го завршил на клиниките при Стоматолошкиот факултет во Белград и во 2017 година го положил стручниот испит. Докторските академски студии ги запишал во 2017 година на Стоматолошкиот факултет во Белград, на модулот „Базични и клинички истражувања во стоматологијата“, и ги положил сите предвидени испити.

Во април 2018 година започнал работен однос на Клиниката за пародонтологија и орална медицина при Стоматолошкиот факултет во Белград, како соработник во високото образование. Од 2018 година активно учествува во практичната настава по предметите: Основи на пародонтологија, Клиничка пародонтологија и Орална медицина.

Во учебната 2018 година ги запишал специјалистичките студии по пародонтологија и орална медицина на истата клиника, а специјалистичкиот испит го положил во 2021 година со одличен успех.

Докторската дисертација со наслов „Испитување на ефектите од каузалната терапија на пародонтитис кај пациенти со системска склероза“ ја одбранил во март 2025 година.

Завршил сертифициран напреден курс по имплантологија во рамките на ITI Education Week програмата во Имплантолошко-истражувачкиот центар на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот во Белград.

Член е на COST акцијата CA21122 PROGRAMMING (PROmoting GeRiAtric Medicine IN countries where it is still eMerGing) за Србија.

ТЕМА :

Розева естетика во современата стоматологија

Здравјето и хармонијата на гингивата имаат клучна улога во целокупната насмевка. Овој труд ги разгледува терапевтските опции за корекција на гингивални рецесии и „gummy smile“, со посебен осврт на фенотипските карактеристики на ткивата, индикациите и предностите на различните хируршки и минимално инвазивни пристапи.

Се анализираат основните естетски параметри на гингивата – симетрија, контура, зенит и интердентален папиларен простор – како и нивната улога во создавање природна и балансирана насмевка. Посебно внимание се посветува на планирањето на терапијата во согласност со индивидуалните анатомски и психолошки фактори на пациентот, со интеграција на дигитална анализа на насмевката и мултидисциплинарен пристап.

Целта е да се истакне важноста на „розевата естетика“ како рамноправен аспект на естетската рехабилитација и да се демонстрираат современи терапевтски решенија кои овозможуваат стабилни и предвидливи резултати.

Клучни зборови: розева естетика, гингивална рецесија, gummy smile, естетски параметри